Свети Писма
Мосија 25


Глава 25

Потомците на Мулек во Зарахемла стануваат Нефити—Тие дознаваат за народот на Алма и Зениф—Алма го крштава Лимхи и целиот негов народ—Мосија го овластува Алма да ја организира Божјата Црква. Околу 120 п.н.е.

1 И сега царот Мосија нареди целиот народ да биде собран заедно.

2 Сега немаше толку многу од децата на Нефи, или толку многу од оние кои беа потомци на Нефи, како што имаше од народот од Зарахемла, кој беше потомок на Мулек, и оние кои дојдоа со него во дивината.

3 И немаше толку многу од народот на Нефи и од народот од Зарахемла како што имаше од Ламанитите; да, не беа ни половина толку бројни.

4 И сега целиот народ на Нефи беше собран заедно, и исто така целиот народ на Зарахемла, и беа собрани во две групи.

5 И се случи Мосија да чита, и нареди да бидат прочитани, записите од Зениф на неговиот народ; да, ги читаше записите од народот на Зениф, од времето кога ја напуштија земјата Зарахемла додека повторно не се вратија.

6 И исто така го прочита извештајот од Алма и неговите браќа, и сите нивни маки, од времето кога ја напуштија земјата Зарахемла до времето кога повторно се вратија.

7 И сега, кога Мосија беше завршил со читање на записите, неговиот народ кој остана во земјата беше погоден од чудење и изненадување.

8 Зашто тие не знаеја што да мислат; зашто кога ги здогледаа оние кои беа избавени од ропство, беа исполнети со премногу голема радост.

9 И повторно, кога помислија на нивните браќа кои беа убиени од Ламанитите беа исполнети со тага, и дури ронеа многу солзи од тага.

10 И повторно, кога помислија на непосредната добрина на Бог, и Неговата моќ за избавување на Алма и Неговите браќа од рацете на Ламанитите и од ропство, тие ги кренаа гласовите и Му се заблагодарија на Бог.

11 И повторно, кога помислија за Ламанитите, кои беа нивни браќа, за нивната грешна и загадена состојба, беа исполнети со болка и мачење за благосостојбата на нивните души.

12 И се случи оние кои се деца на Амулон и неговите браќа, кои беа ги земале за жени ќерките на Ламанитите, беа незадоволни од постапките на нивните татковци, и повеќе не беа нарекувани по имињата на нивните татковци, затоа го земаа врз себе името на Нефи, за да можат да бидат наречени децата на Нефи, и да бидат вброени помеѓу оние кои се наречени Нефити.

13 И сега целиот народ на Зарахемла беа вброени со Нефитите, и ова затоа што царството не беше доделено на ниту еден туку на оние кои беа потомци на Нефи.

14 И сега се случи кога Мосија беше завршил со зборување и читање пред народот, тој посака Алма исто така да му зборува на народот.

15 И Алма исто така им зборуваше, кога беа собрани заедно во големи групи, и одеше од една група во друга, пропроведајќи му на народот покајание и вера во Господ.

16 И го поттикна народот на Лимхи и неговите браќа, сите оние кои беа избавени од ропство, дека треба да запомнат дека тоа беше Господ кој ги избави.

17 И се случи откако Алма беше го поучувал народот на многу нешта, и беше престанал да им говори, царот Лимхи посакуваше да биде крстен; и целиот негов народ посакуваше исто така да биде крстен.

18 Затоа, Алма згази во водата и ги крсти; да, ги крсти на начинот на кој ги крсти неговите браќа во водите на Мормон; да, и онолку колку што крсти толку припаѓаа на Божјата црква; и ова е поради нивното верување на зборовите на Алма.

19 И се случи царот Мосија да му одобри на Алма да воспостави цркви низ целата земја Зарахемла; и му даде моќ да одреди свештеници и учители врз секоја црква.

20 Сега ова беше направено бидејќи имаше толку многу луѓе што не можеа сите да бидат управувани од еден учител; ниту сите можеа да го слушнат словото на Бог на еден собир;

21 Затоа се собраа заедно во различни групи, наречени цркви; секоја црква имајќи свештеници и учители, и секој свештеник го проповедаше словото како што му беше пренесено од устата на Алма.

22 И така, без оглед што постоеја многу цркви сите беа една црква, да, и тоа Божјата црква; бидејќи ништо не се проповедаше во ниедна црква освен покајание и вера во Бог.

23 И сега постоеја седум цркви во земјата Зарахемла. И се случи сите што посакуваа да го земат врз себе името на Христос, односно на Бог, им се придружија на Божјите цркви;

24 И тие беа наречени народот на Бог. И Господ го излеа Неговиот Дух врз нив, и беа благословени, и напредуваа во земјата.