Глава 16
Бог ги искупува луѓето од својата изгубена и падната состојба—Оние што се телесни остануваат како да немаше искупување—Христос исполнува воскресение или до бескраен живот или до бескрајно проклетство. Околу 148 п.н.е.
1 И сега, откако Абинади беше ги изговорил овие зборови ја испружи раката и рече: Ќе дојде времето кога сите ќе го видат спасението на Господ; кога секоја нација, колено, јазик, и народ ќе види око со око и ќе признае пред Бог дека Неговите судови се праведни.
2 И тогаш ќе се исфрлат пакосните, и тие ќе имаат причина да завиваат, и да плачат, и да жалат, и да крцаат со забите; и ова зашто тие не би го послушале гласот на Господ; затоа Господ не ги искупи.
3 Бидејќи тие се телесни и ѓаволски, и ѓаволот има сила над нив; да, дури и таа стара змија што ги измамила нашите први родители, што беше причината за нивниот пад; што беше причината за целото човештво да стане телесно, сензуално, ѓаволско, познавајќи зло од добро, подложувајќи се на ѓаволот.
4 Така сите луѓе беа изгубени; и ете, тие би биле бескрајно изгубени, ако Бог не го откупил Неговиот народ од нивната изгубена и падната состојба.
5 Но запомнете дека тој што останува во сопствената телесна природа, и продолжува со начините на гревот и бунтот против Бог, останува во својата падната состојба и ѓаволот ја има целата власт над него. Затоа тој е како да нема искупување, да биде непријател на Бог; и исто така ѓаволот е непријател на Бог.
6 И сега ако Христос не беше дошол на светот, зборувајќи за нештата што доаѓаат како веќе да беа дошле, не можеше да постои искупување.
7 И ако Христос не воскреснал од мртвите, или не ги прекршил оковите на смртта така што гробот нема победа, и смртта нема да има никаков бодеж, не би можело да има воскреснување.
8 Но, воскреснувањето постои, затоа гробот нема победа, и бодежот на смртта е проголтан во Христос.
9 Тој е светлината и животот на светот; да, светлина која е бесконечна, која никогаш не може да се затемни; да, и исто така, живот кој е бесконечен, за да не може да има повеќе смрт.
10 Дури и оваа смртност ќе ја облече бесмртноста, и оваа распадливост ќе ја облече нераспадливоста, и ќе биде ставена пред Божјиот суд, за да им се суди од Него според нивните дела, било да се тие добри или лоши—
11 Ако тие се добри, на воскреснувањето на бескраен живот и среќа; а ако тие се зли, на воскреснувањето на бескрајно проклетство, и се предаваат на ѓаволот, кој ги подложи, што е проклетство—
12 Одејќи според сопствените телесни волји и желби; и никогаш не го повикаа Господа додека рацете на милоста беа испружени кон нив; зашто рацете на милоста беа испружени кон нив, а тие не сакаа; тие беа предупредени за нивните беззаконија, а сепак тие не би отстапиле од нив; и им било заповедано да се покајат, а сепак тие не би се покајале.
13 И сега, нели треба да треперите и да се покаете за своите гревови, и да се сеќавате дека на тоа што само во и преку Христос можете да бидете спасени?
14 Затоа, ако го поучувате законот на Мојсеј, исто така, учете дека е сенка на она што ќе дојде—
15 Поучете ги дека искупувањето доаѓа преку Христос Господ, Кој е самиот Вечниот Отец. Амин.