Глава 21
Народот на Лимхи е удрен и поразен од Ламанитите—Народот на Лимхи го запознава Амон и се преобратени—Тие му кажуваат на Амон за дваесет и четирите Јаредитски плочи. Околу 122–121 п.н.е.
1 И се случи дека Лимхи и неговиот народ се вратија во градот Нефи, и започнаа да живеат во земјата повторно во мир.
2 И се случи после многу денови Ламанитите започнаа повторно да бидат наведени на гнев против Нефитите, и започнаа да доаѓаат околу границите на земјата.
3 Сега не се осмелија да ги убијат, поради заклетвата која нивниот цар беше му ја дал на Лимхи; туку ги удираа по образите, и практикуваа власт врз нив; и започнаа да им ставаат тешки товари на грбовите, и да ги водат како што би воделе немо магаре—
4 Да, сето ова беше сторено за Господовото слово да биде исполнето.
5 И сега маките на Нефитите беа големи, и не постоеше начин на кој можеа да се избават од нивните раце, зашто Ламанитите ги беа опколиле од секоја страна.
6 И се случи народот да започне да мрморат со царот заради нивните неволји; и посакаа да одат против нив во битка. И тешко го погодија царот со нивните жалби; затоа тој им дозволи да прават како што сакаат.
7 И тие повторно се собраа заедно, и го облекоа оклопот, и тргнаа против Ламанитите да ги протераат од нивната земја.
8 И се случи Ламанитите да ги победат, и ги потиснаа, и убија многу од нив.
9 И сега постоеше големо жалење и оплакување помеѓу народот на Лимхи, вдовицата го оплакуваше сопругот, синот и ќерката го оплакуваа татко им, и браќата нивните браќа.
10 Сега постоеја многу вдовици во земјата, и тие силно плачеа од ден во ден, бидејќи големиот страв од Ламанитите беше ги стигнал.
11 И се случи нивниот постојан плач да го побуни остатокот од народот на Лимхи да се разгневат против Ламанитите; и тие повторно тргнаа во борба, но повторно беа потиснати, претрпувајќи многу загуба.
12 Да, тие тргнаа дури и по трет пат, и страдаа на сличен начин; а оние кои не беа убиени повторно се вратија во градот Нефи.
13 И тие се понизија дури до правта, подложувајќи се на јаремот на ропството, потчинувајќи се да бидат удрени, и да бидат протерани таму и ваму, и натоварени, според желбите на нивните непријатели.
14 И тие се понизија дури и до длабочината на понизноста; и силно Му довикуваа на Бог; да, и тоа цел ден Му довикуваа на нивниот Бог за Тој да ги ослободи од нивните маки.
15 И сега Господ беше бавен да го слушне нивното довикување поради нивните беззаконија; сепак Господ го слушна нивното довикување и започна да ги омекнува срцата на Ламанитите така што започнаа да ги олеснуваат товарите; сепак Господ не сметаше дека е соодветно да ги избави од ропство.
16 И се случи тие да започнат да напредуваат по степени во земјата, и започнаа да собираат жито поизобилно, и стада, и крда, така што не страдаа со глад.
17 Сега постоеше голем број на жени, повеќе отколку што имаше мажи; затоа царот Лимхи заповеда секој маж да даде за издржување на вдовиците и нивните деца, за да не умрат од глад; и тие го сторија ова поради големината на нивниот број кои беа убиени.
18 Сега народот на Лимхи се држеше заедно во група колку што можеше, и ги обезбедија нивните жита и стада;
19 И самиот цар не се доверуваше себе да биде надвор од ѕидовите на градот, освен ако не ги земеше неговите стражари со него, плашејќи се дека може на некои начини да падне во рацете на Ламанитите.
20 И тој нареди неговиот народ да ја набљудува земјата наоколу, за да можат некако да ги фатат тие свештеници кои избегале во дивината, кои ги беа украле ќерките на Ламанитите, и кои беа предизвикале толку големо уништување да ги стигне.
21 Зашто тие сакаа да ги одведат за да можат да ги казнат; бидејќи беа дошле во земјата на Нефи преку ноќ, и го однесоа нивното жито и многу од нивните скапоцености; затоа ги чекаа во заседа.
22 И се случи повеќе да нема вознемирување помеѓу Ламанитите и народот на Лимхи, дури до времето кога Амон и неговите браќа дојдоа во земјата.
23 И царот одејќи надвор од портите на градот со стражарите, ги откри Амон и неговите браќа; и претпоставувајќи дека се свештеници на Ное, затоа нареди да бидат одведени, и врзани, и фрлени во затвор. А да беа свештениците на Ное тој ќе наредеше да бидат усмртени.
24 Но кога дозна дека не се, туку дека беа негови браќа, и беа дошле од земјата Зарахемла, тој беше исполнет со премногу голема радост.
25 Сега царот Лимхи беше испратил, пред доаѓањето на Амон, мал број на луѓе да ја пребараат земјата Зарахемла; но тие не можеа да ја најдат, и беа изгубени во дивината.
26 Сепак, пронајдоа земја која беше населена; да, земја која беше покриена со суви коски; да, земја која беше населена и која беше уништена; а тие, мислејќи дека се во земјата Зарахемла, се вратија во земјата Нефи, и пристигнаа во границите на земјата не многу дена пред доаѓањето на Амон.
27 И донесоа запис со нив, и тоа запис од народот чии коски беа ги пронашле; и беше врежан на плочите од руда.
28 И сега Лимхи беше повторно исполнет со радост учејќи од устата на Амон дека царот Мосија имаше дар од Бог, со кој може да протолкува такви гравури; да, и Амон исто така се радуваше.
29 Сепак Амон и неговите браќа беа исполнети со тага поради тоа што многу од нивните браќа беа убиени;
30 И исто така дека царот Ное и неговите свештеници беа наредиле народот да изврши толку многу гревови и беззаконија против Бог; и исто така тие жалеа за смртта на Абинади; и исто така за заминувањето на Алма и за народот кој замина со него, кој беше воспоставил Божја црква преку силата и моќта Божја, и верба во зборовите кои беа кажани од Абинади.
31 Да, тие жалеа за нивното заминување, бидејќи не знаеја каде избегаа. Сега со задоволство би им се придружиле, бидејќи тие самите влегоа во завет со Бог да Му служат на Него и да ги одржуваат Неговите заповеди.
32 И сега од доаѓањето на Амон, царот Лимхи исто така беше влегол во завет со Бог, и исто така многу од Неговиот народ, да му служат Него и да ги одржуваат Неговите заповеди.
33 И се случи цар Лимхи и многу од неговиот народ сакаа да бидат крстени; но не постоеше ниту еден во земјата кој имаше власт од Бог. А Амон одби да го прави тоа, сметајќи се за недостоен слуга.
34 Затоа тие во тоа време не се формираа во црква, чекајќи Го Духот на Господ. Сега сакаа да станат како Алма и неговите браќа, кои беа избегале во дивината.
35 Тие посакуваа да бидат крстени како доказ и сведоштво дека се спремни да Му служат на Бог со целите нивни срца; сепак го одложуваа времето; и извештај за нивното крштавање ќе биде даден после.
36 И сега сето настојување на Амон и неговиот народ, и царот Лимхи и неговиот народ, беше да се избават од рацете на Ламанитите и од ропство.