Глава 1Амарон го упатува Мормон во врска со светите записи—Војна почнува помеѓу Нефитите и Ламанитите—Трите Нефити се одземени—Пакост, неверување, волшебништво, и вештерство преовладуваат. Околу 321–326 н.е. Глава 2Мормон ги води Нефитските војски—Крв и колеж ја зафаќаат земјата—Нефитите плачат и жалат со тага на проклетите—Нивниот ден на благодат помина—Мормон ги зема плочите на Нефи—Војните продолжуваат. Околу 327–350 н.е. Глава 3Мормон извикува покајание на Нефитите—Тие добиваат голема победа и слават во нивната сопствена сила—Мормон одбива да ги води, и неговите молитви за нив се без вера—Книгата на Мормон ги поканува дванаесетте племиња на Израел да веруваат во евангелието. Околу 360–362 н.е. Глава 4Војната и колежот продолжуваат—Пакосните ги казнуваат пакосните—Поголемата пакост преовладува како никогаш порано во целиот Израел—Жени и деца се жртвувани на идоли—Ламанитите започнуваат да ги бришат Нефитите пред нив. Околу 363–375 н.е. Глава 5Мормон повторно ги води Нефитските војски во битки на крв и колеж—Книгата на Мормон ќе се појави да го убеди целиот Израел дека Исус е Христос—Поради нивното неверување, Ламанитите ќе бидат распрснати, и Духот ќе престане да се стреми со нив—Тие ќе го примат евангелието од Неевреите во подоцнежните денови. Околу 375–384 н.е. Глава 6Нефитите се собираат во земјата Кумора за последните битки—Мормон ги крие тајните записи на ридот Кумора—Ламанитите се победници, а Нефитската нација е уништена—Стотици илјади се убиени со меч. Околу 385 н.е. Глава 7Мормон ги поканува Ламанитите од последните денови да веруваат во Христос, да го прифатат Неговото евангелие, и да бидат спасени—Сите што веруваат во Библијата исто така ќе веруваат и во Книгата на Мормон. Околу 385 н.е. Глава 8Ламанитите ги бараат и ги уништуваат Нефитите—Книгата на Мормон ќе се појави преку Божјата моќ—Неволја се прогласува на оние кои издишуваат бес и конфликт против Господовото дело—Записот на Нефитите ќе се појави во ден на пакост, изопаченост, и отпадништво. Околу 400–421 н.е. Глава 9Морони ги повикува оние кои не веруваат во Христос да се покајат—Тој прогласува за Бог на чудата, кој дава отрковенија и излева дарови и знаци на верните—Чудата престануваат поради неверувањето—Знаците ги следат оние кои веруваат—Луѓето се охрабрени да бидат мудри и да ги одржуваат заповедите. Околу 401–421 н.е.