Глава 1Морони ги скратува пишувањата на Етер—Истакнато е родословието на Етер—Јазикот на Јаредитите не е помешан на Вавилонската кула—Господ ветува да ги води во избраната земја и да ги направи голема нација. Глава 2Јаредитите се подготвуваат за нивното патување во ветената земја—Таа е избрана земја во која луѓето мора да Му служат на Христос или да бидат уништени—Господ зборува со братот на Јаред три часа—Јаредитите градат барки—Господ бара од братот на Јаред да предложи како барките ќе бидат осветлени. Глава 3Братот на Јаред го гледа прстот на Господ додека ги допира шеснаесетте камења—Христос му го покажува Своето духовно тело на братот на Јаред—Оние кои имаат совршено знаење не можат да бидат задржани во превезот—Обезбедени се толкувачи за да го изведат записот на Јаредитите на виделина. Глава 4На Морони му е заповедано да ги запечати пишувањата на братот на Јаред—Нема да бидат откриени сѐ додека луѓето немаат вера дури и како братот на Јаред—Христос им заповеда на луѓето да веруваат на Неговите зборови и на оние од Неговите ученици—На луѓето им е заповедано да се покајат, да веруваат во евангелието, и да бидат спасени. Глава 5Тројца сведоци и самото дело ќе бидат како сведоштво за вистината на Книгата на Мормон. Глава 6Барките на Јаредитите се водени од ветриштата кон ветената земја—Народот Го слави Господ за Неговата добрина—Ориха е назначен за цар врз нив—Јаред и неговиот брат умираат. Глава 7Ориха владее во праведност—Среде узурпирање и конфликт, непријателските царства на Шул и Кохор се воспоставени—Пророците ја осудуваат пакоста и идолопоклонството на народот, кој потоа се покајува. Глава 8Постои конфликт и препирање за царството—Акиш основа таен сојуз кој го врзува на заклетва да го убие царот—Тајните сојузи се од ѓаволот и резултираат со уништување на нации—Современи Неевреи се предупредени против таен сојуз кој ќе бара да ја сруши слободата на сите земји, нации, и држави. Глава 9Царството се пренесува од еден на друг преку потекло, интрига, и убиство—Емер Го виде Синот на Праведноста—Многу пророци повикуваат на покајание—Глад и отровни змии го погодуваат народот. Глава 10Еден цар го наследува другиот—Некои од царевите се праведни; други се пакосни—Кога праведноста преовладува, народот е благословен и унапреден од Господ. Глава 11Војни, раздори, и пакост доминираат во животот на Јаредитите—Пророците го предвидуваат целосното уништување на Јаредитите освен ако не се покајат—Народот ги одбива зборовите на пророците. Глава 12Пророкот Етер го охрабрува народот да верува во Бог—Морони раскажува за чудата и зачудувањата направени со вера—Верата му овозможува на братот на Јаред да Го види Христос—Господ им дава на луѓето слабости за да бидат понизни—Братот на Јаред ја помести Планината Зерин со вера—Верата, надежта, и милосрдието се суштински за спасение—Морони Го виде Исус лице во лице. Глава 13Етер зборува за Нов Ерусалим да биде изграден во Америка од потомството на Јосиф—Тој пророкува, отфрлен е, ја пишува Јаредитската историја, и го претскажува уништувањето на Јаредитите—Војна беснее низ целата земја. Глава 14Беззаконието на народот носи клетва врз земјата—Кориантумир се впушта во војување против Гилеад, потоа Лид, и после Шиз—Крв и колеж ја покриваат земјата. Глава 15Милиони од Јаредитите се убиени во борба—Шиз и Кориантумир го собираат целиот народ во смртоносна борба—Господовиот Дух престанува да се стреми со нив—Јаредитската нација е целосно уништена—Само Кориантумир останува.