Глава 1Царот Венијамин ги поучува неговите синови на јазикот и пророштвата на нивните татковци—Нивната религија и цивилизација беа зачувани поради записите водени на разновидни плочи—Мосија е одбран за цар и му е даден надзор над записите и други нешта. Околу 130–124 п.н.е. Глава 2Царот Венијамин му се обраќа на неговиот народ—Тој раскажува за еднаквоста, праведноста, и духовноста на своето владеење—Тој ги советува да Му служат на нивниот Небесен Цар—Тие кои се бунтуваат против Бог ќе страдаат со мачење како во неизгаслив оган. Околу 124 п.н.е. Глава 3Царот Венијамин продолжува со своето обраќање—Семоќниот Господ ќе служи меѓу луѓето во глинест шатор—Крв ќе се пролева од секоја пора кога Тој ќе се помири за гревовите на светот—Само преку Неговото име доаѓа спасение—Луѓето можат да го остават природниот човек и да станат Светци преку Помирувањето—Мачењето на лошите ќе биде како езеро од оган и сулфур. Околу 124 п.н.е. Глава 4Царот Венијамин продолжува со неговото обраќање—Спасението доаѓа поради Помирувањето—Верувајте во Бог за да бидете спасени—Задржете простување на вашите гревови преку верност—Поделете од вашиот имот на сиромашните—Правете сѐ во мудрост и ред. Околу 124 п.н.е. Глава 5Светците стануваат синови и ќерки на Христос преку вера—Тогаш се наречени според Христовото име—Царот Венијамин ги охрабрува да бидат цврсти и непоколебливи во добрите дела. Околу 124 п.н.е. Глава 6Царот Венијамин ги запишува имињата на луѓето и назначува свештеници за да ги учат—Мосија владее како праведен цар. Околу 124–121 п.н.е. Глава 7Амон ја открива земјата Лехи-Нефи каде, Лимхи е цар—Народот на Лимхи е под ропство на Ламанитите—Лимхи ја раскажува нивната историја—Еден пророк (Абинади) сведочеше дека Христос е Бог и Отец на сѐ—Тие што сеат нечистотија жнеат олуја, а оние кои ја положуваат својата вера во Господ ќе бидат избавени. Околу 121 п.н.е. Глава 8Амон го поучува народот на Лимхи—Тој дознава за дваесет и четирите Јаредитски плочи—Древните записи можат да бидат преведени од јасновидци—Ниту еден дар не е поголем од јасновидството. Околу 121 п.н.е. Глава 9Зениф води група од Зарахемла да ја заземе земјата на Лехи-Нефи—Ламанитскиот цар им дозволува да ја наследат земјата—Започнува војна помеѓу Ламанитите и народот на Зениф. Околу 200–187 п.н.е. Глава 10Цар Ламан умира—Неговиот народ е див и свиреп и верува во лажни традиции—Зениф и неговиот народ преовладуваат против нив. Околу 187–160 п.н.е. Глава 11Царот Ное владее со пакост—Ужива во бујно живеење со неговите жени и конкубини—Абинади пророкува дека народот ќе биде одведен во ропство—Царот Ное го бара неговиот живот. Околу 160–150 п.н.е. Глава 12Абинади е затворен поради пророкување за уништувањето на народот и за смртта на Царот Ное—Лажните пророци ги цитираат светите писма и се преправаат дека го одржуваат законот на Мојсеј—Абинади започнува да ги поучува за Десетте Заповеди. Околу 148 п.н.е. Глава 13Абинади е заштитен преку божествена моќ—Тој поучува за Десетте Заповеди—Спасение не доаѓа само преку законот на Мојсеј—Бог Самиот ќе направи помирување и ќе го искупи Неговиот народ. Околу 148 п.н.е. Глава 14Исаија зборува месијански—Понижувањето и страдањата на Месијата се истакнати—Тој ја дава Неговата душа како принос за грев и посредува за престапниците—Спореди Исаија 53. Околу 148 п.н.е. Глава 15Како Христос е и Отецот и Синот—Тој ќе посредува и ќе ги поднесе престапите на Неговиот народ—Тие и сите свети пророци се Негово потомство—Тој го исполнува Воскреснувањето—Малите деца имаат вечен живот. Околу 148 п.н.е. Глава 16Бог ги искупува луѓето од својата изгубена и падната состојба—Оние што се телесни остануваат како да немаше искупување—Христос исполнува воскресение или до бескраен живот или до бескрајно проклетство. Околу 148 п.н.е. Глава 17Алма верува и ги пишува зборовите на Абинади—Абинади доживува смрт од оган—Пророкува болест и смрт од оган врз неговите убијци. Околу 148 п.н.е. Глава 18Алма проповеда тајно—Го истакнува заветот за крштавање и крштава во водите на Мормон—Ја организира Црквата на Христос и одредува свештеници—Тие се поддржуваат едни со други и го поучуваат народот—Алма и неговиот народ бегаат од Царот Ное во дивината. Околу 147–145 п.н.е. Глава 19Гидеон бара да го убие Царот Ное—Ламанитите ја напаѓаат земјата—Царот Ное доживува смрт од оган—Лимхи владее како вазален монарх. Околу 145–121 п.н.е. Глава 20Некои Ламанитски ќерки се грабнати од свештениците на Ное—Ламанитите водат војна против Лимхи и неговиот народ—Ламанитските војски се одбиени и смирени. Околу 145–123 п.н.е. Глава 21Народот на Лимхи е удрен и поразен од Ламанитите—Народот на Лимхи го запознава Амон и се преобратени—Тие му кажуваат на Амон за дваесет и четирите Јаредитски плочи. Околу 122–121 п.н.е. Глава 22Планови се кројат за народот да избега од ропството на Ламанитите—Ламанитите се опијанети—Народот избега, се враќа во Зарахемла, и станува подложен на Царот Мосија. Околу 121–120 п.н.е. Глава 23Алма одбива да биде цар—Тој служи како висок свештеник—Господ го укорува Неговиот народ, а Ламанитите ја освојуваат земјата Хелам—Амулон, водач на пакосните свештеници на царот Ное, владее како поданик на Ламанитскиот монарх. Околу 145–121 п.н.е. Глава 24Амулон ги прогонува Алма и неговиот народ—Тие ќе бидат усмртени ако се молат—Господ прави нивните товари да изгледаат лесни—Тој ги избавува од ропство, и тие се враќаат во Зарахемла. Околу 145–120 п.н.е. Глава 25Потомците на Мулек во Зарахемла стануваат Нефити—Тие дознаваат за народот на Алма и Зениф—Алма го крштава Лимхи и целиот негов народ—Мосија го овластува Алма да ја организира Божјата Црква. Околу 120 п.н.е. Глава 26Многу од членовите на Црквата се водени во грев од неверниците—На Алма му е ветен вечен живот—Оние кои се покајуваат и се крстени стекнуваат прошка—Членовите на Црквата во грев, кои се покајуваат и им признаваат пред Алма и на Господ ќе им биде простено; во спротивно, нема да бидат вброени помеѓу народот на Црквата. Околу 120–100 п.н.е. Глава 27Мосија го забранува прогонувањето и заповедува еднаквост—Алма помладиот и четворицата синови на Мосија бараат да ја уништат црквата—Ангел им се појавува и им заповедува да запрат во нивниот злобен правец—Алма е занемен—Целото човештво мора да се роди повторно за да добие спасение—Алма и синовите на Мосија објавуваат радосни вести. Околу 100–92 п.н.е. Глава 28Синовите на Мосија одат да им проповедаат на Ламанитите—Користејќи ги двата јасновидни камења, Мосија ги преведува Јаредитските плочи. Околу 92 п.н.е. Глава 29Мосија предлага судии да бидат одбрани наместо цар—Неправедните цареви го водат својот народ во грев—Алма помладиот е одбран за главен судија преку гласот на народот—Тој е исто така високиот свештеник над Црквата—Алма постариот и Мосија умираат. Околу 92–91 п.н.е.