Свети Писма
2 Нефи 7


Глава 7

Јаков продолжува да чита од Исаија: Исаија говори месијански—Месијата ќе го има јазикот на учените—Тој ќе им го подложи Неговиот грб на удирачите—Тој нема да биде понижен—Споредете Исаија 50. Околу 559–545 п.н.е.

1 Да, зашто така вели Господ: Дали Јас те дадов, или Јас те отфрлив засекогаш? Зашто така вели Господ: Каде е извештајот за разводот на вашата мајка? На кого Јас те дадов, односно на кого од Моите заемодавачи Јас те продадов? Да, на кого Јас те продадов? Ете, заради вашите беззаконија се продадовте себеси, и заради вашите престапи вашата мајка е дадена.

2 Затоа, кога Јас дојдов, немаше никој; кога Јас повикав, да, немаше ниту еден да одговори. О доме Израелов, дали е скратена Мојата рака воопшто, да не може да искупува, или Јас немам моќ да избавувам? Ете, со Мојот укор Јас го пресушувам морето, Јас ги претворам реките нивни во дивина и нивните риби да смрдат затоа што водите се пресушени, и тие умираат од жед.

3 Јас ја облекувам небесата со црнило, и Јас ја правам вреќа нивна покривка.

4 Господ Бог ми го дал јазикот на учените, за да знам да ти говорам на време на тебе, О доме Израелов. Кога сте уморни, Тој се буди утро по утро. Тој го буди моето уво да слушам како учените.

5 Господ Бог ми го отвори увото, и не бев бунтовен, ниту отстапив назад.

6 Грбот свој му го вртам на удирачот, и образите свои на оние кои ја кубеа косата. Не го сокрив моето лице од срам и плукање.

7 Зашто Господ Бог ќе ми помогне, затоа нема да бидам понижен. Ете затоа го држам лицето како кремен, и знам дека нема да бидам засрамен.

8 И Господ е близу, и Тој ме оправдува. Кој ќе се препира со мене? Да станеме заедно. Кој е мојот противник? Нека се приближи до мене, и ќе го удрам со силата на својата уста.

9 Зашто Господ Бог ќе ми помогне. И сите тие кои ќе ме осудат, ете, сите тие ќе остарат како облека, и молецот ќе ги изеде.

10 Кој помеѓу вас се плаши од Господ, што се покорува на гласот на Неговиот слуга, кој чекори во темнина и нема светлина?

11 Ете сите вие што палите оган, кои се опколувате наоколу со искри, чекорете во светлината на вашиот оган во искрите кои ги запаливте. Ова ќе го имате од Мојата рака—вие ќе лежите долу во тага.