Глава 1Морони пишува за користа на Ламанитите—Нефитите кои нема да Го негираат Христос се усмртени. Околу 401–421 н.е. Глава 2Исус им додели на дванаесетмината Нефитски ученици моќ да го предадат дарот на Светиот Дух. Околу 401–421 н.е. Глава 3Старешини одредуваат свештеници и учители преку положување на раце. Околу 401–421 н.е. Глава 4Објаснето е како старешините и свештениците го послужуваат сакраменталниот леб. Околу 401–421 н.е. Глава 5Начинот на послужување на сакраменталното вино е истакнат. Околу 401–421 н.е. Глава 6Покајните личности се крстени и придружувани—На членовите на Црквата кои се покајуваат им е простено—Средбите се спроведени преку моќта на Светиот Дух. Околу 401–421 н.е. Глава 7Покана е дадена да се влезе во Господовиот спокој—Молете се со вистинска намера—Христовиот Дух им овозможува на луѓето да разликуваат добро од зло—Сатаната ги убедува луѓето да Го негираат Христос и да прават зло—Пророците го прикажуваат доаѓањето на Христос—Преку вера, чуда се направени и ангели служат—Луѓето треба да се надеваат на вечен живот и да се држат до милосрдие. Околу 401–421 н.е. Глава 8Крштавањето на мали деца е злобна одвратност—Малите деца се живи во Христос поради Помирувањето—Верата, покајанието, питомоста и понизноста во срцето, примањето на Светиот Дух, и издржувањето до крај водат до спасение. Околу 401–421 н.е. Глава 9И Нефитите и Ламанитите се изопачуваат и влошуваат—Тие се мачат и убиваат едни со други—Мормон се моли благодатта и добрината да можат да почиваат врз Морони засекогаш. Околу 401 н.е. Глава 10Сведоштво за Книгата на Мормон доаѓа преку моќта на Светиот Дух—Даровите на Духот се делат на верните—Духовните дарови секогаш ја придружуваат верата—Словата на Морони зборуваат од правта—Дојдете кај Христос, бидете усовршени во Него, и осветете ги вашите души. Околу 421 н.е.