Глава 13
Јуда и Ерусалим ќе бидат казнети за нивната непослушност—Господ го застапува и го суди Неговиот народ—Ќерките на Сион се проколнати и мачени за нивната световност—Споредете Исаија 3. Околу 559–545 п.н.е.
1 Зашто ете, Господ, Господ на Војските, ги зема од Ерусалим, и од Јуда, секоја поддршка и помош, целата помош со лебот, и целата поддршка со вода—
2 Моќниот човек, и војникот, судијата, и пророкот, и мудрецот, и древниот;
3 Капетанот на педесетина, и почесниот човек, и советникот, и лукавиот мајстор, и елоквентниот оратор.
4 И Јас ќе им дадам деца за да им бидат нивни принцови, и бебиња ќе владеат врз нив.
5 И народот ќе биде угнетен, секој од другиот, и секој од својот сосед; детето ќе се однесува гордо против древниот, а простиот против почесните.
6 Кога човекот ќе го земе братот од куќата на неговиот татко, и ќе каже: Имаш облека, биди наш владетел, и нека ова уништување не доаѓа од твојата рака—
7 На тој ден ќе се заколне, велејќи: нема да бидам исцелител, бидејќи во мојата куќа нема ни леб ни облека; не ме правете владетел на народот.
8 Зашто Ерусалим е уништен, и Јуда е паднат, бидејќи нивните јазици и нивните дела беа против Господ, да ги провоцираат очите на Неговата слава.
9 Изразот на нивното лице сведочи против нив, и објавува дека нивниот грев е дури како Содома, и не можат да го скријат. Тешко на нивните души, бидејќи се наградија со злото!
10 Кажи им на праведните дека е добро за нив; бидејќи тие ќе го јадат плодот на нивните дела.
11 Тешко на пакосните, бидејќи тие ќе загинат; бидејќи наградата на нивните раце ќе биде врз нив!
12 И на Мојот народ, деца се нивните угнетувачи и жени владеат врз нив. О народе Мој, тие кои те водат предизвикуваат да грешиш и го уништуваат правецот на твоите патеки.
13 Господ застана да застапува, и застана да го суди народот.
14 Господ ќе влезе во суд со древните од Неговиот народ и нивните принцови; бидејќи го јадевте лозјето и грабежот од сиромашните во вашите домови.
15 Што мислите? Вие го тепате Мојот народ на парчиња, и ги мелете лицата на сиромашните, кажа Господ Бог на Војските.
16 Згора на тоа, Господ кажа: Бидејќи ќерките на Сион се надмени, и чекорат со испружени вратови и безобразни очи, чекорејќи и провоцирајќи додека одат, и тропајќи со стапалата—
17 Затоа Господ ќе го удри со краста темето на главите на ќерките на Сион, и Господ ќе ги открие нивните тајни делови.
18 На тој ден Господ ќе ја одземе храброста од нивните звучни украси, и мрежичките, и округлите украси како месечината;
19 Ланците и нараквиците, и шаловите;
20 Шеширите, и украсите на нозете, и стегачите, и миризливите стакла, менѓушите;
21 Прстените, и накитот на носот;
22 Свечените облеки, и огрлиците, и привезоците, и шнолите;
23 Очилата, и финото платно, и капуљачите, и превезите.
24 И ќе се случи, наместо сладок мирис да смрди; и наместо појас, исекотина; и наместо добро уредена коса, ќелавост; и наместо корсет, врзување на вреќа; горење наместо убавина.
25 Твоите луѓе ќе паднат од меч а моќните во војната.
26 И нејзините порти ќе оплакуваат и ќе жалат; и таа ќе биде опустошена, и ќе седи на земјата.