Свети Писма
Јаром 1


Книгата на Јаром

Глава 1

Нефитите го одржуваат законот на Мојсеј, го очекуваат доаѓањето на Христос, и напредуваат во земјата—Многу пророци се трудат да ги задржат луѓето на патот на вистината. Околу 399–361 п.н.е.

1 Сега ете, јас, Јаром пишувам неколку зборови според заповедта на мојот татко, Енос, за нашето родословие да може да биде зачувано.

2 И како што овие плочи се мали, и како што овие нешта се напишани со намера да им користи на нашите браќа Ламанитите, затоа, е потребно малку да пишувам; но нема да пишувам за нештата од моето пророкување, ниту од моите откровенија. Бидејќи што би можел да напишам повеќе од тоа што напишале моите татковци? Бидејќи нели тие го открија планот на спасението? Ви велам, Да; и ова е доволно за мене.

3 Ете, целисходно е дека многу би требало да се стори помеѓу овој народ, поради закоравеноста на нивните срца, и глувоста на нивните уши, и заслепеноста на нивните умови, и вкочанетоста на нивните вратови; сепак, Бог е премногу милостив спрема нив, и сѐ уште не ги збришал од лицето на земјата.

4 И постојат многу помеѓу нас кои имаат многу откровенија, бидејќи не се вкочанети. И сите оние кои не се вкочанети и имаат верба, имаат заедништво со Светиот Дух, кој им покажува на човечките деца, според нивната вера.

5 И сега, ете, двесте години беа поминале, а народот на Нефи беше се засилил во земјата. Тие гледаа да го одржуваат законот на Мојсеј и сабатниот ден свет за Господ. И тие не осквернуваа; ниту богохулеа. И законите на земјата беа премногу строги.

6 И тие беа распрснати врз поголемото лице на земјата, и Ламанитите исто така. И тие беа прекумерно побројни отколку Нефитите; и тие го љубеа убиството и ја пиеле крвта на ѕверовите.

7 И се случи да доаѓаат многу пати против нас, Нефитите, да се борат. Но нашите цареви и нашите водачи беа моќни луѓе во верата на Господ; и тие го поучуваа народот на патиштата на Господ; затоа, им се спротивставивме на Ламанитите и ги збришавме од нашите земји, и започнавме да ги утврдуваме нашите градови, односно било кое место на нашето наследство.

8 И премногу се размножувавме, и се ширевме врз лицето на земјата, и станавме премногу богати со злато, и сребро, и со скапоцени нешта, и со фини дрвени изработки, со градби, и со машинерија, и исто со железо и бакар, и со месинг и челик, правејќи секакви видови на алати за обработка на земјата, и воени оружја—да, стрелата со остар врв, и футролата, и стреличката, и копјето, и сите воени подготовки.

9 И така бевме подготвени да се сретнеме со Ламанитите, тие не тргнаа против нас. Но Господовото слово беше потврдено, што Тој го говореше на нашите татковци, велејќи дека: Доколку ги одржувате Моите заповеди, вие ќе напредувате во земјата.

10 И се случи пророците на Господ да му се заканија на народот на Нефи, според словото на Бог, дека ако не ги одржуваат заповедите, и ако паднат во престап, тие би требало да бидат уништени од лицето на земјата.

11 Затоа, пророците, и свештениците, и учителите, работеа трудољубиво, охрабрувајќи го со сета макотрпност народот на трудољубивост; поучувајќи го законот на Мојсеј, и намерата поради која беше даден; убедувајќи ги да Го очекуваат Месијата, и да веруваат во Него дека ќе дојде како што Тој веќе дошол. И на овој начин тие ги поучуваа.

12 И се случи дека правејќи така тие ги зачуваа од уништување врз лицето на земјата; бидејќи им ги прободуваа срцата со словото, постојано наведувајќи ги на покајание.

13 И се случи двесте триесет и осум години да беа поминале—во војни, и препирања, и раздори, во поголемиот дел од времето.

14 И јас, Јаром, не пишувам повеќе, бидејќи плочите се мали. Но ете, браќа мои, можете да ги погледнете другите плочи на Нефи; бидејќи ете, на нив се врежани записите за нашите војни, според пишувањата на царевите, односно оние кои тие наредија да бидат напишани.

15 И јас ги предавам овие плочи во рацете на мојот син Омни, за да можат да бидат зачувани според заповедите на моите татковци.