Глава 27
Мосија го забранува прогонувањето и заповедува еднаквост—Алма помладиот и четворицата синови на Мосија бараат да ја уништат црквата—Ангел им се појавува и им заповедува да запрат во нивниот злобен правец—Алма е занемен—Целото човештво мора да се роди повторно за да добие спасение—Алма и синовите на Мосија објавуваат радосни вести. Околу 100–92 п.н.е.
1 И сега им се случи прогонувањата кои беа предизвикани на црквата од неверници станаа толку големи што црквата започна да мрмори, и да им се жали на нејзините водачи во врска со ситуацијата; и му се жалеа на Алма. А Алма го изложи случајот пред нивниот цар, Мосија. А Мосија разговараше со неговите свештеници.
2 И се случи царот Мосија да испрати проглас низ целата земја наоколу дека ниту еден неверник не треба да прогонува било кого од оние кои припаѓаат на црквата на Бог.
3 И постоеше строга заповед во сите цркви дека не треба да има прогонувања помеѓу нив, дека треба да постои еднаквост помеѓу сите луѓе;
4 Дека тие не треба да дозволуваат никаква гордост ниту надменост да им го уништи мирот; дека секој човек треба да си го цени соседот како себеси, работејќи со нивните сопствени раце за сопствено издржување.
5 Да, и сите нивни свештеници и учители треба да работат со нивните раце за нивно издржување, во сите случаи освен при болест, или при голем недостаток; и правејќи ги овие нешта, тие изобилуваа во Божјата благодат.
6 И повторно започна да постои голем мир во земјата; и народот започна да биде многу броен, и започна да се распрснува насекаде врз лицето на земјата, да, на север и на југ, на исток и на запад, градејќи големи градови и села во сите краишта на земјата.
7 И Господ ги посети и ги унапреди, и тие станаа голем и богат народ.
8 Сега синовите на Мосија беа вброени помеѓу неверниците; и исто така еден од синовите на Алма беше вброен помеѓу нив, тој беше наречен Алма, по неговиот татко; сепак, тој стана многу пакосен и идолопоклонички човек. И тој беше човек со многу зборови, и многу му ласкаше на народот; затоа водеше многу од народот да прават по начиниот на неговите беззаконија.
9 И тој стана голема пречка за напредокот на Божјата црква; крадејќи ги срцата на народот; предизвикувајќи многу раздор помеѓу народот; давајќи му шанса на непријателот на Бог да ја практикува неговата моќ врз нив.
10 И сега се случи додека тој сакаше да ја уништи Божјата црква, бидејќи тајно одеше со синовите на Мосија барајќи да ја уништи црквата, и да го застрани народот на Господ, спротивно од заповедите на Бог, и дури и на царот—
11 И како што ви кажав, додека се побунуваа против Бог, ете, Господовиот ангел им се појави; и тој се спушти како да беше во облак; и зборуваше како да беше со глас на гром, што предизвика земјата врз која тие стоеја да се тресе;
12 И толку големо беше нивното изненадување, што тие паднаа на земјата, и не ги разбраа зборовите што тој им ги зборуваше на нив.
13 Сепак тој повторно довикуваше, велејќи: Алма, стани и застани напред, бидејќи зошто да ја прогонуваш Божјата црква? Бидејќи Господ кажа: Ова е Мојата црква, и јас ќе ја воспоставам; и ништо нема да ја сруши, освен престапот на Мојот народ.
14 И повторно, ангелот кажа: Ете, Господ ги слушна молитвите на Неговиот народ, и исто така молитвите на Неговиот слуга, Алма, кој ти е татко; бидејќи тој се молеше со многу вера во врска со тебе за да можеш да бидеш доведен до знаењето за вистината; затоа, за оваа цел дојдов да те убедам во моќта и власта на Бог, за молитвите на Неговите слуги да можат да бидат одговорени според нивната вера.
15 И сега ете, можеш ли да ја оспориш Божјата моќ? Зашто ете, зарем мојот глас не ја тресе земјата? И зарем не можеш да ме видиш пред тебе? И јас сум пратен од Бог.
16 Сега ти велам: Оди, и сети се на заробеништвото на твоите татковци во земјата Хелам, и во земјата Нефи; и сети се колку големи нешта Тој направи за нив; бидејќи беа во ропство, и Тој ги избави. И сега ти велам, Алма, оди по твојот пат, и повеќе не настојувај да ја уништиш црквата, за да можат да бидат одговорени нивните молитви, и за ти самиот да не бидеш отфрлен.
17 И сега се случи ова да се последните зборови кои ангелот му ги кажа на Алма, и тој замина.
18 И сега Алма и оние кои беа со него повторно паднаа на земјата, зашто големо беше нивното изненадување; бидејќи со сопствените очи беа здогледале ангел на Господ; и неговиот глас беше како гром, кој ја затресе земјата; и знаеја дека не постоеше ништо освен моќта на Бог што може да ја затресе земјата и да ја предизвика да трепери како да ќе се распадне на парчиња.
19 И сега изненадувањето на Алма беше толку големо што тој занеме, што тој не можеше да ја отвори неговата уста; да, и стана слаб, дури што не можеше да ги мрда своите раце; затоа беше одведен од оние кои беа со него, и носен беспомошен, дури додека не го положија пред татко му.
20 И тие му повторија на неговиот татко сѐ што им се беше случило; и неговиот татко се радуваше, бидејќи знаеше дека беше Божјата моќ.
21 И тој нареди мноштвото да се собере заедно за да сведочат што Господ беше сторил за неговиот син, и исто така за оние кои беа со него.
22 И нареди свештениците да се соберат заедно; и започнаа да постат, и да му се молат на Господ нивниот Бог дека Тој ќе ја отвори устата на Алма, за да може да зборува, и исто така дека неговите екстремитети ќе можат да ја примат силата—за очите на народот да бидат отворени за да можат да видат и да знаат за добрината и славата на Бог.
23 И се случи откако беа се молеле и постеле во период од два дена и две ноќи, екстремитетите на Алма си ја добија силата, и тој застана и започна да им зборува, посакувајќи им да бидат добро утешени:
24 Зашто, кажа тој, се покајав за моите гревови, и бев искупен од Господ; ете роден сум од Духот.
25 И Господ ми кажа: Не се чуди дека целото човештво, да, мажи и жени, сите нации, колена, јазици, и народи, мора повторно да бидат родени; да, родени од Бог, променети од нивната телесна и падната состојба, во состојба на праведност, искупени од Бог, станувајќи Негови синови и ќерки;
26 И така стануваа нови суштества; и ако не го направат ова, никако не можат да го наследат Божјото царство.
27 Ти велам, ако ова е случајот, мораат да бидат отфрлени; и ова го знам, бидејќи за малку ќе бев отфрлен.
28 Сепак, откако се пробив низ многу страдања, покајувајќи се скоро до смрт, Господ со милост сметаше дека е соодветно да ме тргне од вечното горење, и роден сум од Бог.
29 Мојата душа беше искупена од жолчката на горчината и оковите на беззаконието. Бев во најмрачниот амбис; но сега ја гледам зачудувачката Божја светлина. Мојата душа беше погодена со вечно измачување; но јас сум оттргнат, и мојата душа повеќе не ме боли.
30 Јас Го одбив Мојот Искупител, и го негирав тоа кое беше зборувано од нашите татковци; но сега, за да можат да предвидат дека Тој ќе дојде, и дека Тој го помни секое битие на Неговото создавање, Тој ќе им се прикаже Самиот на сите.
31 Да, секое колено ќе клекне, и секој јазик ќе се исповеда пред Него. Да, дури и на последниот ден, кога сите луѓе ќе застанат да бидат судени од Него, тогаш ќе признаат дека Тој е Бог; тогаш ќе признаат, тие кои живеат без Бог во светот, дека пресудата на вечна казна е праведна врз нив; и тие ќе се тресат, и треперат, и ќе се смалат пред погледот на Неговото око што гледа сѐ.
32 И сега се случи Алма да започне од сега па натаму да го поучува народот, и оние кои беа со Алма кога им се појави ангелот, патувајќи наоколу низ целата земја, објавувајќи му ги на целиот народ нештата кои ги слушнале и виделе, и проповедајќи го Божјото слово при многу страдања, многу прогонувани од оние кои беа неверници, удрени од многу од нив.
33 Но без оглед на сето ова, тие даваа многу утеха на црквата, потврдувајќи ја нивната вера, и охрабрувајќи ги со макотрпност и многу напор да ги одржуваат Божјите заповеди.
34 И четворица од нив беа синовите на Мосија; и нивните имиња беа Амон, и Арон, и Омнер, и Химни; ова беа имињата на синовите на Мосија.
35 И тие патуваа низ целата земја Зарахемла, и помеѓу целиот народ кој беше под владеење на царот Мосија, ревносно стремејќи се да ги поправат сите штети кои беа ги нанеле на црквата, исповедајќи ги сите нивни гревови, и објавувајќи ги сите нешта кои ги беа виделе, и објаснувајќи ги пророштвата и светите писма на сите кои посакуваа да ги слушнат.
36 И така беа инструменти во Божјите раце, во доведувањето на многу до знаењето за вистината, да, до знаењето за нивниот Искупител.
37 И еве благословени се! Зашто тие објавуваа мир; објавуваа добри вести за добрина; и му објавија на народот дека Господ владее.