Глава 15
Господовото лозје (Израел) ќе стане опустошено, и Неговиот народ ќе биде распрснат—Тешкотии ќе ги стигнат во нивната отпадничка и распрсната состојба—Господ ќе крене знаме и ќе го собере Израел—Спореди Исаија 5. Околу 559–545 п.н.е.
1 И тогаш ќе му пеам на мојот многу возљубен песна за мојот возљубен, во врска со неговото лозје. Мојот многу возљубен има лозје на многу плоден рид.
2 И го загради, и ги тргна камењата од него, и го насади со најдобрата лоза, и изгради кула на средината, и исто така направи преса за цедење; и почека да роди грозје, и роди диво грозје.
3 И сега, О жители на Ерусалим, и луѓе на Јуда, пресудете, Јас ве молам, помеѓу Мене и Моето лозје.
4 Што повеќе можеше да се направи во Моето лозје што Јас не направив? Затоа, кога Јас очекував да роди грозје тоа роди диво грозје.
5 И сега одете; Јас ќе ви кажам што Јас ќе направам со моето лозје—Јас ќе ја тргнам мојата жива ограда, и ќе биде изедено; и Јас ќе му го искршам ѕидот, и ќе биде згазено;
6 И Јас ќе го опустошам; нема да биде кастрено ниту копано; туку ќе никнат диви рози и трње; исто така Јас ќе им заповедам на облаците да не го наводнуваат со дожд.
7 Зашто лозјето на Господ на Војските е Израеловиот дом, а луѓето на Јуда Неговото мило растение; и Тој бараше пресуда, и ете, угнетување; за праведност, но ете, еден плач.
8 Тешко на оние кои се здружуваат куќа со куќа, сѐ додека нема место, за да можат да бидат поставени сами сред земјата!
9 Во моите уши, кажа Господ на Војските, за вистина многу домови ќе бидат опустошени, и големи и убави градови без жители.
10 Да, десет акри лозје ќе донесат еден ват, и семето на хомер ќе даде ефе.
11 Тешко на оние кои стануваат рано наутро, за да бараат жесток пијалок, што продолжуваат до ноќта, и виното ги воспалува!
12 И харфата, и лаутата, и тапанот, и фрулата, и виното се на нивните гозби; но не го сметаат делото Господово, ниту ја земаат во предвид постапката од Неговите раце.
13 Затоа, мојот народ исчезна во заробеништво, бидејќи немаат знаење; и нивните почесни луѓе се изгладнети, и нивното мноштво исушено од жед.
14 Затоа, пеколот се зголемува, и ја отвара неговата уста без мерка; и нивната слава, и нивното мноштво, и нивниот раскош, и тој што се радува, ќе се спушти на тоа.
15 И обичниот човек ќе биде соборен, и моќниот човек ќе биде понизен, и очите на надмените ќе бидат понизни.
16 Но Господ на Војските ќе биде возвишен во пресудата, и Бог кој е свет ќе биде осветен во праведност.
17 Тогаш јагнињата ќе се хранат на свој начин, и опустошените места на угоените ќе ги јадат странци.
18 Тешко на оние кои влечат беззаконие со конци на суетност, и грев како да беше со јаже од кола;
19 Кои говорат: Тој Нека побрза, забрзајте ја Неговата работа, за да ја видиме; и нека советот на Светецот на Израел се приближи и дојде, за да можеме да го знаеме.
20 Тешко на оние кои го нарекуваат злото добро, и доброто зло, кои земаат темнина за светлина, и светлина за темнина, кои земаат горко за слатко, и слатко за горко!
21 Тешко на мудрите во нивните очи и разумните во нивната глетка!
22 Тешко на тие што се моќни да пијат вино, и на силните луѓе што мешаат жестоки пијалоци;
23 Кои ги оправдуваат пакосните за награда, и ја одземаат правдата од праведните!
24 Затоа, како што огнот ја проголтува сламата, и пламенот го обзема плевелот, нивниот корен ќе биде скапан, и нивните цветови ќе летаат како прав; бидејќи тие го отфрлија законот на Господ на Војските, и го презираа словото на Светецот на Израел.
25 Затоа, се запали гневот на Господ против Неговиот народ, и Тој ја испружи Неговата рака против нив, и ги удри; и ридовите трепереа, и нивните трупови беа распарчени на сред улиците. Поради сето ова Неговиот гнев не е тргнат, туку Неговата рака сеуште е испружена.
26 И Тој ќе крене знаме на далечните нации, и ќе им свири од крајот на земјата; и ете, тие ќе дојдат брзо; ниту еден нема да биде изморен ниту ќе се препне помеѓу нив.
27 Никој нема да дреме ниту да спие; ниту појасот од нивните бедра нема да биде олабавен, ниту ременот на нивните чевли нема да биде искинат;
28 Нивните стрели ќе бидат остри, и сите нивни лакови свиткани, и копитата на нивните коњи ќе бидат како кремен, и нивните тркала како виор, нивното рикање како на лав.
29 Ќе рикаат како млади лавови; да, ќе рикаат, и ќе го задржат пленот, и ќе го однесат безбедно, и никој нема да го избави.
30 И на тој ден ќе рикаат против нив како звукот на морето; и ако погледнат на земјата, ете, темнина и тага, и светлината е затемнета на нејзината небеса.