Глава 2
Мормон ги води Нефитските војски—Крв и колеж ја зафаќаат земјата—Нефитите плачат и жалат со тага на проклетите—Нивниот ден на благодат помина—Мормон ги зема плочите на Нефи—Војните продолжуваат. Околу 327–350 н.е.
1 И се случи во истата година да почне војна повторно помеѓу Нефитите и Ламанитите. И иако јас бев млад, бев голем во раст; затоа Нефитскиот народ ме назначија да бидам нивен водач, односно водач на нивните војски.
2 Затоа се случи дека во мојата шестнаесетта година, тргнав на чело на војската на Нефитите, против Ламанитите; затоа беа поминале триста дваесет и шест години.
3 И се случи дека во триста дваесет и седмата година Ламанитите нѐ нападнаа со прекумерно голема сила, толку што тие ги заплашија моите војски; затоа моите војски не би се бореле, и почнаа да се повлекуваат кон северните земји.
4 И се случи дека пристигнавме во градот Ангола, и го зазедовме градот, а се подготвивме да се заштитиме од Ламанитите. И се случи дека го зајакнавме градот со нашата сила; но без оглед на сите наши тврдини, Ламанитите нѐ нападнаа и истераа од градот.
5 И тие исто нѐ истераа од земјата Давид.
6 И ние марширавме и дојдовме на земјата Џошуа, што е во западните граници покрај морскиот брег.
7 И се случи дека ние ги собравме нашите луѓе толку брзо колку што беше можно, за да можеме да ги собереме заедно во една група.
8 Но ете, земјата беше полна со крадци и со Ламанити; и без оглед на големото уништување што висеше над мојот народ, тие не се покајаа од своите зли дела; затоа крв и колеж се проширија низ сето лице на земјата, и на страната на Нефитите и на страната на Ламанитите; и беше едно огромно востание преку сето лице на земјата.
9 И сега, Ламанитите имаа крал, и се викаше Арон; и тој дојде против нас со војска на четириесет и четири илјади. И ете, јас му се спротивставив на него со четириесет и две илјади. И се случи дека јас го победив него со мојата војска така што тој одтрча од мене. И ете, сето ова се стори, и триста и триесет години беа поминале.
10 И се случи дека Нефитите почнаа да се покајуваат од своето беззаконие, и почнаа да плачат дури како што беше претскажано од пророкот Самуил; и ете никој не можеше да го задржи тоа што било негово, поради крадците, и разбојниците, и убијците, и маѓепсништвата и вештерството што беа во земјата.
11 И така почнаа оплакување и жалење во сета земја поради овие нешта, а особено меѓу Нефитскиот народ.
12 И се случи дека јас, Мормон, кога го видов нивното жалење и оплакување пред Господ, моето срце почна да се радува во мене, знаејќи ги милостите и макотрпноста на Господ, затоа претпоставив дека Тој би бил милостив кон нив така што тие повторно би станале праведен народ.
13 Но ете, оваа моја радост беше залудна бидејќи нивното жалење не беше кон покајание, заради добрината на Бог; туку тоа беше жалењето на проклетите, бидејќи Господ не секогаш им дозволуваше на нив да бидат среќни во своите гревови.
14 И тие не Му доаѓаа на Исус со скршени срца и искрени духови, туку тие Го проколнаа Бог, и посакуваа да умираат. Сепак, тие би се бореле со мечот за своите животи.
15 И се случи дека мојата тага ми се врати повторно, и јас сфатив дека нивниот ден за благодатта беше поминал, и временски и духовно; зашто видов илјадници од нив убиени во отворен бунт против својот Бог, и тие беа ставени во купови како измет врз лицето на земјата. И така триста четириесет и четири години беа поминале.
16 И се случи дека во триста четириесет и петтата година Нефитите почнаа да бегаат од Ламанитите; а беа гонети сѐ додека не пристигнаа до земјата Јашон, пред да беше можно да се запрат во нивното повлекување.
17 И сега, градот Јашон бил блиску до земјата каде Амарон ги беше поставил записите во Господ, за да не бидат уништени. И ете јас отидов според зборот на Амарон, и ги зедов плочите на Нефи, и направив запис според зборовите на Амарон.
18 И на плочите на Нефи, направив целосен извештај за сета пакост и одвратности; но на овие плочи се воздржав да направам целосен извештај на нивната пакост и одвратности, бидејќи ете, една постојана глетка на пакост и одвратности била пред моите очи откако бев доволно стар да ги здогледам човечките патишта.
19 И тешко мене заради нивната пакост, зашто моето срце било полно со тага заради нивната пакост, сите мои денови; сепак, знам дека ќе бидам воздигнат во последниот ден.
20 И се случи дека во оваа година Нефитскиот народ пак беше ловен и истеран. И се случи дека бевме истерани сѐ додека не дојдовме на северот до земјата што се вика Шем.
21 И се случи дека го утврдивме градот Шем, и ги собравме нашите луѓе толку колку што беше можно, за можеби да ги спасиме од уништување.
22 И се случи дека во триста четириесет и шестта година тие почнаа да нѐ напаѓаат повторно.
23 И се случи дека јас им зборував на моите луѓе, и ги поттикнав со голема енергија да издржат храбро против Ламанитите и да се борат за нивните жени, и нивните деца, и нивните куќи, и нивните домови.
24 И моите зборови ги предизвикаа нив да бидат храбри, толку што тие не бегаа од пред Ламанитите, туку тие застанаа со смелост против нив.
25 И се случи да се бориме со војска на триесет илјади против војска на педесет илјади. И се случи дека застанавме пред нив со таква цврстина што тие избегаа од пред нас.
26 И се случи дека штом тие побегнаа, ние ги бркавме со нашите војски, и ги сретнавме повторно, и ги победивме; сепак Господовата сила не беше со нас; да, бевме оставени сами, така што Господовиот Дух не остануваше во нас; затоа станавме слаби како што се нашите браќа.
27 И моето срце жалеше заради оваа огромна несреќа на мојот народ, поради нивната пакост и нивните одвратности. Но ете, ние се боревме против Ламанитите и крадците на Гадијантон сѐ додека повторно не ги зазедовме земјите на нашето наследство.
28 И триста четириесет и деветтата година беше поминала. А во триста педесеттата година ние направивме договор со Ламанитите и крадците на Гадијантон, во кој беа поделени земјите на нашето наследство.
29 И Ламанитите ни ја дадоа северната земја, да, дури до тесниот премин што води кон јужната земја. И ние им ја дадовме на Ламанитите сета јужна земја.