Богослужба на денот Сабат
Сабат е ден издвоен за чест на Господ. Вашиот став и однесување на овој ден му ги покажуваат на Бог вашите чувства кон Него. Ќе уживате во Господ доколку го направите Сабат различен ден од останатите денови во неделата во вашиот дом. Учествувајте во активности што ги зајакнуваат семејните врски, како што е меѓусебно учење за евангелието и дознавање повеќе за вашите предци. Црковните магазини и веб страници како ChucrhofJesusChrist.org имаат многу ресурси што можат да ви помогнат да му се поклонувате на Господ во вашиот дом на Неговиот ден. Одморете се од вашите редовни секојдневни активности и настојувајте да им бидете во служба на оние кои не се чувствуваат добро или пак се осамени или имаат некаква потреба. Став на восхитување и побожност во вашите домови на Сабат покажува љубов и почитување за Бог.
Ќе го почестите Сабат со вашето присуство на црковните служби секоја недела. Најважниот дел од црквата е сакраментот. За време на средбата за сакрамент леб и вода се благословуваат и се додаваат на конгрегацијата како потсетник на Помирувањето на Исус Христос. Лебот го претставува Неговото тело, а водата ја претставува Неговата крв. За време на овој обред ве потсетуваат на заветите што ги направивте со Бог и може повторно да се заветите дека ќе ги одржите. По крштавањето и потврдувањето, сакраментот ви дава шанса да се покаете, да се исчистите од грев, и да го одржите присуството на Светиот Дух. Како што смислено го земате сакраментот секоја недела и внимателно ги слушате сакраменталните молитви, вие подобро ќе го разберете Помирувањето на Исус Христос и вашите завети.
Бог ќе ви зборува преку Светиот Дух додека присуствувате на црковните служби. Став на почит ве подготвува да ги препознаете мислите и чувствата што доаѓаат од Светиот Дух. Некои начини на кои можете да покажете почит за Бог вклучуваат рано пристигнување во црква, мирно седење, и покажување внимание за време на црковните служби. Додека сте фокусирани на слушање на пораките и сведоштвата на другите и на Светиот Дух, вашето знаење и сведоштво ќе се развиваат. Господ ве сака и ќе ве благослови сѐ додека продолжувате со неделното присуство во црквата, дури и кога се мачите или чувствувате дека сте направиле грешки.
Други црковни служби вклучуваат возрасни и млади Нелелно Училиште како и други класови во помали групи. На овие состаноци, црковните членови учат за евангелието заедно, поставуваат прашања, и се поддржуваат меѓусебно. Вие можете да пронајдете одговори на вашите прашања и решенија на вашите предизвици за време на вашето црковно учество секоја недела. Вие исто така ќе пронајдете сила додека се дружите со членовите на Црквата.