Глава 15
Милиони од Јаредитите се убиени во борба—Шиз и Кориантумир го собираат целиот народ во смртоносна борба—Господовиот Дух престанува да се стреми со нив—Јаредитската нација е целосно уништена—Само Кориантумир останува.
1 И се случи кога Кориантумир беше закрепнал од своите рани, започна да се сеќава на зборовите кои Етер му ги рече.
2 Тој виде дека речиси два милиони од неговиот народ беше убиен од меч, и започна да тагува во срцето; да, два милиона моќни мажи беа убиени, и исто нивните жени и деца.
3 Тој започна да се покајува за злото што го направи; започна да се сеќава на зборовите кои беа кажани од устите на сите пророци, и гледаше дека досега беа исполнети, до секоја точка; и неговата душа жалеше и одби да биде утешена.
4 И се случи да му напише писмо на Шиз, посакувајќи да го поштеди народот, и ќе го предаде царството за доброто на животите на луѓето.
5 И се случи кога Шиз го беше примил неговото писмо му напиша писмо на Кориантумир, дека ако се предаде, да може да го убие со сопствениот меч, дека ќе ги поштеди животите на луѓето.
6 И се случи народот да не се покае за нивните беззаконија; и народот на Кориантумир беа наведени на бес против народот на Шиз; и народот на Шиз беше наведен на гнев против народот на Кориантумир; заради што, народот на Шиз му приреди борба на народот на Кориантумир.
7 И кога Кориантумир виде дека наскоро ќе падне, тој повторно побегна пред народот на Шиз.
8 И се случи да дојде до водите на Риплианкум, кои, преку толкување, се големи, односно надминуваат сѐ; заради што, кога пристигнаа кај овие води ги распнаа нивните шатори; и Шиз исто така ги распна неговите шатори близу нив; и затоа следниот ден дојдоа да се борат.
9 И се случи да водеа прекумерно тешка битка, во која Кориантумир повторно беше ранет, и тој се онесвести со губење на крв.
10 И се случи дека војските на Кориантумир ги притиснаа војските на Шиз што ги победија, така што предизвикаа да бегаат пред нив; и тие бегаа на југ, и ги распнаа нивните шатори на место кое се викаше Огат.
11 И се случи војската на Кориантумир да ги распне шаторите покрај ридот Рамах; и тоа беше тој ист рид каде мојот татко Мормон ги скри записите кај Господ, кои беа свети.
12 И се случи да го соберат заедно целиот народ врз лицето на земјата, кој не беше убиен, освен Етер.
13 И се случи Етер да ги гледа сите дела на народот; и виде дека народот кој беше за Кориантумир беа собрани заедно со војската на Кориантумир; а народот кој беше со Шиз беше собран заедно со војската на Шиз.
14 Заради што, за период од четири години тие го собираа народот, за да можат да ги соберат сите кои беа на лицето на земјата, и за да ја добијат сета сила која беше возможна за нив да ја добијат.
15 И се случи кога сите беа собрани заедно, секој во војската која сака, со нивните жени и деца—и мажи, жени и деца наоружани со воени оружја, имајќи штитови, и панцири, и шлемови, и облечени според начин за војна—маршираа напред едни против други за да се борат; и се бореа цел ден, и не победија.
16 И се случи кога се стемни тие беа уморни, и се повлекоа во нивните логори и откако се повлекоа во логорите завиваа и жалеа за загубата на убиените од нивниот народ; и толку големи беа нивните плачови, нивните завивања и оплакувања, што прекумерно го сечеа воздухот.
17 И се случи следниот ден повторно да одат да се борат, и голем и ужасен беше тој ден; сепак, не победија, и кога повторно дојде ноќта го сечеа воздухот со нивните плачови, и нивните завивања, и нивните оплакувања, поради загубата на убиените на нивниот народ.
18 И се случи Кориантумир повторно да му напише писмо на Шиз, посакувајќи тој да не дојде повторно за борба, туку дека ќе го заземе царството, и поштеди животите на народот.
19 Но ете, Господовиот дух престана да се стреми со нив, и Сатаната имаше целосна моќ врз срцата на народот; бидејќи беа предадени на тврдината на нивните срца, и заслепеноста на нивните умови за да можат да бидат уништени; заради што повторно заминаа да се борат.
20 И се случи да се борат сиот тој ден, и кога дојде ноќта спиеја врз своите мечеви.
21 И следниот ден се бореа додека да се стемни.
22 И кога дојде ноќта беа пијани од гнев, и тоа како што човек е пијан од вино; и повторно спиеја врз своите мечеви.
23 И следниот ден повторно се бореа; и кога дојде ноќта сите паднаа од мечот освен педесет и двајца од народот на Кориантумир, и шеесет и девет од народот на Шиз.
24 И се случи да спијат врз мечевите таа вечер, и следниот ден повторно се бореа, и се препираа со нивната моќ со нивните мечеви и со нивните штитови, целиот тој ден.
25 И кога дојде ноќта имаше триесет и двајца од народот на Шиз, и дваесет и седум од народот на Кориантумир.
26 И се случи да јадат и спијат, и се подготвија за смрт следниот ден. И беа големи и моќни луѓе според човечката сила.
27 И се случи да се борат во период од три часа, и се онесвестија од загубата на крв.
28 И се случи кога војниците на Кориантумир добија доволно сила да можат да одат, посакаа да избегаат за нивните животи; но ете, Шиз стана и исто неговите војници, и се заколна во неговиот бес дека ќе го убие Кориантумир или ќе загине од мечот.
29 Заради што, ги гонеше и следниот ден ги стигна; и се бореа повторно со мечот. И се случи кога сите тие паднаа од мечот, освен Кориантумир и Шиз, ете Шиз се беше онесвестил од загубата на крв.
30 И се случи кога Кориантумир се беше потпрел на својот меч, дека одмараше малку, тој му ја пресече главата на Шиз.
31 И се случи откако му ја пресече главата на Шиз, Шиз се крена на рацете и падна; и откако се мачеше за здив, умре.
32 И се случи Кориантумир да падне на земјата, и изгледаше како да не е жив.
33 А Господ му зборуваше на Етер, и му кажа: Оди напред. И тргна напред, и виде дека Господовите зборови сите беа исполнети; и ги заврши записите; (а стотиот дел не го напишав) и ги скри на начин така што народот на Лимхи ги најде.
34 Сега последните зборови кои се напишани од Етер се овие: Без разлика дали Господ сака да бидам воздигнат, или да ја претрпам Господовата волја во тело, не е важно, ако значи дека сум спасен во Божјето царство. Амин.