Свети Писма
Етер 10


Глава 10

Еден цар го наследува другиот—Некои од царевите се праведни; други се пакосни—Кога праведноста преовладува, народот е благословен и унапреден од Господ.

1 И се случи Шез, кој беше потомок на Хет—бидејќи Хет загине од гладот, и целото негово домаќинство освен Шез—заради што, Шез започна повторно да го гради скршениот народ.

2 И се случи Шез да го запомни уништувањето на неговите татковци, и изгради праведно царство; бидејќи се сети на она што Господ направи кога ги доведе Јаред и брат му преку длабочината; и чекореше по патиштата на Господ; и тој имаше синови и ќерки.

3 И неговиот најстар син, чие име беше Шез, се побуни против него; сепак, Шез беше удрен од раката на крадецот, поради неговите прекумерни богатства, што повторно му донесоа мир на татко му.

4 И се случи татко му да изгради многу градови врз лицето на земјата, и народот повторно започна да се шири врз целото лице на земјата. И Шез живееше до премногу стара возраст; и го роди Риплакиш. И тој умре, а Риплакиш владееше на негово место.

5 И се случи Риплакиш да не го прави тоа што беше правилно во очите на Господ, бидејќи имаше многу жени и конкубини, и го положи тоа што беше тешко врз човеките раменици да се носи; да, тој ги оданочуваше со тешки даноци; и со даноците изгради многу пространи градби.

6 И тој си подигна премногу убав престол; и изгради многу затвори, и кој и да не подлежеше на даноци, тој го фрлаше во затвор; и кој и да не можеше да плати даноци тој го фрлаше во затвор; и ги натера да работат постојано за нивно издржување; и кој одбиваше да работи тој предизвикуваше да биде усмртен.

7 Заради што тој ги стекна сите негови убави дела, да, и тоа негово убаво злато нареди да биде прочистено во затвор; и секаков вид на фина изработка нареди да биде направена во затвор. И се случи да го погоди народот со неговите блудства и одвратности.

8 И кога владееше за период од четириесет и две години народот се крена на бунт против него; и повторно започна да има војна во земјата, толку што Риплакиш беше убиен, и неговите потомци беа протерани од земјата.

9 И се случи после многу години, Мориантон, (потомок на Риплакиш) собра заедно војска на отфрлени и тргна и се бореше со народот; и стекна моќ врз многу градови; а војната стана премногу тешка, и траеше во период од многу години; и тој стекна моќ врз сета земја, и се постави како цар на целата земја.

10 И откако тој се постави за цар, му го олесна товарот на народот, преку кој стекна благонаклонетост во очите на народот, и тие го помазаа да биде нивниот цар.

11 И спроведуваше правда кај народот, но не за себе поради многуте негови блудства; заради што беше отсечен од Господовото присуство.

12 И се случи Мориантон да изгради многу градови, и народот стана премногу богат под неговото владеење, и во градби, и во злато и сребро, и во одгледување жито, и во стада, и крда, и такви нешта што им беа обновени.

13 И Мориантон живееше до премногу стара возраст, и тогаш го роди Ким; а Ким владееше на местото на татко му; и владееше осум години, и неговиот татко умре. И се случи Ким да не владее праведно, заради што на Господ не Му беше благонаклонет.

14 И неговиот брат се крена на бунт против него, со што го доведе во ропство; и остана во заробеништво сите негови денови; и роди синови и ќерки во заробеништво, и на стари години го роди Леви; и тој умре.

15 И се случи Леви да служеше во заробеништво по смртта на татко му, за период од четириесет и две години. И направи војна против царот на земјата, преку што си го стекна царството.

16 И откако тој го стекна царството го направи тоа што е праведно во очите на Господ; и народот напредуваше во земјата; и тој живееше до стара возраст, и роди синови и ќерки; и исто така го роди Кором, кого го помаза за цар на негово место.

17 И се случи Кором да го направи тоа што е добро во очите на Господ сите негови денови; и роди многу синови и ќерки; и откако помина многу денови почина, и тоа како остатокот од земјата; и Киш владееше на негово место.

18 И се случи исто така и Киш да почине, а Либ владееше на негово место.

19 И се случи Либ да го направи исто така тоа што беше добро во очите на Господ. И во деновите на Либ отровните змии беа уништени. Заради што отидоа во земјата на југ, да ловат храна за народот на земјата, бидејќи земјата беше покриена со шумски животни. И самиот Либ, исто така, стана голем ловец.

20 И тие изградија голем град преку тесниот премин на земјата, на местото каде морето ја дели земјата.

21 И ја зачуваа земјата на југ како дивина, да стекнат плен. И целото лице на земјата на север беше покриено со жители.

22 И беа прекумерно трудољубиви, и купуваа и продаваа и тргуваа едни со други, за да стекнат добивка.

23 И тие работеа со секаков вид на руда, и правеа злато, и сребро, и железо, и месинг, и секаков вид на метали; и копаа од земјата; заради што, собираа големи купови на земја за да соберат руда, од злато, од сребро, од железо, од бакар. И изработуваа секаков вид на фина изработка.

24 И тие имаа свили, и фино преден лен; и изработуваа секаков вид на облеки, за да ја облечат голотијата.

25 И изработуваа секаков вид на алати за да ја обработуваат земјата, и да ја ораат и за да ја сеат, да ја жнеат и да ја копаат, и исто да ја наѓубрат.

26 И правеа секаков вид на алати за работа со ѕверови.

27 И правеа секаков вид на воени оружја. И правеа секаков вид на изработки од прекумерно љубопитна изработка.

28 И ниту еден народ не можеше да биде поблагословен од нив, и поунапреден од Господовата рака. И беа во земја што беше одбрана земја над сите други земји, бидејќи Господ го кажа тоа.

29 И се случи Либ да живее многу години, и имаше синови и ќерки; и го роди Хартом.

30 И се случи Хартом да владее на местото на татко му. И кога Хартом владееше дваесет и четири години, ете, царството му беше одземено. И тој помина многу години во заробеништво, да, дури и остатокот од неговите денови.

31 И на него му се роди Хет, а Хет живееше во ропство сите негови денови. И на Хет му се роди Арон, и Арон живееше во заробеништво сите негови денови; и му се роди Амнигада, и Амнигада исто така живееше во заробеништво сите негови денови; и му се роди Кориантум, и Кориантум живееше во заробеништво сите негови денови; и го роди Ком.

32 И се случи Ком да повлече половина од царството. И владееше над половина од царството четириесет и две години; и тргна да се бори против царот, Амгид, и се бореа многу години, така што Ком стекна моќ врз Амгид, и стекна моќ врз остатокот на царството.

33 И во деновите на Ком започнаа да се појавуваат разбојници во земјата; и ги присвоија старите планови, и послужуваа заклетви според начинот на древните, и повторно бараа да го уништат царството.

34 Сега Ком многу се бореше против нив; сепак, тој не преовлада врз нив.