Глава 19
Ламони ја прима светлината на вечниот живот и го гледа Искупителот—Неговото домаќинство паѓа во занос, и многумина гледаат ангели—Амон зачудувачки е заштитен—Тој крштава многу и воспоставува црква помеѓу нив. Околу 90 п.н.е.
1 И се случи после два дена и две ноќи тие беа спремни да го земат неговото тело и да го положат во гробницата, која ја беа направиле со цел за погребување на нивните мртви.
2 Сега, царицата слушна за славата на Амон, затоа таа испрати и посакуваше тој да дојде кај неа.
3 И се случи Амон да направи како што му беше заповедано, и отиде кај царицата, и сакаше да знае што би сакала таа тој да направи.
4 И таа му кажа: Слугите на мојот маж ми открија дека ти си пророк на еден свет Бог, и дека имаш моќ да направиш многу моќни дела во Неговото име;
5 Затоа, ако ова е случајот, јас би сакала да одиш и да го видиш маж ми, бидејќи тој лежи на креветот два дена и две ноќи; и некои велат дека не е мртов, но други велат дека е мртов и дека смрди, и дека треба да биде ставен во гробница; но за мене, тој не смрди.
6 Сега, ова беше тоа што Амон го сакаше, бидејќи знаеше дека царот Ламони беше под Божјата моќ; знаеше дека црниот превез на неверувањето беше отстранет од неговиот ум, и дека светлината која му го просветлува умот, што беше светлината на славата на Бог, која беше зачудувачка светлина на Неговата добрина—да, оваа светлина беше влеала толкава радост во неговата душа, што облакот на темнината беше растеран, и светлината на вечниот живот беше запалена во неговата душа, да, знаеше дека ова беше ја надминало неговата природна рамка, и беше одведен кај Бог—
7 Затоа, тоа што царицата го посакуваше од него беше неговата единствена желба. Затоа, тој отиде да го види царот како што сакаше царицата; и го виде царот, и знаеше дека не е мртов.
8 И тој кажа на царицата: Тој не е мртов, туку спие во Бог, и утре повторно ќе стане; затоа не закопувајте го.
9 И Амон кажа: Дали веруваш во ова? И таа му кажа: Немав сведоци освен твоите зборови, и зборовите на нашите слуги; сепак мислам дека ќе биде како што ти кажа.
10 И Амон ѝ кажа: Благословена си ти поради твојата огромна вера; ти велам, жено, не постоела толку голема вера помеѓу целиот Нефитски народ.
11 И се случи таа да бдееше над креветот на нејзиниот маж, од тогаш дури до изутрина кога Амон одреди дека ќе стане.
12 И се случи тој да стане, според зборовите на Амон; и како што стана, тој ја испружи раката кон жената, и кажа: Нека биде благословено Божјото име, и благословена си ти.
13 Зашто сигурно како што ти живееш, ете, го видов мојот Искупител; и Тој ќе излезе, и ќе биде роден од жена, и Тој ќе го искупи целото човештво што верува во Неговото име. Сега, кога Тој беше ги кажал овие зборови, неговото срце се рашири во него, и повторно потона со радост; и царицата исто така потона, совладана од Духот.
14 Сега Амон гледајќи го духот на Господ според неговите молитви излиен врз Ламанитите, неговите браќа, кои беа причината за толку оплакување помеѓу Нефитите, и помеѓу сите Божји народи поради нивните беззаконија и нивните традиции, тој падна на колената, и започна да ја излива неговата душа со молитва и благодарност до Бог за тоа што Тој беше го сторил за неговите браќа; и тој исто така беше совладан од радост; и така сите тројца беа потонале во земјата.
15 Сега, кога царските слуги беа виделе дека тие беа паднале, тие исто така започнаа да го довикуваат Бог, бидејќи стравот од Господ исто така беше ги стигнал, бидејќи тие беа тие кои стоеја пред царот и сведочеа на него за големата моќ на Амон.
16 И се случи тие да го повикаат името Господово, со нивната моќ, сѐ додека сите не беа паднале на земјата, освен една од Ламанитските жени, чие име беше Абиш, таа беше преобратена во Господ многу години, на сметка на впечатлива визија на татко и—
17 Така, преобратена во Господ и никогаш не откривајќи го тоа, затоа, кога виде дека сите слуги на Ламони беа паднале на земјата, и исто и нејзината господарка, царицата, и царот, и Амон лежеа испружени на земјата, знаеше дека тоа е Божјата моќ; и претпоставувајќи ја оваа можност, откривајќи му на народот што се беше случило помеѓу нив, дека гледајќи ја оваа сцена би предизвикало да веруваат во Божјата моќ, затоа таа трчаше од куќа до куќа, прогласувајќи му го тоа на народот.
18 И тие започнаа да се собираат заедно во куќата на царот. И дојде мноштво, и за нивно изненадување, тие го здогледаа царот, и царицата, и нивните слуги испружени на земјата, и сите тие лежеа таму како да беа мртви; и тие исто го видоа Амон, и ете, тој беше Нефит.
19 И сега народот започна да мрмори помеѓу себе; некои велеа дека големо зло дошло врз нив, односно врз царот и неговата куќа, бидејќи тој беше дозволил за Нефит да остане во земјата.
20 Но другите ги прекорија, велејќи: Царот го донесе ова зло на неговата куќа, бидејќи ги уби неговите слуги кои ги беа имале нивните стада распрснати кај водите на Себус.
21 И тие исто така беа прекорени од оние кои беа стоеле кај водите на Себус и ги распрснуваа стадата кои припаѓаа на царот, бидејќи тие му беа лути на Амон поради бројката на нивните браќа што беше ги убил кај водите на Себус, додека ги бранеше царските стада.
22 Сега, еден од нив, чиј брат беше убиен со Амоновиот меч, беше премногу лут на Амон, го извлече неговиот меч и тргна да го нападне Амон, за да го убие; и штом го крена мечот за да го удри, ете, падна мртов.
23 Сега гледаме дека Амон не може да биде убиен, бидејќи Господ му кажа на Мосија, неговиот татко: Јас ќе го поштедам, и ќе му биде по твојата вера—затоа, Мосија го довери на Господ.
24 И се случи кога мноштвото здогледа дека човекот беше паднал мртов, што го крена мечот да го убие Амон, сите ги обзема страв, и не се осмелуваа да ги испружат нивните раце да го допрат ниту пак некој од оние кои беа паднале; и повторно започнаа да се чудат помеѓу себе што би можело да биде причина за оваа голема моќ, односно што сите овие нешта би можеле да значат.
25 И се случи да имаше многу помеѓу нив кои рекоа дека Амон беше Големиот Дух, а други велеа дека беше испратен од Големиот Дух;
26 Но другите ги прекорија сите, велејќи дека тој беше чудовиште, кој беше испратен од Нефитите да ги измачува.
27 А имаше некои кои велеа дека Амон беше испратен од Големиот Дух да ги измачува поради нивните беззаконија; и дека Светиот Дух беше тој што секогаш беше ги чувал Нефитите, кој секогаш беше ги избавувал од нивните раце, и кажаа дека овој беше тој Голем Дух што беше уништил толку многу од нивните браќа, Ламанитите.
28 И така препирањето започна да станува премногу остро помеѓу нив. И додека тие се препираа, жената слуга која беше предизвикала мноштвото да се собере заедно дојде, и кога го виде препирањето помеѓу мноштвото таа беше премногу тажна, дури и до солзи.
29 И се случи таа да отиде и ја одведе царицата за рака, за да може да ја крене од земјата; и штом ја фати нејзината рака таа стана и застана на нејзините нозе, и повика со силен глас, велејќи: О, благословен Исусе, Кој ме спаси од ужасен пекол! О, благословен Боже, смилувај му се на овој народ!
30 И кога таа го беше изговорила ова, таа ги спои рацете, исполнета со радост, зборувајќи многу зборови кои не беа разбирливи; и кога таа го беше направила ова, таа го одведе царот, Ламони, за рака, и ете тој стана и застана на неговите нозе.
31 И тој, веднаш, гледајќи го препирањето помеѓу неговиот народ, истапи и започна да ги прекорува, и да ги поучува на зборовите кои беше ги слушнал од устата на Амон; и сите што ги слушнаа неговите зборови поверуваа, и беа преобратени во Господ.
32 Но постоеја многу помеѓу нив кои не ги слушаа неговите зборови; затоа тие тргнаа по својот пат.
33 И се случи кога Амон стана тој исто така им служеше, и исто така направија сите слуги на Ламони; и сите тие му прогласуваа на народот едно исто нешто—дека нивните срца беа променети; дека немаа повеќе желба да прават зло.
34 И ете, многу му објавија на народот дека беа виделе ангели и дека беа разговарале со нив; и така им беа кажале Божји нешта, и за Неговата праведност.
35 И се случи да имаше многу кои веруваа во нивните зборови; и оние кои веруваа беа крстени; и станаа праведен народ и воспоставија црква помеѓу нив.
36 И така Господовото дело започна помеѓу Ламанитите; така Господ започна да го излива Неговиот Дух врз нив; и гледаме дека Неговата рака е испружена кон сите луѓе кои ќе се покајат и веруваат во Неговото име.