Свети Писма
Етер 4


Глава 4

На Морони му е заповедано да ги запечати пишувањата на братот на Јаред—Нема да бидат откриени сѐ додека луѓето немаат вера дури и како братот на Јаред—Христос им заповеда на луѓето да веруваат на Неговите зборови и на оние од Неговите ученици—На луѓето им е заповедано да се покајат, да веруваат во евангелието, и да бидат спасени.

1 И Господ му заповеда на братот на Јаред да се симне од планината од Господовото присуство, и да ги напише нештата кои Тој ги виде; и беше забрането да се појават кај човечките деца сѐ додека Тој не биде кренат на крстот; и поради оваа причина царот Мосија ги чуваше, да не се појават во светот сѐ додека Христос не му се покаже Самиот на Неговиот народ.

2 И кога Христос навистина му се покажа Самиот на Неговиот народ Тој заповеда да бидат покажани.

3 И сега, после тоа, сите западнаа во неверување; и нема никој освен Ламанитите, и тие го одбија евангелието на Христос; затоа ми беше заповедано да ги скријам повторно во земјата.

4 Ете, ги напишав врз овие плочи истите нешта што братот на Јаред ги виде; и никогаш немаше поголеми нешта прикажано од оние кои му беа прикажани на братот на Јаред.

5 Заради што Господ ми заповеда да ги напишам; и ги напишав. И Тој ми заповеда да ги запечатам; и Тој исто така ми заповеда да го запечатам нивното толкување; заради што ги запечатив толкувачите, според Господовата заповед.

6 Зашто Господ ми кажа: Тие нема да се појават кај Неевреите сѐ до денот кога ќе се покајат за нивното беззаконие, и станат чисти пред Господ.

7 И на тој ден кога ќе практикуваат вера во Мене, кажа Господ, како што направи братот на Јаред, за да можат да бидат осветени во Мене, тогаш Јас ќе им ги покажам нештата што братот на Јаред ги виде, дури до откривање на сите Мои откровенија, кажа Исус Христос, Синот Божји, Отецот на небесата и земјата, и сите нешта кои се во нив.

8 И тој што ќе се препира против Господовото слово, нека биде проклет; и оној што ќе ги негира овие нешта, нека биде проклет; бидејќи на нив Јас нема да им покажам поголеми нешта, кажа Исус Христос; бидејќи Јас сум Тој што зборува.

9 И на Моја заповед небесата се отвора и затвора; и според Мојот збор земјата ќе се тресе; и на Моја заповед тамошните жители ќе починат, и тоа дури со оган.

10 И оној што не им верува на Моите зборови не им верува на Моите ученици; и ако се случи да не зборувам, пресудете вие; бидејќи ќе знаете дека тоа сум Јас што зборувам, на последниот ден.

11 Но оној што верува во овие нешта кои ги кажав, него ќе го посетам со прикажувањата на Мојот Дух, и тој ќе знае и сведочи. Зашто поради Мојот Дух ќе знае дека овие нешта се вистинити; бидејќи ги убедува луѓето да прават добро.

12 И што и да ги убедува луѓето да прават добро е од Мене; бидејќи доброто не доаѓа од никого туку од Мене. Јас сум истиот Кој ги води луѓето кон сето добро; тој што нема да им верува на Моите зборови нема да Ми верува Мене—дека Јас сум; и тој што нема да верува во Мене нема да верува во Отецот што Ме испрати Мене. Зашто ете, Јас сум Отецот, Јас сум светлината, и животот, и вистината на светот.

13 Дојдете кај Мене, О вие Неевреи, и Јас ќе ви ги покажам поголемите нешта, знаењето кое е скриено поради неверување.

14 Дојдете кај Мене, О ти Израелов доме, и ќе ти биде прикажано колку големи нешта Отецот постави за тебе, од основањето на светот; и не дојде кај тебе, поради неверување.

15 Ете, кога ќе го скинете тој превез на неверување што предизвика да останете во вашата ужасна состојба на пакост, и тежина на срцето, и заслепеност на умот, тогаш големите и зачудувачки нешта кои беа скриени од основањето на светот од вас—да, кога ќе Го повикате Отецот во Мое име, со скршено срце и покајнички дух, тогаш ќе знаете дека Отецот се сети на заветот кој Тој го направи со вашите татковци, О Израелов доме.

16 И тогаш Моите откровенија кои Јас направив да бидат напишани од Мојот слуга Јован ќе бидат откриени во очите на сиот народ. Запомнете, кога ќе ги видите овие нешта, ќе знаете дека времето е сега кога ќе бидат прикажани во самото дело.

17 Затоа, кога ќе го добиете овој запис можете да знаете дека делот на Отецот започна врз сето лице на земјата.

18 Затоа, покајте се сите вие краишта на земјата, и дојдете кај Мене, и верувајте во Моето евангелие, и бидете крстени во Мое име; бидејќи тој што верува и што е крстен ќе биде спасен; но тој што не верува ќе биде проклет; и знаци ќе ги следат тие кои веруваат во Моето име.

19 И благословен е оној кој се смета за верен на Моето име во последниот ден, бидејќи ќе биде кренат да живее во царството подготвено за него од основањето на светот. И ете, тоа сум Јас што го кажав тоа. Амин.