Свети Писма
2 Нефи 20


Глава 20

Уништувањето на Асирија е вид на уништување на пакосните при Второто Доаѓање—Малку луѓе ќе бидат оставени откако Господ ќе дојде повторно—Остатокот од Јаков ќе се врати на тој ден—Спореди Исаија 10. Околу 559–545 п.н.е.

1 Тешко на оние кои прогласуваат неправедни пресуди, и што предизвикуваат жалост која ја препишуваа;

2 Да ги одбијат загрозените од пресуда, и да го земаат правото на сиромашните од мојот народ, за вдовиците да им бидат плен, и за да ги ограбат сираците!

3 А што ќе правите на денот на посета, и во пустошот кој ќе дојде од далеку? кај кого ќе избегате за помош? и каде ќе ја оставите вашата слава?

4 Без Мене тие ќе се поклонат пред затворениците, и ќе паднат пред убиените. Поради сето ова Неговиот гнев не е тргнат, но Неговата рака сѐ уште е испружена.

5 О, Асириецу, прачката на Мојот гнев, и стапот во нивната рака е нивно негодување.

6 Јас ќе го испратам против една лицемерна нација, и против народот на Мојот бес Јас ќе му дадам задолжение да ја земе печалбата, и да го земе пленот, и да ги гази како кал на улиците.

7 Меѓутоа тој не мислеше така, ниту неговото срце мислеше така; но во неговото срце е да уништи и отсече многу нации.

8 Зашто тој кажа: Зарем моите принцови заедно не се цареви?

9 Зарем не е Кално како Каркемиш? Зарем не е Хамат како Арпад? Зарем не е Самарија како Дамаск?

10 Како што мојата рака го основа царството на идолите, и чии врежани ликови ги надминуваат оние во Ерусалим и Самарија;

11 Нема ли да направам, како што и направив на Самарија и нејзините идоли, така да му направам на Ерусалим и нејзините идоли?

12 Затоа ќе се случи кога Господ ќе ја заврши целата Негова работа на Планината Сион и врз Ерусалим, Јас ќе го казнам плодот на горделивото срце на царот на Асирија, и славата на неговите високи погледи.

13 Зашто тој кажа: Преку силата на мојата рака и мојата мудрост ги направив овие нешта; бидејќи сум разумен; и ги поместив границите на народот, и ги ограбив нивните богатства, и ги соборив жителите како храбар човек;

14 И мојата рака најде како гнездо богатство на народот; и како што еден собира јајца кои се оставени јас така ја собирав целата земја; и ниту еден не го помрдна крилото, ниту ја отвори устата ниту пискаше.

15 Ќе се фали ли секирата против оној кој со неа сече? Ќе се зголеми ли пилата против оној кој работи со неа? Како прачката да мава врз оние кои ја креваат, или како стапот да се крене како да не е од дрво!

16 Затоа Господ, Господ на Војските, ќе испрати помеѓу Неговите угоени, слабост; и под Неговата слава ќе запали да гори како што гори оган.

17 И светлината на Израел ќе биде како оган, и неговиот Светец како пламен, и ќе гори и ќе ги проголта неговите ружи и трње во еден ден;

18 И ќе ја обземе славата на неговата шума, и на неговото плодно поле, и душа и тело; и ќе бидат како што е онесвестен оној што го носи знамето.

19 А остатокот од дрвата на неговата шума ќе бидат малку, за да може дете да ги напише.

20 И ќе се случи на тој ден, остатокот на Израел, и оние кои се избегани од домот на Јаков, нема повеќе да останат со тој што ги удри, туку ќе останат со Господ, Светецот на Израел, со вистината.

21 Остатокот ќе се врати, да, дури и остатокот од Јаков, кај моќниот Бог.

22 Зашто иако Твојот народ Израел е како песокот на морето, сепак остаток од нив ќе се врати; прогласеното уништување ќе се преплави со праведност.

23 Зашто Господ Бог на Војските ќе изврши уништување, и тоа одлучено за целата земја.

24 Затоа, така кажа Господ Бог на Војските: О народе Мој што живееш во Сион, не се плаши од Асирецот; ќе те удира со прачка, и ќе го крене неговиот стап против тебе, според начинот во Египет.

25 Бидејќи уште многу малку, и негодувањето ќе престане, и Мојот гнев за нивно уништување.

26 И Господ на Војските ќе крене камшик врз него како колежот на Мидиан кај карпата Ореб; и како што Неговата прачка беше над морето така Тој ќе го крене според начинот во Египет.

27 И ќе се случи на тој ден неговиот товар да биде тргнат од твоето рамо, и неговиот јарем од твојот врат, и јаремот ќе биде уништен поради помазувањето.

28 Тој ќе дојде во Ајат, ќе помине во Мигрон; во Михмас ќе ги остави неговите кочии.

29 Заминаа преку преминот; преноќија кај Гева; Рамат е исплашен; Гибеа од Саул избега.

30 Крени го гласот, О ќерко на Галим; направи да биде слушнат во Лаис, О сирот Анатот.

31 Мадмена е отстранет; жителите на Гевим се собираат за да бегаат.

32 Уште еден ден па ќе останат во Ноб; ќе мавта со раката против планината на ќерката на Сион, ридот на Ерусалим.

33 Ете, Господ, Господ на Војските ќе ги отсече гранките со ужас; и високите во раст ќе бидат исечени; и надмените ќе бидат понизни.

34 И Тој ќе ги исече густите шуми со железо, и Либан ќе падне од моќниот.