Свети Писма
Морони 9


Второто писмо на Мормон до неговиот син Морони.

Ја опфаќа глава 9.

Глава 9

И Нефитите и Ламанитите се изопачуваат и влошуваат—Тие се мачат и убиваат едни со други—Мормон се моли благодатта и добрината да можат да почиваат врз Морони засекогаш. Околу 401 н.е.

1 Мој љубен сине, ти пишувам повторно за да знаеш дека сѐ уште сум жив; но ти пишувам нешто што е жалосно.

2 Зашто ете, имав болна битка со Ламанитите, во која не победивме; и Аркеантус падна од мечот, и исто Лурам и Емрон; да, и изгубивме голем број од нашите одбрани војници.

3 И сега ете, сине мој, се плашам Ламанитите да не го уништат овој народ; бидејќи не се покајуваат, и Сатаната постојано ги наведува да се лутат едни на други.

4 Ете, постојано работам со нив; и кога го зборувам Божјето слово со острина тие треперат и ми се лутат; и кога не употребувам острина ги закоравуваат нивните срца против тоа; заради што, се плашам Господовиот Дух да не престана да настојува во нив.

5 Зашто толку прекумерно се лутат што ми се чини дека немаат страв од смрт; и ја изгубија нивната љубов, едни кон други; и жедни се за крв и одмазда постојано.

6 И сега, мој љубен сине, без оглед на нивната тврдина, да работиме трудољубиво; бидејќи ако престанеме да работиме, ќе бидеме осудени; бидејќи имаме работа да изведеме додека сме во овој глинен шатор за да го победиме непријателот на сета праведност, и да ги одмориме нашите души во Божјето царство.

7 И сега пишувам нешто во врска со страдањето на овој народ. Зашто според знаењето кое го добив од Аморон, ете, Ламанитите имаат многу затвореници, кои ги земаа од кулата на Шериза; и имаше мажи, жени, и деца.

8 И сопрузите и татковците на тие жени и деца беа убиени; и ги хранат жените со месото на нивните сопрузи, а децата со месото на нивните татковци; и без вода, освен малку, им даваат.

9 И без оглед на оваа голема одвратност на Ламанитите, не ја надминуваше таа на нашиот народ во Мориантум. Бидејќи ете, многу од ќерките на Ламанитите ги земаа како затвореници; и откако ги лишија од тоа што беше најсвето и драгоцено над сите нешта, што е чедност и доблест—

10 И откако го направија ова нешто, ги убија на најсуров начин, мачејќи ги нивните тела до смрт; и откако го направија тоа, ги проглтаа нивните тела како дивите ѕверови, поради тврдината на нивните срца; и го направија како знак на храброст.

11 О мој љубен сине, како ваков народ, кои се без цивилизација—

12 (И само неколку години поминаа, и беа цивилизиран и воодушевувачки народ)

13 Но О сине мој, како може ваков народ, чие воодушевување е со толку многу одвратност—

14 Како можеме да очекуваме дека Бог ќе ја задржи Неговата рака на суд против нас?

15 Ете, моето срце плаче: Тешко на овој народ. Излези на суд, О Боже, и сокриј ги нивните гревови, и пакост, и одвратности од пред Твоето лице!

16 И повторно, сине мој, има многу вдовици и нивните ќерки кои остануваат во Шериза; и дел од залихите кои Ламанитите не ги земаа, ете, војската на Зенефи ги однесе, и ги остави да лутаат каде и да можат за храна; и многу стари жени се онесвестуват по патот и умират.

17 И војската што е со мене е слаба; а војските на Ламанитите се помеѓу Шериза и мене; и сите што избегаа кај војската на Арон паднаа како жртви на нивната ужасна бруталност.

18 О изопаченоста на мојот народ! Тие се без ред и без милост. Ете, јас сум само човек, и имам само човечка сила, и не можам повеќе да ги спроведувам моите команди.

19 И станаа силни во нивните вулгарности и тие се исто сурови не поштедувајќи никој, ниту стари ниту млади; и се воодушевуваат во сѐ освен во тоа што е добро; и страдањата на нашите жени и деца врз лицето на оваа земја надминуваат сѐ; да, јазикот не може да каже, ниту може да биде напишано.

20 И сега, синко мој, повеќе не се задржувам на оваа ужасна сцена. Ете, знаеш за пакоста на овој народ; знаеш дека се без принцип, и без чувство; и нивната пакост ја надминува таа на Ламанитите.

21 Ете, сине мој, не можам да ги препорачам на Бог за Тој да не ме удри.

22 Но ете, сине мој, те препорачувам тебе на Бог, и доверувам во Христос дека ќе бидеш спасен; и се молам на Бог дека Тој ќе ти го поштеди животот, да го посведочиш враќањето на Неговиот народ кај Него, или нивно целосно уништување; бидејќи знам дека мораат да умрат освен ако не се покајат и вратат кај Него.

23 И ако загинат ќе биде исто како Јаредитите, поради упорноста на нивните срца, барајќи крв и одмазда.

24 И ако се случи да загинат, знаеме дека многу од нашите браќа нѐ напуштија за Ламанитите, и уште повеќе ќе нѐ напуштат кај нив; заради што, напиши неколку нешта, ако си поштеден и јас загинам и не те видам; но верувам дека можам наскоро да те видам; бидејќи имам свети записи кои ќе ти ги предадам.

25 Сине мој, биди верен во Христос; и нека не те натажуваат нештата кои ги напишав, да ти тежат до смрт; туку нека Христос те крене, и нека Неговите страдања и смрт, и покажувањето на Неговото тело на нашите татковци, и Неговите милост и макотрпност, и надежта за Неговата слава и вечен живот, почиваат во твојот ум засекогаш.

26 И нека благодатта на Бог Отецот, чиј престол е високо на небесата, и нашиот Господ Исус Христос, Кој седи на десната рака на Неговата моќ, сѐ додека сите нешта не подлежат на Него, бидат, и останат со тебе засекогаш. Амин.