Свети Писма
Мосија 1


Книгата на Мосија

Глава 1

Царот Венијамин ги поучува неговите синови на јазикот и пророштвата на нивните татковци—Нивната религија и цивилизација беа зачувани поради записите водени на разновидни плочи—Мосија е одбран за цар и му е даден надзор над записите и други нешта. Околу 130–124 п.н.е.

1 И сега не постоеше повеќе препирање во целата земја Зарахемла, помеѓу целиот народ кој му припаѓаше на царот Венијамин, така што царот Венијамин имаше постојан мир во целиот остаток од неговите денови.

2 И се случи да имаше тројца синови; и ги нарече Мосија, и Хелорум, и Хеламан. И нареди да бидат поучувани на јазикот на неговите татковци, за да можат да станат разбрани луѓе; и за да знаат во врска со пророштвата кои беа говорени од устите на нивните татковци, кои им беа пренесени преку раката на Господ.

3 И исто така ги поучи во врска со записите кои беа врежани на плочите од месинг, велејќи: Синови мои, би сакал да запомните дека ако не беа овие плочи, кои ги содржат овие записи и овие заповеди, моравме да страдаме во неукост, дури и во ова сегашно време, не знаејќи ги Божјите мистерии.

4 Зашто не беше можно нашиот татко, Лехи, да ги запомни сите овие нешта, да ги поучи на неговите деца, да не беше помошта од овие плочи; зашто тој беше поучен на јазикот на Египќаните затоа можеше да ги чита овие гравури, и да ги поучува неговите деца, и така исполнувајќи ги Божјите заповеди, и тоа дури до ова сегашно време.

5 Ви велам, синови мои, да не беа овие нешта, кои беа чувани и сочувани од Божјата рака, за да можеме да читаме и да разбираме за Неговите мистерии, и да ги имаме Неговите заповеди секогаш пред нашите очи, дека дури и нашите татковци ќе запаѓаа во неверување, и ние би биле како нашите браќа, Ламанитите, кои не знаат ништо во врска со овие нешта, односно не им веруваат кога се поучени, поради традициите на нивните татковци, кои не се правилни.

6 О синови мои, би сакал да запомните дека овие кажувања се вистинити, и исто така дека овие записи се вистинити. И ете, исто така плочите на Нефи, кои ги содржат записите и кажувањата на нашите татковци од времето кога го напуштија Ерусалим до сега, и тие се вистинити; и можеме да знаеме за нивната сигурност бидејќи ги имаме пред нашите очи.

7 И сега, синови мои, би сакал да запомните да ги изучувате трудољубиво, за да имате корист од нив; и би сакал да ги одржувате заповедите на Бог, за да напредувате во земјата според ветувањата кои Господ ги даде на нашите татковци.

8 И многу други нешта царот Венијамин ги поучи неговите синови, кои не се запишани во оваа книга.

9 И се случи откако цар Венијамин престана да ги поучува неговите синови, тој остаре, и виде дека многу наскоро мора да помине преку земниот пат; затоа, помисли дека е целисходно да го додели царството на еден од неговите синови.

10 Затоа, нареди да го доведат Мосија пред него; и овие се зборовите кои му ги кажа, велејќи: Синко мој, би сакал да објавиш низ целата оваа земја помеѓу сиот овој народ, односно народот на Зарахемла, и народот на Мосија кој живее во земјата, за да можат да бидат собрани заедно; бидејќи утредента ќе му објавам на овој мој народ од мојата уста дека ти си цар и владетел врз овој народ, кој Господ нашиот Бог ни го даде.

11 И згора на тоа, ќе му дадам име на овој народ, за да можат да бидат разликувани над сите народи кои Господ Бог ги изведе од земјата Ерусалим; и го правам ова бидејќи беше трудољубив народ во одржување на Господовите заповеди.

12 И им давам име што никогаш нема да биде избришано, освен преку престап.

13 Да, и згора на тоа ти велам, дека ако овој високо благодатен народ на Господ падне во престап, и стане пакосен и прељубнички народ, дека Господ ќе ги предаде, за да станат слаби како нивните браќа; и Тој повеќе нема да ги чува со Неговата неспоредлива и зачудувачка моќ, како што Тој досега ги чуваше нашите татковци.

14 Зашто ти велам, дека ако Тој не беше ја испружил Неговата рака за чување на нашите татковци тие сигурно ќе паднале во рацете на Ламанитите, и ќе станале жртви на нивната омраза.

15 И се случи откако цар Венијамин беше престанал да му зборува на неговиот син, му даде должност во врска со сите работи во царството.

16 И згора на тоа, исто така му даде должност во врска со записите кои беа врежани на плочите од месинг; и исто така на плочите на Нефи; и исто така, мечот на Лабан, и куглата односно патоказот, кои ги водеа нашите таковци преку дивината, кој беше подготвен од раката на Господ за да можат да бидат водени, секој според вниманието и трудољубивоста кои му ги дадоа на Него.

17 Затоа, додека беа неверни не напредуваа ниту успеваа на нивното патување, туку беа протерани назад, и го навлекуваа незадоволството на Бог врз нив; и затоа беа погодени со глад и тешки неволји, да ги наведат на сеќавање на нивната должност.

18 И сега, се случи Мосија да отиде и да направи како што татко му беше му заповедал, и објави пред сиот народ кој беше во земјата Зарахемла дека затоа можат да се соберат заедно, да одат горе во храмот да ги слушнат зборовите кои неговиот татко ќе им ги каже.