Свети Писма
Етер 5


Глава 5

Тројца сведоци и самото дело ќе бидат како сведоштво за вистината на Книгата на Мормон.

1 И сега јас, Морони, ги напишав зборовите кои ми беа заповедани, според моето сеќавање; и ви ги кажав нештата кои ги запечатив; затоа не допирајте ги со цел да ги преведете; бидејќи тоа ви е забрането, освен во времето кога ќе биде според Божјата мудрост.

2 И ете, може да бидеш привилегиран да им ги покажеш плочите на оние кои ќе помогнат да се истакне ова дело;

3 И на тројца ќе им бидат покажани преку Божјата моќ; заради што со сигурност ќе знаат дека овие нешта се вистини.

4 И преку устите на тројца сведоци ќе бидат потврдени овие нешта; и сведоштвото на тројца, и ова дело, преку кое ќе биде прикажана Божјата моќ и исто така Неговото слово, за кое сведочат Отецот, и Синот, и Светиот Дух—и сето ова ќе стои како сведоштво против светот на последниот ден.

5 И ако се случи да се покајат и да дојдат при Отецот во името на Исус, ќе бидат примени во Божјото царство.

6 И сега, ако немам власт за овие нешта, пресудете вие; бидејќи ќе знаете дека имам власт кога ќе ме видите, и ќе стоиме пред Бог на последниот ден. Амин.