Глава 22
На милениумскиот ден сите луѓе ќе Го слават Господ—Тој ќе живее помеѓу нив—Спореди Исаија 12. Околу 559–545 п.н.е.
1 И на тој ден ќе кажеш: О Господе, ќе Те славам Тебе; иако Ти беше лут на мене Твојот гнев е тргнат, и Ти ме утеши.
2 Ете, Бог е моето спасение; јас ќе верувам, и нема да се плашам; зашто Господ Јехова е мојата сила и мојата песна; Тој исто така стана моето спасение.
3 Затоа, со радост ќе црпиш вода од бунарите на спасението.
4 И на тој ден ќе кажете: Славете го Господ, повикајте го Неговото име, објавете ги Неговите дела помеѓу народот, спомнете дека Неговото име е возвишено.
5 Пејте му на Господ; бидејќи Тој направи одлични нешта; ова е познато на целата земја.
6 Исплачи се и викни, ти жителу на Сион; бидејќи голем е Светецот на Израел меѓу вас.