Глава 11
Јаков Го виде Неговиот Искупител—Законот на Мојсеј укажува на Христос и докажува дека Тој ќе дојде. Околу 559–545 п.н.е.
1 И сега, Јаков му говореше многу работи на мојот народ во тоа време; сепак само овие нешта направив да бидат напишани, бидејќи нештата кои ги напишав ми беа доволни.
2 И сега јас, Нефи, пишувам повеќе од зборовите на Исаија, бидејќи мојата душа се воодушевува на Неговите зборови. Затоа јас ќе ги применам неговите зборови за мојот народ, и ќе ги испратам на сите мои деца, бидејќи тој навистина го виде мојот Искупител, и тоа како што јас сум го видел Него.
3 И мојот брат, Јаков, исто така го виде Него како што јас го видов Него; затоа, ќе ги испратам нивните зборови на моите деца за да им докажам дека моите зборови се вистинити. Затоа, според зборовите на тројца, Бог кажа, Јас ќе го воспоставам моето слово. Сепак, Бог испраќа повеќе сведоци, и Тој ги докажува сите Негови слова.
4 Ете, мојата душа се воодушевува во докажувањето на мојот народ за вистината за доаѓањето на Христос; бидејќи, за таа цел беше даден законот на Мојсеј; и сите нешта кои беа дадени од Бог од почетокот на светот, на човекот, укажуваат на Него.
5 И исто така мојата душа се воодушевува во Господовите завети кои Тој ги направи со нашите татковци; да, мојата душа се воодушевува на Неговата благодат, и во Неговата правда, и моќ, и милост во големиот и вечен план за избавување од смрт.
6 И мојата душа се воодушевува во докажувањето на мојот народ дека ако не дојде Христос сите луѓе мора да загинат.
7 Бидејќи ако нема Христос нема ни Бог; а ако нема Бог, и ние не сме, бидејќи не можеше да има создавање. Но има Бог, и Тој е Христос, и Тој доаѓа во целината на Неговото сопствено време.
8 И сега пишувам некои од зборовите на Исаија, дека оние од мојот народ кои ќе ги видат овие зборови ќе можат да ги кренат нивните срца и да се радуваат за сите луѓе. Сега овие се зборовите, и можете да ги примените на себе и на сите луѓе.