Словата на Мормон
Глава 1
Мормон ги скратува големите плочи на Нефи—Тој ги става малите плочи со другите плочи—Цар Венијамин воспостава мир во земјата. Околу 385 н.е.
1 И сега јас, Мормон, бидејќи сум спремен да го предадам записот што го водев во рацете на мојот син Морони, ете сведочев за речиси сето уништување на мојот народ, Нефитите.
2 И многу стотици години после доаѓањето на Христос ги предавам овие записи во рацете на мојот син, и мислам дека тој ќе го посведочи целосното уништување на мојот народ. Но нека Бог му дозволи да го преживее, за тој да може да пишува нешто во врска со нив, и нешто во врска со Христос, за можеби еден ден тоа да има вредност за нив.
3 И сега, говорам нешто за тоа што напишав; затоа што откако бев го направил скратеното издание од плочите на Нефи, до владеењето на овој цар Венијамин, за кого говореше Амаликиј, барав во записите кои ми беа предадени во рацете, и ги најдов оние плочи, што го содржеа овој мал извештај на пророците, од Јаков до владеењето на овој цар Венијамин, а и многу од зборовите на Нефи.
4 И нештата кои се врз овие плочи ми се пријатни, заради пророштвата за доаѓањето на Христос; и моите татковци знаеја дека многу од нив беа исполнети; да, исто и знам дека онолку нешта колку што биле пророкувани во врска со нас до денешен ден беа исполнети, и онолку колку што се подалеку од денешниот ден мора сигурно да се случат—
5 Затоа, ги одбрав овие нешта, да го завршам мојот запис врз нив, и остатокот на мојот запис ќе го земам од плочите на Нефи; и не можам да го напишам стотиот дел од нештата на мојот народ.
6 Но ете, ќе ги земам овие плочи, што ги содржат оние пророштва и откровенија, и ќе ги ставам со остатокот од мојот запис, зашто се одбрани за мене; и знам ќе бидат одбрани за моите браќа.
7 И го правам ова за мудра цел; зашто така ми шепоти, според делувањата на Духот Господов кој е во мене. И сега, не ги знам сите нешта; но Господ ги знае сите нешта кои следат; затоа, Тој делува во мене да постапувам според Неговата волја.
8 И мојата молитва кон Бог е за моите браќа, дека можат повторно да дојдат кон знаењето за Бог, да, искупувањето на Христос; дека можат повторно да бидат восхитувачки народ.
9 И сега јас, Мормон, продолжувам да го завршам мојот запис, што го земам од плочите на Нефи; и го правам според знаењето и разбирањето што Бог ми го дал.
10 Затоа, се случи откако Амаликиј беше ги предал овие плочи во рацете на цар Венијамин, тој ги зел и ги ставил со другите плочи, кои содржеа записи кои биле предадени од царевите, од поколение до поколение до деновите на цар Венијамин.
11 И тие беа предадени од цар Венијамин, од поколение до поколение додека не паднаа во моите раце. И јас, Мормон, Му се молам на Бог дека тие можат да бидат зачувани отсега натаму. И знам дека тие ќе бидат зачувани; зашто на нив се напишани големи нешта, од кои мојот народ и нивните браќа ќе бидат судени на големиот и последен ден, според словото на Бог кое е напишано.
12 И сега, за овој цар Венијамин—имаше некакви препирања меѓу неговиот сопствен народ.
13 И се случи исто војските на Ламанитите се симнаа од земјата на Нефи, да се борат против неговиот народ. Но ете, цар Венијамин ги собра заедно неговите војски, и тој застана против нив; и се бореше со силата на неговата сопствена рака, со мечот на Лабан.
14 И во силата на Господ тие се препираа против своите непријатели, додека не беа убиле многу илјадници од Ламанитите. И се случи да се препираа против Ламанитите додека не ги беа протерале од сите земји на нивното наследство.
15 И се случи откако имаше лажни Христоси, и нивните усти беа затворени, и беа казнети според нивните злосторства;
16 И откако имаше лажни пророци, и лажни проповедници и учители меѓу народот, и сите овие беа казнети според нивните злосторства, и откако имаше многу препирања и многу раздори надвор кај Ламанитите, ете, се случи цар Венијамин, со помошта на светите пророци кои беа среде неговиот народ—
17 Зашто ете, цар Венијамин беше свет човек, и тој владееше над својот народ со праведност; и имаше многу свети луѓе во земјата, и тие го говореа словото Божјо со моќ и власт; и користеа многу острина поради вкочанетоста на народот—
18 Затоа, со помошта на овие луѓе, цар Венијамин, трудејќи се со сета сила на телото свое и способноста на целата негова душа, а исто така и пророците, уште еднаш воспостави мир во земјата.