Глава 3
Амликитите се обележуваа себеси според пророкувачкото слово—Ламанитите беа проколнати поради нивниот бунт—Луѓето самите си ги навлекуваат сопствените клетви—Нефитите поразуваат уште една Ламанитска војска. Околу 87–86 п.н.е.
1 И се случи Нефитите кои не беа убиени од воените оружја, откако ги закопаа оние кои беа убиени—еве бројот на мртвите не беше избројан, поради големината на нивната бројка—откако беа завршиле со погребување на нивните мртви сите се вратија во нивните земји, и во нивните куќи, и кај нивните жени, и кај нивните деца.
2 Сега многу жени и деца беа убиени со меч, и исто така многу од нивните стада и крда; и исто така многу од нивните житни полиња беа уништени, бидејќи тие беа прегазени од многу војници.
3 И сега онолку Ламанити и Амликити колку што беа убиени на брегот на реката Сидон, толку беа фрлени во водите на Сидон; и ете нивните коски се на дното на морето, и тие се многу.
4 И Амликитите се разликуваа од Нефитите, бидејќи тие беа се обележувале со црвено на нивните чела по начинот на Ламанитите; сепак не ги бричеа своите глави како Ламанитите.
5 Сега главите на Ламанитите беа избричени; и тие беа голи, освен кожата што беше завиткана околу нивните слабини, и исто така нивниот оклоп, кој беше на нив, и нивните лакови, и нивните стрели, и нивните камења, и нивните прачки, и така натаму.
6 И кожите на Ламанитите беа темни, според обележјето кое беше ставено од нивните татковци, кое беше клетва за нив поради нивните престапи и нивниот бунт против нивните браќа, кои се состоеа од Нефи, Јаков, и Џозев, и Сем, кои беа праведни и свети мажи.
7 А нивните браќа настојуваа да ги уништат, затоа беа проколнати; и Господ Бог им стави на нив обележје, да, врз Ламан и Лемуил, и исто така врз синовите на Исмаил, и на Исмаиловите жени.
8 И ова беше направено за нивното потомство да може да се разликува од потомството на нивните браќа, да може Господ Бог да го зачува Неговиот народ, за да не можат да измешаат и веруваат во погрешни традиции кои би довеле до нивното уништување.
9 И се случи кој и да го помешаше своето потомство со Ламанитското исто така навлекуваше клетва врз своето потомство.
10 Затоа, кој и да дозволеше да биде заведен од Ламанитите беше нарекуван со истото име, и на него беше ставено обележје.
11 И се случи кој и да не веруваше во традицијата на Ламанитите, туку веруваше во тие записи кои беа донесени од земјата на Ерусалим, и исто така во традицијата на нивните татковци, кои беа исправни, кои веруваа во заповедите на Бог и ги одржуваа, беа нарекувани Нефити, или народот на Нефи, од тогаш натаму—
12 И тоа се тие кои ги зачуваа записите од нивниот народ кои се вистинити, и исто така од народ на Ламанитите.
13 Сега повторно ќе се вратиме кај Амликитите, бидејќи и тие исто така имаа обележја ставено на себе; да, тие си го ставија обележјето самите себеси, да, и тоа црвено обележје на своите чела.
14 Така се исполни словото Божјо, бидејќи ова се зборовите кои Тој му ги кажа на Нефи: Ете, Јас ги проколнав Ламанитите, и Јас ќе им ставам обележје за да можат тие и нивното потомство да бидат одделени од тебе и твоето потомство, од сега натаму и засекогаш, освен ако не се покајат од нивната пакост и се завртат кон Мене за Јас да можам да им се смилувам.
15 И повторно: Јас ќе ставам обележје на тој што го помеша неговото потомство со твоите браќа, па и тие да бидат проклети.
16 И повторно: Јас ќе ставам обележје на тој што се бори против тебе и твоето потомство.
17 И повторно, Јас велам дека оној кој си заминува од тебе повеќе нема да биде наречен твое потомство; и Јас ќе те благословам, и секој кој ќе се вика твое потомство, од сега па натаму и засекогаш; и ова беа ветувањата на Господ за Нефи и за неговото потомство.
18 Сега Амликитите не знаеја дека ги исполнуваат Божјите зборови кога започнаа да ги обележуваат своите чела; сепак тие отворено се побунија против Бог; затоа беше потребно клетвата да падне врз нив.
19 Сега би сакал да видите дека тие самите си ја донесоа клетвата; и така секој човек кој е проколнат самиот си ја навлекува својата осуда.
20 Сега се случи така што не многу дена од битката која се водеше во Зарахелма, од Ламанитите и Амликитите, друга војска на Ламанитите наиде на Нефитскиот народ, на истото место каде првата војска ги сретна Амликитите.
21 И се случи војската да беше испратена за да ги истера од нивната земја.
22 Сега Алма бидејќи самиот беше ранет овој пат не тргна во битка со Ламанитите;
23 Но испрати бројна војска против нив; и тие тргнаа горе и убија многу од Ламанитите, и го истераа остатокот од нив надвор од границите на нивната земја.
24 И тогаш тие се вратија и започнаа да воспоставуваат мир во земјата, и за некое време нивните непријатели не ги вознемируваа.
25 Сега сето тоа беше направено, да, сите овие војни и препирања започнаа и завршија во петата година од владеењето на судиите.
26 И во една година илјадници и десетици илјади души беа испратени во вечниот свет, за да можат да ги жнеат своите награди според своите дела, било да се добри или било да се лоши, да жнеат вечна среќа или вечна мизерија, според духот кој одбраа да го слушаат, без разлика дали е добар дух или лош.
27 Зашто секој човек прима плата од оној кој одбира да го слуша, и тоа според зборовите на духот на пророштвото; затоа нека биде според вистината. И така заврши петтата година од владеењето на судиите.