Глава 16
Исаија Го гледа Господ—Гревовите на Исаија се простени—Повикан е да пророкува—Пророкува за одбивањето на Христовите учења од Евреите—Еден остаток ќе се врати—Спореди Исаија 6. Околу 559–545 п.н.е.
1 Во годината кога крал Узија умре, исто така Го видов Господ како седи на престол висок и воздигнат, и Неговата наметка го исполни храмот.
2 Над Него стоеја серафимите; секој имаше по шест крилја; со две го криеја лицето, а со две ги криеја нозете, а со две летаа.
3 И едниот му довикна на другиот, и кажа: Свет, свет, свет, е Господ на Војските; целата земја е исполнета со Неговата слава.
4 И праговите на вратата се поместија од гласот на Тој кој викаше, и домот беше исполнет со чад.
5 Тогаш кажав: Тешко на мене! Зашто сум пропаднат; бидејќи сум човек со нечисти усни; и живеам помеѓу луѓе со нечисти усни; бидејќи моите очи го видоа Кралот, Господ на Војските.
6 Тогаш еден од серафимите леташе кон мене, држејќи жив јаглен во раката, што беше го земал со машата од олтарот;
7 И го положи во мојата уста, и кажа: Еве, ова ги допре твоите усни; и твоето беззаконие е одземено, и твојот грев прочистен.
8 Исто така го слушнав Господовиот глас, велејќи: Кого Јас да испратам, и кој ќе оди за Нас? Тогаш реков: Еве сум; испрати ме мене.
9 И Тој кажа: Оди и кажи му на овој народ—Навистина слушајте, но тие не разбираа; и навистина гледајте, но тие не согледуваа.
10 Угоете го срцето на овој народ, и направете ги нивните уши тешки, и затворете им ги очите—за да не гледаат со своите очи, и да не слушаат со своите уши, и да не разбираат со срцето, и да не бидат преобратени и исцелени.
11 Тогаш реков: Господе, колку долго? И Тој кажа: Додека градовите не се опустошени без жители, и домовите без луѓе, и земјата не стане целосно опустошена;
12 И Господ ги тргна луѓето далеку, бидејќи ќе има големо напуштање сред земјата.
13 Но сепак ќе има една десетина, и тие ќе се вратат, и ќе бидат изедени како липа, и како даб чија срж е во нив кога ќе ги пуштат листовите; за светото семе да биде нивна срж.