Глава 1Пахоран вториот станува главен судија и е убиен од Кишкумен—Пакумени ја пополнува судиската столица—Кориантумир ги води Ламанитските војски, ја зазема Зарахемла, и го убива Пакумени—Морониха ги победува Ламанитите и повторно ја зазема Зарахемла, и Кориантумир е убиен. Околу 52–50 п.н.е. Глава 2Хеламан, синот на Хеламан, станува главен судија—Гадијантон ја води дружината на Кишкумен—Хеламанов слуга го убива Кишкумен, а Гадијантовата дружина бега во пустината. Околу 50–49 п.н.е. Глава 3Многу Нефити се преселуваат во земјата на север—Тие градат куќи од цемент и водат многу записи—Десетини илјади се преобратени и крстени—Божјото слово ги води луѓето до спасение—Нефи, синот на Хеламан, ја пополнува судиската столица. Околу 49–39 п.н.е. Глава 4Нефитските одметници и Ламанитите здружуваат сили и ја освојуваат земјата Зарахемла—Нефитските порази доаѓаат поради нивната пакост—Црквата се намалува, и народот станува слаб како Ламанитите. Околу 38–30 п.н.е. Глава 5Нефи и Лехи се посветуваат на проповедањето—Нивните имиња ги покануваат да ги обликуваат своите животи по своите предци—Христос ги искупува оние кои се покајуваат—Нефи и Лехи прават многу преобратеници и се затворени, и оган ги опкружува—Облак на темнина засенува триста луѓе—Земјата се потресува, и еден глас им заповеда на луѓето да се покајат—Нефи и Лехи разговорат со ангели, и мноштвото е опкружено со оган. Околу 30 п.н.е. Глава 6Праведните Ламанити им проповедаат на пакосните Нефити—Двата народа напредуваат за време на ерата на мирот и изобилството—Луцифер, авторот на гревот, ги поттикнува срцата на пакосните и на Гадијантовите разбојници на убиство и зло—Разбојниците ја преземаат Нефитската влада. Околу 29–23 п.н.е. Глава 7Нефи е одбиен на север и се враќа во Зарахемла—Тој се моли врз неговата кула во градината и потоа го повикува народот да се покае или да загине. Околу 23–21 п.н.е. Глава 8Корумпираните судии сакаат да го наведат народот против Нефи. Авраам, Мојсеј, Зенос, Зенок, Езијас, Исаија, Еремија, Лехи, и Нефи—сите сведочеа за Христос. Преку инспирација Нефи го објавува убиството на главниот судија. Околу 23–21 п.н.е. Глава 9Гласниците го наоѓаат главниот судија мртов на судиската столица—Затворени се а подоцна ослободени—Преку инспирација Нефи го идентификува Сеантум како убиецот—Нефи е прифатен од некои како пророк. Околу 23–21 п.н.е. Глава 10Господ му ја дава на Нефи запечатувачката моќ—Тој е овластен да врзува и да ослободува на земјата и на небото—Тој му заповедува на народот да се покае или ќе загине—Духот го носи од мноштво во мноштво. Околу 21–20 п.н.е. Глава 11Нефи го убедува Господ да ја замени нивната војна со глад—Многу луѓе умираат—Се покајуваат, и Нефи го преколнува Господ за дожд—Нефи и Лехи примаат многу откровенија—Крадците на Гадиантон се сместуваат во земјата. Околу 20–6 п.н.е. Глава 12Луѓето се нестабилни и будалести и брзи да направат зло—Господ го укорува Неговиот народ—Човечката ништожност е споредена со Божјата моќ—На судниот ден, луѓето ќе добијат вечен живот или вечно проклетство. Околу 6 п.н.е. Глава 13Самуел Ламанитот го пророкува уништувањето на Нефитите освен ако не се покајат—Тие и нивните богатства се проколнати—Ги одбиваат и каменуваат пророците, опкружени се со демони, и бараат среќа правејќи беззаконие. Околу 6 п.н.е. Глава 14Самуел предвидува светлина за време на ноќта и нова ѕвезда на Христовото раѓање—Христос ги искупува луѓето од временската и духовната смрт—Знаците на Неговата смрт вклучуваат три дена темнина, раздвојување на карпите, и големи природни пресврти. Околу 6 п.н.е. Глава 15Господ ги укори Нефитите бидејќи Тој ги љубеше—Преобратените Ламанити се цврсти и постојани во верата—Господ ќе биде милостив кон Ламанитите во последните денови. Околу 6 п.н.е. Глава 16Нефитите кои му веруваат на Самуел се крстени од Нефи—Самуел не може да биде убиен со стрелите и камењата на непокајничките Нефити—Некои ги закоравуваат нивните срца, а други гледаат ангели—Неверниците велат дека не е разумно да веруваат во Христос и Неговото доаѓање во Ерусалим. Околу 6–1 п.н.е.