Глава 2
Исус им додели на дванаесетмината Нефитски ученици моќ да го предадат дарот на Светиот Дух. Околу 401–421 н.е.
1 Зборовите на Христос, кои Тој им ги кажа на Неговите ученици, дванаесетте кои Тој ги одбра, додека ги положуваше Неговите раце врз нив—
2 И Тој ги повика по име, велејќи: Вие ќе Го повикате Отецот во Мое име, со моќна молитва; и откако ќе го направите ова ќе имате моќ дека на оној на кого ќе ги положите рацете, ќе му Го давате Светиот Дух; и ќе го давате во Мое име, бидејќи така прават Моите апостоли.
3 Сега Христос им ги кажа овие зборови на нив во времето на Неговото прво појавување; а мноштвото не го слушна, туку учениците го слушнаа; и на сите на кои им ги положија рацете, им се симна Светиот Дух.