Глава 1Лехи пророкува за една земја на слобода—Неговото потомство ќе биде распрснато и удрено ако Го отфрлат Светецот на Израел—Тој ги охрабрува неговите синови да го облечат оклопот на праведноста. Околу 588–570 п.н.е. Глава 2Искупувањето доаѓа преку Светиот Месија—Слободата на избор е суштинска за постоење и напредување—Адам падна за да можат луѓето да постојат—Луѓето се слободни да изберат слобода и вечен живот. Околу 588–570 п.н.е. Глава 3Јосиф во Египет ги виде Нефитите во визија—Тој пророкуваше за Џозеф Смит, јасновидецот од подоцнежните денови; за Мојсеј, кој би го избавил Израел; и за појавувањето на Книгата на Мормон. Околу 588–570 п.н.е. Глава 4Лехи го советува и благословува неговото потомство—Тој умира и е закопан—Нефи ја слави добрината на Бог—Нефи ја става својата верба во Господ засекогаш. Околу 588–570 п.н.е. Глава 5Нефитите се одделуваат од Ламанитите, го одржуваат законот на Мојсеј, и градат храм—Поради нивното неверување, Ламанитите се отсечени од присуството на Господ, проколнати се, и стануваат камшик за Нефитите. Околу 588–559 п.н.е. Глава 6Јаков раскажува еврејска историја: Вавилонско заробеништво и враќање; службата и распнувањето на Светецот на Израел; помошта добиена од Неевреите; и подоцнежното обновување на Евреите кога веруваат во Месијата. Околу 559–545 п.н.е. Глава 7Јаков продолжува да чита од Исаија: Исаија говори месијански—Месијата ќе го има јазикот на учените—Тој ќе им го подложи Неговиот грб на удирачите—Тој нема да биде понижен—Споредете Исаија 50. Околу 559–545 п.н.е. Глава 8Јаков продолжува да чита од Исаија: Во последните денови, Господ ќе го утеши Сион и ќе го собере Израел—Искупените ќе дојдат во Сион среде голема радост—Споредете Исаија 51 и 52:1–2. Околу 559–545 п.н.е. Глава 9Јаков објаснува дека Евреите ќе бидат собрани во сите нивни земји на ветување—Помирувањето го откупува човек од Падот—Телата на мртвите ќе излезат од гробот, и нивните духови од пекол и рај—Тие ќе бидат судени—Помирувањето спасува од смрт, пекол, ѓаволот, и бескрајно мачење—Праведните ќе бидат спасени во царството Божјо—Казни за гревови се поставени—Светецот на Израел е чуварот на портата. Околу 559–545 п.н.е. Глава 10Јаков објаснува дека Евреите ќе го распнат нивниот Бог—Ќе бидат распрснати се додека не започнат да веруваат во Него—Америка ќе биде земја на слободата каде што ниту еден цар нема да владее—Помирете се со Бог и стекнете спасение преку Неговата благодат. Околу 559–545 п.н.е. Глава 11Јаков Го виде Неговиот Искупител—Законот на Мојсеј укажува на Христос и докажува дека Тој ќе дојде. Околу 559–545 п.н.е. Глава 12Исаија го гледа храмот на подоцнежните денови, собирањето на Израел, и милениумското судење и мир—Гордите и пакосните ќе бидат спуштени ниско при Второто Доаѓање—Споредете Исаија 2. Околу 559–545 п.н.е. Глава 13Јуда и Ерусалим ќе бидат казнети за нивната непослушност—Господ го застапува и го суди Неговиот народ—Ќерките на Сион се проколнати и мачени за нивната световност—Споредете Исаија 3. Околу 559–545 п.н.е. Глава 14Сион и неговите ќерки ќе бидат искупени и исчистени на милениумскиот ден—Споредете Исаија 4. Околу 559–545 п.н.е. Глава 15Господовото лозје (Израел) ќе стане опустошено, и Неговиот народ ќе биде распрснат—Тешкотии ќе ги стигнат во нивната отпадничка и распрсната состојба—Господ ќе крене знаме и ќе го собере Израел—Спореди Исаија 5. Околу 559–545 п.н.е. Глава 16Исаија Го гледа Господ—Гревовите на Исаија се простени—Повикан е да пророкува—Пророкува за одбивањето на Христовите учења од Евреите—Еден остаток ќе се врати—Спореди Исаија 6. Околу 559–545 п.н.е. Глава 17Ефрем и Сирија водат војна против Јуда—Христос ќе биде роден од девица—Спореди Исаија 7. Околу 559–545 п.н.е. Глава 18Христос ќе биде како камен за сопнување и карпа на прекршокот—Барајте го Господ, а не волшебниците кои пискаат—Завртете се кон законот и сведоштвото за водство—Спореди Исаија 8. Околу 559–545 п.н.е. Глава 19Исаија говори месијански—Народот во темнината ќе види голема светлина—Ни се роди дете—Тој ќе биде Кнез на Мирот и ќе владее на Давидовиот престол—Спореди Исаија 9. Околу 559–545 п.н.е. Глава 20Уништувањето на Асирија е вид на уништување на пакосните при Второто Доаѓање—Малку луѓе ќе бидат оставени откако Господ ќе дојде повторно—Остатокот од Јаков ќе се врати на тој ден—Спореди Исаија 10. Околу 559–545 п.н.е. Глава 21Стеблото на Јесе (Христос) ќе суди праведно—Божјето знаење ќе ја покрие земјата во Милениумот—Господ ќе крене знаме и ќе го собере Израел—Спореди Исаија 11. Околу 559–545 п.н.е. Глава 22На милениумскиот ден сите луѓе ќе Го слават Господ—Тој ќе живее помеѓу нив—Спореди Исаија 12. Околу 559–545 п.н.е. Глава 23Уништувањето на Вавилон е вид на уништување при Второто Доаѓање—Ќе биде ден на бес и одмазда—Вавилон (светот) ќе падне засекогаш—Споредете Исаија 13. Околу 559–545 п.н.е. Глава 24Израел ќе биде собран и ќе ужива во милениумска почивка—Луцифер беше отфрлен од небесата поради бунт—Израел ќе триумфира против Вавилон (светот)—Спореди Исаија 14. Околу 559–545 п.н.е. Глава 25Нефи се радува на јаснотијата—Пророштвата на Исаија ќе бидат разбрани во последните денови—Евреите ќе се вратат од Вавилон, ќе го распнат Месијата, и ќе бидат распрснати и камшикувани—Ќе бидат обновени кога ќе поверуваат во Месијата—Тој прво ќе дојде шестотини години откако Лехи го напушти Ерусалим—Нефитите го одржуваат законот на Мојсеј и веруваат во Христос, кој е Светецот на Израел. Околу 559–545 п.н.е. Глава 26Христос ќе им служи на Нефитите—Нефи го претскажува уништувањето на неговиот народ—Тие ќе зборуваат од правта—Неевреите ќе изградат лажни цркви и тајни сојузи—Господ им забранува на луѓето да практикуваат поповштини. Околу 559–545 п.н.е. Глава 27Темнина и отпадништво ќе ја покријат земјата во последните денови—Книгата на Мормон ќе се појави—Три сведока ќе сведочат за книгата—Учениот човек ќе каже дека не може да ја чита запечатената книга—Господ ќе направи чудесно дело и чудо—Спореди Исаија 29. Околу 559–545 п.н.е. Глава 28Многу лажни цркви ќе бидат изградени во последните денови—Тие ќе поучуваат лажни, суетни и будалести учења—Отпадништвото ќе изобилува поради лажните учители—Ѓаволот ќе беснее во човечките срца—Тој ќе поучува на лажни учења од секаков вид. Околу 559–545 п.н.е. Глава 29Многу Неевреи ќе ја одбијат Книгата на Мормон—Тие ќе кажат, Не ни треба уште една Библија—Господ говори на многу нации—Тој ќе му суди на светот од книгите кои ќе бидат напишани. Околу 559–545 п.н.е. Глава 30Преобратените Неевреи ќе бидат вброени помеѓу заветениот народ—Многу Ламанити и Евреи ќе поверуваат во словото и ќе станат прекрасни—Израел ќе биде обновен а пакосните уништени. Околу 559–545 п.н.е. Глава 31Нефи кажува зошто Христос беше крстен—Луѓето мора да го следат Христос, да бидат крстени, да го примат Светиот Дух, и да издржат до крај за да бидат спасени—Покајанието и крштавањето се портата до правиот и тесен пат—Вечен живот доаѓа кај оние кои ги одржуваат заповедите после крштавањето. Околу 559–545 п.н.е. Глава 32Ангели говорат преку моќта на Светиот Дух—Луѓето мораат да се молат и да стекнат знаење за самите себеси од Светиот Дух. Околу 559–545 п.н.е. Глава 33Зборовите на Нефи се вистинити—Сведочат за Христос—Оние кои веруваат во Христос ќе веруваат во зборовите на Нефи, кои ќе стојат како сведоштво пред судиската преграда. Околу 559–545 п.н.е.