Глава 19
Гидеон бара да го убие Царот Ное—Ламанитите ја напаѓаат земјата—Царот Ное доживува смрт од оган—Лимхи владее како вазален монарх. Околу 145–121 п.н.е.
1 И се случи војската на царот да се врати, барајќи го залудно народот на Господ.
2 И сега ете, силите на царот беа мали, зашто беа намалени, и започна да настанува поделба помеѓу остатокот од народот.
3 И помалиот дел започна да изговара закани кон царот, и започна големо препирање помеѓу нив.
4 И сега постоеше човек помеѓу нив чие име беше Гидеон, и тој беше силен човек и непријател на царот, затоа го извлече мечот, и се заколна во неговиот бес дека ќе го убие царот.
5 И се случи дека се бореше со царот; и кога царот виде дека за малку ќе го совладаше, тој избега и истрча и се качи на кулата која беше во близина на храмот.
6 А Гидеон го следеше и сакаше да се качи на кулата да го убие царот, а царот го фрли неговиот поглед наоколу кон земјата Шемлон, и ете, војската на Ламанитите беше во границите на земјата.
7 И сега царот довикуваше со мачење во неговата душа, велејќи: Гидеон, поштеди ме, бидејќи Ламанитите нѐ следат, и тие ќе нѐ уништат; да, тие ќе го уништат мојот народ.
8 И сега царот не беше толку загрижен за неговиот народ како што беше за сопствениот живот; сепак, Гидеон му го поштеди животот.
9 И царот му заповеда на народот дека треба да избегаат пред Ламанитите, и тој самиот одеше пред нив, и тие избегаа во дивината, со своите жени и деца.
10 И се случи Ламанитите да ги следат, и ги престигнаа, и започнаа да ги убиваат.
11 Сега се случи царот да им заповеда дека сите мажи треба да ги остават нивните жени и деца, и да избегаат пред Ламанитите.
12 Сега постоеја многу кои не би ги оставиле, туку попрво би останале и загинале со нив. А остатокот ги оставија нивните жени и деца и избегаа.
13 И се случи дека тие кои живееја со нивните жени и нивните деца направија нивните убави ќерки да стојат и да молат пред Ламанитите за тие да не ги убијат.
14 И се случи Ламанитите да имаат сочувство врз нив, бидејќи беа маѓепсани од убавината на нивните жени.
15 Затоа Ламанитите им ги поштедија животите, и ги заробија и ги одведоа во земјата Нефи, и им дозволија да ја поседуваат земјата, под услов да го предадат царот Ное во рацете на Ламанитите, и да го предадат нивниот имот, дури половина од целиот нивен имот, една половина од нивното злато, и нивното сребро, и сите нивни скапоцени нешта, и така треба да плаќаат данок на царот на Ламанитите од година во година.
16 И сега постоеше еден од синовите на царот помеѓу тие кои беа заробени, чие име беше Лимхи.
17 И сега Лимхи сакаше да не биде уништен татко му; сепак, Лимхи не беше неук за беззаконијата на неговиот татко, а и тој самиот беше праведен човек.
18 И се случи Гидеон да испрати луѓе во дивината тајно, да го бараат царот и оние кои беа со него. И се случи да го видат народот во дивината, сите освен царот и неговите свештеници.
19 Сега тие беа се заколнале во срцата дека ќе се вратат во земјата на Нефи, и ако нивните жени и деца беа убиени, и исто така и оние кои беа живееле со нив, дека ќе бараат одмазда, и исто така ќе загинат со нив.
20 И царот им заповеда да не се враќаат; и тие беа лути на царот, и наредија тој да страда, и тоа со смрт од оган.
21 И исто така беа спремни да ги одведат свештениците и да ги усмртат, и тие избегаа пред нив.
22 И се случи да беа спремни да се вратат во земјата Нефи, и ги сретнаа луѓето на Гидеон. И луѓето на Гидеон им кажаа за сѐ што беше се случило со нивните жени и деца; и дека Ламанитите им беа одобриле да можат да ја поседуваат земјата плаќајќи данок на Ламанитите од една половина од сѐ што поседуваат.
23 И народот му кажа на Гидеон дека беа го убиле царот, и неговите свештеници беа избегале од нив подалеку во дивината.
24 И се случи откако беа ја завршиле церемонијата, се вратија во земјата Нефи, радувајќи се, бидејќи нивните жени и деца не беа убиени; и му кажаа на Гидеон што беа му направиле на царот.
25 И се случи дека царот на Ламанитите им се заколна, дека неговиот народ нема да ги убие.
26 И исто така Лимхи, како син на царот, имајќи го царството доделено од народот, се заколна на царот на Ламанитите дека неговиот народ ќе му плаќа данок на него, и тоа една половина од сѐ што поседуваат.
27 И се случи Лимхи да започне да го воспоставува царството и да воспоставува мир помеѓу неговиот народ.
28 И царот на Ламанитите постави стражари околу земјата, за да може да го задржи народот на Лимхи во земјата, за да не се разделат во дивината; и ги издржуваше неговите стражари од данокот кој го прими од Нефитите.
29 И сега царот Лимхи имаше постојан мир во неговото царство во период од две години, така Ламанитите не им пречеа ниту бараа да ги уништат.