Глава 14
Сион и неговите ќерки ќе бидат искупени и исчистени на милениумскиот ден—Споредете Исаија 4. Околу 559–545 п.н.е.
1 И на тој ден, седум жени ќе земат еден маж, велејќи: Ќе го јадеме сопствениот леб, и ќе ја носиме својата облека; само дозволи ни да бидеме наречени по твоето име за да го тргнеме нашиот срам.
2 На тој ден Господовата гранка ќе биде убава и величествена; плодот на земјата одлично и привлечно за оние кои се избегани од Израел.
3 И ќе се случи, оние кои се оставени во Сион и остануваат во Ерусалим ќе бидат наречени свети, секој кој е запишан помеѓу живите во Ерусалим—
4 Кога Господ ќе ја испере гнасотијата од ќерките на Сион, и ќе ја исчисти крвта од Ерусалим од средината на оној преку духот на судењето и преку духот на палењето.
5 И Господ ќе создаде врз секое место на живеење на планината Сион, и врз нејзините собири, облак и чад преку ден и сјајот на оган што гори преку ноќ; бидејќи врз сета Сионска слава ќе постои одбрана.
6 И ќе постои шатор за сенка преку ден од топлината, и како место за засолниште, и покривка од бура и дожд.