Четврти Нефи
Книгата на Нефи
Кој е Синот на Нефи—Еден од Учениците на Исус Христос
Извештај за народот на Нефи, според неговиот запис.
Глава 1
Нефитите и Ламанитите се сите преобратени кај Господ—Тие ги имаат сите заеднички нешта, прават чуда, и напредуваат во земјата—После два века се појавуваат поделби, зла, лажни цркви, и прогонувања—После триста години, и Нефитите и Ламанитите се пакосни—Амарон ги крие светите записи. Околу 35–321 н.е.
1 И се случи да помине триесет и четвртата година, и исто и триесет и петата, и ете учениците на Исус образуваа црква на Христос во сите земји наоколу. И сите што дојдоа при нив, и навистина се покајаа за нивните гревови, беа крстени во името на Исус; и тие исто така го примија Светиот Дух.
2 И се случи во триесет и шестата година, сите луѓе беа преобратени во Господ, врз сето лице на земјата, и Нефити и Ламанити, и немаше ниту препирања ниту спорови помеѓу нив, и секој човек постапуваше праведно еден со друг.
3 И ги имаа сите нешта заеднички помеѓу нив; затоа не беа богати и сиромашни, врзани и слободни, туку сите беа слободни, и учесници во небесниот дар.
4 И се случи да помине триесет и седмата година исто така, и сѐ уште имаше мир во земјата.
5 И имаше големи и зачудувачки дела направени од учениците на Исус, толку што ги исцелуваа болните, и ги креваа мртвите, и направија тромавите да одат, и слепите да го добијат видот, и глувите да слушаат; и правеа секаков вид на чуда помеѓу човечките деца; и не правеа чуда во ништо освен во името на Исус.
6 И така помина триесет и осмата година, и исто триесет и деветтата, и четириесет и првата, и четириесет и втората, да, сѐ додека не поминаа четириесет и девет години, и исто педесет и првата, и педесет и втората; да, и дури поминаа педесет и девет години.
7 И Господ прекумерно ги унапреди во земјата; да, толку што тие повторно изградија градови каде што беа изгорени градови.
8 Да, дури и големиот град Зарахемла направија да биде изграден повторно.
9 Но имаше многу градови кои беа потонати, и се појавуваа води на нивно место; затоа овие градови не можеа да бидат обновени.
10 И сега, ете, се случи народот на Нефи да се зацврсти и се размножуваше премногу брзо, и стана премногу убав и воодушевувачки народ.
11 И беа венчани, и дадени во брак, и беа благословени според мноштвото на ветувањата кои Господ им ги даде.
12 И повеќе не чекореа според изведбите и обредите на Мојсиевиот закон; туку чекореа според заповедите кои ги примија од нивниот Господ и нивен Бог, продолжувајќи со пост и молење, и во често сретнување заедно, за да се молат и да го слушаат Господовото слово.
13 И се случи да нема препирање помеѓу сиот народ, во целата земја; туку имаше моќни чуда направени од учениците на Исус.
14 И се случи седумдесет и првата година да помине, и исто седумдесет и втората година, да, и накратко, сѐ додека не помина седумдесет и деветтата година; да дури и сто години поминаа, и учениците на Исус, кои Тој ги одбра, сите заминаа во рајот на Бог, освен тројцата кои требаше да останат; и имаше други ученици одредени на нивно место; и исто многу од тоа поколение починаа.
15 И се случи да нема препирање во земјата, поради Божјата љубов која престојуваше во срцата на луѓето.
16 И немаше завидливости, ниту расправии, ниту метежи, ниту блудства, ниту лаги, ниту убиства, ниту некаков вид на сладострастие; и сигурно не би можел да има посреќен народ помеѓу сите луѓе кои беа созададени од раката на Бог.
17 Немаше крадци, ниту убијци, ниту Ламанити, ниту некаков вид на -ици; туку беа во едно, Христови деца, и наследници на Божјото царство.
18 И колку благословени беа тие! Бидејќи Господ ги благослови во сите нивни дела; да, и дури беа благословени и унапредени сѐ додека не поминаа сто и десет години; и не почина првото поколение од Христос, и немаше препирање во земјата.
19 И се случи Нефи, тој што го зачува овој последен запис, (и тој го зачува врз плочите на Нефи) да умре, и неговиот син Амос го чуваше на негово место; и го зачува врз плочите на Нефи исто.
20 И го чуваше осумдесет и четири години, и сѐ уште имаше мир во земјата, освен мал дел од луѓето кои се побунија против црквата и кои го земаа врз себе името на Ламанити; затоа повторно започна да има Ламанити во земјата.
21 И се случи Амос да умре исто така, (и поминаа сто деведесет и четири години од доаѓањето на Христос) и неговиот син Амос го водеше записот на негово место; и исто така го чуваше врз плочите на Нефи; и исто беше запишано во книгата на Нефи, која е оваа книга.
22 И се случи да поминат двесте години; и сите од второто поколение беа починале освен неколкумина.
23 И сега јас, Мормон, би сакал да знаете дека народот беше се размножувал, толку што беа распространети врз целото лице на земјата, и дека станаа премногу богати, поради нивното напредување во Христос.
24 И сега, во двесте и првата година започнаа да постојат помеѓу нив оние кои беа кренати во гордоста, кои беа облечени во скапа облека, и во секаков вид на скапоцени бисери, и во убавите светски нешта.
25 И оттогаш нивните добра и имоти не беа заеднички помеѓу нив.
26 И започнаа да се поделуваат на класи; и започнаа да градат цркви за себеси да добијат добивка, и започнаа да ја негираат вистинската црква на Христос.
27 И се случи кога беа поминале двесте и десет години постоеја многу цркви во земјата; да, постоеја многу цркви кои тврдеа дека Го познаваат Христос, а сепак ги негираа поголемите делови од Неговото евангелие, толку што дозволија секаков вид на пакости, и го послужуваа тоа што беше свето на оној на кого му беше забрането поради недостојност.
28 И оваа црква се размножуваше прекумерно поради беззаконието, и поради моќта на Сатаната која ги задржа нивните срца.
29 И повторно, имаше уште една црква која го негираше Христос; и ја прогонуваше вистинската црква на Хритос, поради нивната понизност и нивното верување во Христос; и ги презираа поради многуте чуда кои беа направени меѓу нив.
30 Затоа практикуваа моќ и власт врз ученциите на Исус кои останаа со нив, и ги фрлија во затвор; но преку моќта на Божјото слово, која беше во нив, затворите беа распукани на две, и тргнаа правејќи моќни чуда помеѓу нив.
31 Сепак, и без оглед на сите овие чуда, луѓето ги закоравија своите срца, и сакаа да ги убијат, и тоа како што Евреите во Ерусалим сакаа да го убијат Исус, според Неговото слово.
32 И ги фрлија во печката на огнот, и тие излегоа без никаква повреда.
33 И исто така ги фрлија во јамите со дивите ѕверови, и си играа со ѕверовите како дете со јагне; и тие излегоа од нив, без никаква повреда.
34 Сепак, луѓето ги закоравија своите срца, бидејќи беа водени од многу свештеници и лажни пророци да изградат многу цркви, и да прават секаков вид на беззаконие. И го удираа народот на Исус; но народот на Исус не возвраќаше. И така исчезнуваа во неверување и пакост, од година во година, сѐ додека не поминаа двесте и триесет години.
35 И сега се случи во оваа година, да, во двесте трисет и првата година, да има голема поделба меѓу народот.
36 И се случи во оваа година да се појави народ кои се нарекува Нефити; и беа вистински верници во Христос; и помеѓу нив постоеја оние кои беа наречени од Ламанитите—Јаковити, и Јосефити, и Зорамити;
37 Затоа вистинските верници во Христос, и вистинските обожавачи на Христос, (помеѓу кои беа тројцата ученици на Исус кои ќе останат) беа наречени Нефити, и Јаковити, и Јосефити, и Зорамити.
38 И се случи дека оние кои го одбија евангелието беа наречени Ламанити, и Лемуилити, и Исмаилити; и не исчезнуваа во неверување, туку своеволно се побунија против евангелието на Христос; и ги учеа нивните деца да не веруваат, и тоа како и нивните татковци, од почетокот, што изчезнуваа.
39 И беше поради пакоста и одвратностите на нивните татковци, и тоа како што беше на почетокот. И беа поучени да ги мразат Божјите деца, и тоа како што Ламанитите беа поучени да ги мразат децата на Нефи од почетокот.
40 И се случи двесте четириесет и четири години да поминат, и такви беа околностите на народот. И попакосниот дел од народот се зацврстуваше, и стана прекумерно поброен отколку што беше Божјиот народ.
41 И сѐ уште продолжија да си градат цркви за себеси, и да ги украсуваат со секаков вид на скапоцени нешта. И така поминаа двесте и педесет години, и исто двесте и шеесет години.
42 И се случи попакосниот дел од народот повторно започна да воспоставува тајните заклетви и сојузи на Гадиантон.
43 И исто луѓето кои беа наречени народот на Нефи започнаа да се гордеат во своите срца, поради своите прекумерни богатства, и да стануваат суетни како нивните браќа, Ламанитите.
44 И од ова време учениците започнаа да жалат за гревовите на светот.
45 И се случи кога поминаа триста години, и народот на Нефи и Ламанитите станаа прекумерно пакосни едно како другото.
46 И се случи крадците на Гадиантон да се прошират низ целото лице на земјата; и немаше никој што беше праведен освен учениците на Христос. И положуваа злато и сребро во изобилство, и тргуваа со секаква трговија.
47 И се случи откако поминаа триста и пет години, (а народот сѐ уште остана во пакост) Амос умре; и неговиот брат, Амарон, го водеше записот на негово место.
48 И се случи кога беа поминале триста и дваесет години, Амарон, присилен од Светиот Дух, ги скри записите кои беа свети—да, и дури сите свети записи кои беа предавани од поколение на поколение, кои беа свети—дури до триста и дваесеттата година од доаѓањето на Христос.
49 И тој ги скри во Господ, за повторно да дојдат кај остатокот од домот на Јаков, според пророштвата и ветувањата на Господ. И така ова е крајот на записот на Амарон.