Свети Писма
Алма 63


Глава 63

Шиблон и подоцно Хеламан ги земаат светите записи—Многу Нефити патуваат во земјата на север—Хагот гради бродови, кои пловат напред кон западното море—Морониха ги поразува Ламанитите во борба. Околу 56–52 п.н.е.

1 И се случи на почетокот на триесет и шестата година од владеењето на судиите врз Нефитскиот народ, Шиблон да ги земе тие свети нешта кои им беа доставени на Хеламан од Алма.

2 И тој беше праведен човек, и чекореше исправено пред Бог; и настојуваше постојано да прави добро, да ги одржува заповедите на Господ неговиот Бог; и исто така правеше неговиот брат.

3 И се случи исто така Морони да умре. И така заврши триесет и шестата година од владеењето на судиите.

4 И се случи во триесет и седмата година од владеењето на судиите, постоеше голема група на мажи, и тоа на број од пет илјади и четиристотини мажи, со нивните жени и деца, заминаа од земјата Зарахемла во земјата која беше на север.

5 И се случи Хагот, бидејќи беше премногу љубопитен човек, затоа истапи и изгради за себе премногу голем брод, на границите на земјата Изобилство, покрај земјата Пустош, и го пушти напред кон западното море, по тесната клисура која водеше во земјата на север.

6 И ете, постоеја многу од Нефитите кои влегоа таму и пловеа со многу залихи, и исто со многу жени и деца; и тргнаа во правец на север. И така заврши триесет и седмата година.

7 И во триесет и осмата година, овој човек изгради други бродови. И првиот брод исто се врати, и уште многу луѓе влегоа во него; и тие исто така земаа многу залихи, и повторно испловија кон земјата на север.

8 И се случи никогаш повеќе да не се слушне за нив. И ние претпоставуваме дека беа удавени на длабочините на морето. И се случи уште еден друг брод да исплови; а каде отиде не знаеме.

9 И се случи во оваа година да има многу луѓе кои отидоа во земјата на север. И така заврши триесет и осмата година.

10 И се случи во триесет и деветтата година од владеењето на судиите, Шиблон исто така умре, а Кориантон замина на север со брод, да однесе залихи на народот кој замина во таа земја.

11 Затоа беше целисходно за Шиблон да ги додели тие свети нешта, пред неговата смрт, на синот на Хеламан, кој беше наречен Хеламан, наречен според името на татко му.

12 Сега ете, сите тие гравури кои беа во посед на Хеламан беа напишани и испратени помеѓу човечките деца низ целата земја, освен оние делови кои Алма заповеда да не бидат откриени.

13 Сепак, овие нешта требаше да бидат зачувани свети, и доделени од едно поколение на друго; затоа, во оваа година, му беа предадени на Хеламан, пред смртта на Шиблон.

14 И се случи исто така во оваа година да постојат некои одметници кои беа заминале кај Ламанитите; и тие повторно беа наведени на гнев против Нефитите.

15 И исто така во оваа иста година се симнаа со бројна војска да војуваат против народот на Морониха, односно против војската на Морониха, при што беа претепани и повторно протерани во нивните земји, претрпувајќи голема загуба.

16 И така заврши триесет и деветтата година од владеењето на судиите врз Нефитскиот народ.

17 И така заврши извештајот на Алма, и Хеламан неговиот син, и исто така Шиблон, кој беше негов син.