Глава 24
Амулон ги прогонува Алма и неговиот народ—Тие ќе бидат усмртени ако се молат—Господ прави нивните товари да изгледаат лесни—Тој ги избавува од ропство, и тие се враќаат во Зарахемла. Околу 145–120 п.н.е.
1 И се случи Амулон да стекне благонаклонетост во очите на царот на Ламанитите; затоа, царот на Ламанитите му одобри на него и неговите браќа да бидат назначени за учители врз неговиот народ, да, дури и врз народот кој беше во земјата Шемлон, и во земјата Силом, и во земјата Амулон.
2 Зашто Ламанитите беа ги заземале сите овие земји; затоа, царот на Ламанитите назначи цареви врз сите овие земји.
3 И сега името на царот на Ламанитите беше Ламан, наречен по името на неговиот татко; и затоа беше наречен цар Ламан. И тој беше цар врз многуброен народ.
4 И тој назначи учители од браќата на Амулон во секоја земја која беше заземена од неговиот народ; и така јазикот на Нефи беше поучуван помеѓу целиот народ на Ламанитите.
5 И тие беа пријателски народ едни со други; сепак не го познаваа Бог; ниту браќата на Амулон ги поучуваа нешто во врска со Господ нивниот Бог, ниту законот на Мојсеј; ниту ги поучуваа зборовите на Абинади;
6 Туку ги поучија дека треба да го чуваат нивниот запис, и дека можат да си пишуваат едни со други.
7 И така Ламанитите започнаа да се збогатуваат, и започнаа да тргуваат едни со други, и да се зацврстуваат, и започнаа да стануваат лукав и мудар народ, според мудроста на светот, да, многу лукав народ, воодушевувајќи се на секаков вид на пакост и грабеж, освен помеѓу нивните сопствени браќа.
8 И сега се случи Амулон да започне да практикува власт врз Алма и неговите браќа, и започна да го прогонува, и нареди неговите деца да ги прогонуваат нивните деца.
9 Зашто Амулон го знаеше Алма, дека беше еден од царските свештеници, и дека беше тој што веруваше во зборовите на Абинади и беше изведен пред царот, и затоа му беше гневен на него; бидејќи беше поданик на царот Ламан, сепак практикуваше власт врз нив, и им даде задачи, и постави надзорници врз нив.
10 И се случи толку големи да се неговите маки што започнаа силно да Му довикуваат на Бог.
11 И Амулон им заповеда да престанат со нивното довикување; и постави стражари врз нив да ги гледаат, така што секој што беше пронајден повикувајќи се на Бог требаше да биде усмртен.
12 А Алма и Неговиот народ не ги кренаа своите гласови кон Господ нивниот Бог, туку му ги излеваа нивните срца на Него; и Тој ги знаеше мислите на нивните срца.
13 И се случи Господовиот глас да им се приближи во нивните неволји, велејќи: Кренете ги главите и бидете добро утешени, бидејќи Јас знам за заветот кој ми го дадовте Мене; и Јас ќе се заветам со Мојот народ и ќе ги избавам од ропство.
14 И Јас исто така ќе ги олабавам товарите кои се ставени врз вашите рамења, за ни вие да не ги чувствувате на вашите грбови, дури и додека сте во ропство; и Јас ќе го направам ова за да стоите како сведоци за Мене после, и да знаете сигурно дека Јас, Господ Бог, го посетувам Мојот народ во нивните неволји.
15 И сега се случи товарите кои беа положени врз Алма и неговите браќа да бидат лесни; да, Господ ги зацврсти за да можат да ги носат своите товари со леснотија, и се потчинија весело и со трпение кон целата волја на Господ.
16 И се случи толку голема да биде нивната вера и трпение што гласот на Господ повторно дојде при нив, велејќи: Бидете добро утешени, зашто утредента Јас ќе ве избавам од ропство.
17 И Тој му кажа на Алма: Ти ќе одиш пред овој народ, и Јас ќе одам со тебе и ќе го избавам овој народ од ропство.
18 Сега се случи Алма и неговиот народ за време на ноќта ги собраа нивните стада заедно, и исто така нивното жито; да, дури цела ноќ ги собираа своите стада заедно.
19 А наутро Господ предизвика длабок сон да ги стигне Ламанитите; да, и сите нивни надзорници беа во длабок сон.
20 И Алма и неговиот народ заминаа во дивината; и кога беа патувале цел ден ги распнаа нивните шатори во долината, и ја нарекоа долината Алма, бидејќи тој ги водеше во дивината.
21 Да, и во долината Алма тие му ја излеваа својата благодарност на Бог бидејќи Тој беше милостив со нив, и им ги олесни товарите, и беше ги избавил од ропство; бидејќи беа во ропство, и никој не можеше да ги избави освен Господ нивниот Бог.
22 И Му се заблагодарија на Бог, да, сите нивни мажи и сите нивни жени и сите нивни деца што може да зборуваат ги кренаа нивните гласови во пофалбите на нивниот Бог.
23 И сега Господ му кажа на Алма: Побрзај и заедно со овој народ замини од оваа земја, бидејќи Ламанитите се разбудија и те следат; затоа замини од оваа земја, и ќе ги запрам Ламанитите во нивната долина за повеќе да не го следат овој народ.
24 И се случи да заминат од долината, и патуваа во дивината.
25 И откако беа во дивината дванаесет дена пристигнаа во земјата Зарахемла; и царот Мосија исто така ги прими со радост.