Свети Писма
Етер 11


Глава 11

Војни, раздори, и пакост доминираат во животот на Јаредитите—Пророците го предвидуваат целосното уништување на Јаредитите освен ако не се покајат—Народот ги одбива зборовите на пророците.

1 И се појавија исто така во деновите на Ком многу пророци, и пророкуваа за уништување на тој голем народ освен ако не се покае, и заврти кон Господ, и ги остават нивните убиства и пакост.

2 И се случи пророците да бидат одбиени од народот, и избегаа кај Ком за заштита, бидејќи народот сакаше да ги уништи.

3 И му пророкуваа на Ком многу нешта; и тој беше благословен во остатокот од неговите денови.

4 И тој доживеа до стара возраст, и го роди Шиблом; и Шиблом владееше на негово место. И братот на Шиблом се побуни против него, и започна да има прекумерно голема војна во сета земја.

5 И се случи братот на Шиблом да направи сите пророци кои пророкуваа за уништувањето на народот да бидат усмртени;

6 И имаше голема неволја во целата земја, бидејќи сведочеа дека голема клетва ќе ја стигне земјата, и исто народот, и исто дека ќе има големо уништување помеѓу нив, такво какво што никогаш не било на лицето на земјата, и нивните коски ќе станат како купишта земја врз лицето на земјата ако не се покајат од нивната пакост.

7 И тие не го послушаа Господовиот глас, поради нивните пакосни сојузи; заради што, започнаа да се водат војни и препирања во целата земја, и исто многу глад и чума, толку што постоеше големо уништување, такво какво што никогаш не било познато на лицето на земјата; и сето ова се случи во деновите на Шиблом.

8 И народот започна да се покајува за своето беззаконие; и колку што се покајуваа Господ имаше милост врз нив.

9 И се случи Шиблом да биде убиен, а Сет беше заробен, и живееше во заробеништво сите негови денови.

10 И се случи Аха, неговиот син, да го добие царството; и владееше врз народот сите негови денови. И правеше секаков вид на беззаконие сите негови денови, со што предизвика многу крвопролевање; а неговите денови не беа многу.

11 И Етем, кој беше потомок на Аха, го стекна царството; и исто така го направи тоа што беше пакосно во неговите денови.

12 И се случи во деновите на Етем да се појават многу пророци, и повторно му пророкуваа на народот; да, пророкуваа дека Господ целосно ќе ги уништи од лицето на земјата освен ако не се покајат од нивните беззаконија.

13 И се случи народот да ги закорави срцата, и не ги послушаа нивните зборови; и пророците жалеа и се повлекоа од народот.

14 И се случи Етем да спроведува пакосни пресуди сите негови денови; и го роди Морон. И се случи Морон да владее на негово место; и Морон го правеше тоа што беше пакосно пред Господ.

15 И се случи да се крене бунт помеѓу народот, поради тој таен сојуз кој беше создаден да стекне моќ и добивка; и се крена моќен човек помеѓу нив во беззаконието, и му приреди борба на Морон, со што го сруши половина од царството; и одржа половина од царството многу години.

16 И се случи Морон да го симне, и повторно го доби царството.

17 И се случи да се појави уште еден моќен човек; и тој беше потомок на братот на Јаред.

18 И се случи да го симне од престолот Морон и да го стекне царството; заради што, Морон живееше во заробеништво во остатокот од неговите денови; и го роди Кориантор.

19 И се случи Кориантор да живее во заробеништво сите негови денови.

20 И во деновите на Кориантор исто така се појавија многу пророци, и пророкуваа за големи и зачудувачки нешта, и го повикуваа народот на покајание, и ако не се покајат Господ Бог би спроведувал пресуда против нив за нивно целосно уништување;

21 И дека Господ Бог би испратил односно доведел друг народ да ја поседува земјата, со Негова моќ, според начинот на кој Тој ги доведе нивните татковци.

22 И тие ги одбија сите зборови на пророците, поради нивното тајно здружение и пакосни одвратности.

23 И се случи Кориантор да го роди Етер, и тој умре, живеејќи во заробеништво сите негови денови.