Свети Писма
Мосија 10


Глава 10

Цар Ламан умира—Неговиот народ е див и свиреп и верува во лажни традиции—Зениф и неговиот народ преовладуваат против нив. Околу 187–160 п.н.е.

1 И се случи дека почнавме повторно да го воспоставуваме царството и почнавме повторно да ја заземаме земјата во мир. И наредив да се направат оружја за војна од секаков вид, за да имам оружје за мојот народ за времето кога Ламанитите ќе дојдат да војуваат против мојот народ.

2 И јас поставив стражари околу земјата, за да не можат Ламанитите да нѐ напаѓаат повторно неочекувано и да нѐ уништат; и така го чував мојот народ и моите стада, и ги зачував од паѓање во рацете на нашите непријатели.

3 И се случи дека ние ја наследивме земјата на нашите татковци многу години, да, за времето од дваесет и две години.

4 И јас наредив мажите да ја ораат земјата, и да одгледуваат секакви житарици и секакви овошја од секаков вид.

5 И јас наредив жените да предат, и да се трудат, и да работат, и да прават секаков вид на фин лен, да, и платно од секаков вид, за да можеме да ја покриеме нашата голотија; и така ние напредувавме во земјата—така имавме постојан мир во земјата за време од дваесет и две години.

6 И се случи цар Ламан да умре, и неговиот син започна да владее на неговото место. И тој започна да го поттикнува неговиот народ во бунт против мојот народ; затоа започнаа да се подготвуваат за војна, и да доаѓаат да војуваат против мојот народ.

7 Но јас бев испратил мои шпиони околу земјата Шемлон, за да можам да ги откријам нивните подготовки, за да можам да ги заштитам од нив, за да не можат да го нападнат мојот народ и да го уништат.

8 И се случи дека тие дојдоа во северниот дел на земјата Силом, со нивните многубројни војски, мажи вооружени со лакови, и со стрели, и со мечови, и со сабји, и со камења, и со прачки; и тие беа ги избричиле главите така што беа голи; и беа препашани со кожни појаси околу слабините.

9 И се случи да наредам жените и децата од мојот народ да бидат скриени во дивината; а исто јас наредив дека сите стари мажи што можеа да војуваат, а исто сите мои млади мажи што можеа да војуваат, треба да се соберат заедно да одат да се борат против Ламанитите; и јас ги ставив во нивните редови, секој маж според неговата возраст.

10 И се случи дека ние отидовме да се бориме против Ламанитите; и јас, дури и јас, во мојата стара возраст, одев да се борам против Ламанитите. И се случи дека ние одевме со силата на Господ да се бориме.

11 Сега, Ламанитите не знаеа ништо за Господ, ниту за силата Господова, и затоа тие зависеа од својата сопствена сила. Сепак тие беа силен народ, според силата на човек.

12 Тие беа див, и свиреп, и крвожеден народ, верувајќи во традицијата на нивните татковци, што е вака—Веруваа дека тие беа протерани од земјата Ерусалим поради беззаконијата на нивните татковци, и дека тие беа обесправени во дивината од нивните браќа, и исто така тие беа обесправени додека го поминуваа морето;

13 А повторно, дека тие беа обесправени додека живееја во земјата на нивното прво наследство, откако тие беа го преминале морето, и сето тоа бидејќи Нефи беше поверен во одржувањето на заповедите на Господ—затоа тој беше благодатен од Господ, бидејќи Господ ги слушна неговите молитви и ги одговори, и тој го презеде водството на нивното патување во дивината.

14 А неговите браќа беа гневни на него затоа што тие не ги разбраа постапките на Господ; исто така тие беа гневни кон него врз водите затоа што тие ги закоравија нивните срца против Господ.

15 А повторно, тие беа гневни на него кога беа стигнале во ветената земја, затоа што тие рекоа дека тој беше го презел владеењето на народот од нивните раце; а тие бараа да го убијат.

16 А повторно, тие беа гневни на него зашто тој замина во пустината како што Господ беше му заповедал на него, и ги земал записите кои беа гравирани на плочите од месинг, зашто тие рекоа дека тој ги ограбил.

17 И така тие ги поучуваа нивните деца дека треба да ги мразат, и дека треба да ги убијат, и дека треба да ги крадат и да ги ограбуваат, и да прават сѐ што можат да ги уништат; затоа имаат вечна омраза кон децата на Нефи.

18 Поради самата оваа причина цар Ламан, преку неговата лукавост, и итрина со лажење, и неговите убави ветувања, ме измами, да го донесам мојот народ во оваа земја, за тие да можат да го уништат; да, а сме страдале овие многу години во земјата.

19 А сега јас, Зениф, откако му ги кажав сите овие нешта на мојот народ во врска со Ламанитите, јас ги поттикнав да се борат со нивната моќ, ставајќи ја нивната доверба во Господ; затоа, се боревме со нив лице во лице.

20 И се случи дека ги истеравме повторно од нашата земја; и ги убивме во голем колеж, дури и толку многу што не ги броевме.

21 И се случи дека се вративме повторно до својата сопствена земја, и мојот народ повторно започна да ги одгледува своите стада, и да ја ораат нивната земја.

22 А сега јас, бидејќи сум стар, му го доделив царството на еден од моите синови; затоа, јас не зборувам повеќе. И Господ нека го благослови мојот народ. Амин.