Глава 4
Војната и колежот продолжуваат—Пакосните ги казнуваат пакосните—Поголемата пакост преовладува како никогаш порано во целиот Израел—Жени и деца се жртвувани на идоли—Ламанитите започнуваат да ги бришат Нефитите пред нив. Околу 363–375 н.е.
1 И сега се случи дека во триста шеесет и третата година Нефитите тргнаа со нивните војски да се борат против Ламанитите, надвор од земјата Пустош.
2 И се случи војските на Нефитите да бидат протерани назад повторно во земјата Пустош. И додека сѐ уште беа изморени, свежа Ламанитска војска тргна на нив; и имаа тешка битка, толку што Ламанитите го заземаа градот Пустош, и убија многу од Нефитите, и земаа многу затвореници.
3 И остатокот избега и им се придружи на жителите на градот Теанкум. Сега градот Теанкум лежеше на гранците покрај морскиот брег; и исто беше близу градот Пустош.
4 И бидејќи Нефитските војски тргнаа кај Ламанитите, тие почнаа да бидат удрени; зашто да не беше тоа, Ламанитите не можеа да имаат моќ врз нив.
5 Но, ете, Божјите пресуди ќе ги престигнат пакосните; и тоа е преку пакосните дека пакосните се казнети; бидејќи пакосните се тие кои ги наведуваат срцата на човечките деца на крвопролевање.
6 И се случи Ламанитите да направат подготовки да тргнат против градот Теанкум.
7 И се случи во триста шеесет и четвртата година Ламанитите да тргнат против градот Теанкум, за да го заземат градот Теанкум исто така.
8 И се случи да бидат одбиени и протерани назад од Нефитите. И кога Нефитите видоа дека беа ги протерале Ламанитите повторно, се фалеа со нивната сопствена сила; и тргнаа со нивната сопствена моќ, и повторно го заземаа градот Пустош.
9 И сега сите овие нешта беа сторени, и имаше илјадници убиени на двете страни, и од Нефитите и од Ламанитите.
10 И се случи да помине триста шеесет и шестата година, и Ламанитите повторно дојдоа против Нефитите да се борат; а сепак Нефитите не се покајаа за злото кое го сторија, туку продолжија со својата пакост постојано.
11 И невозможно е за јазикот да објасни, односно за човекот да напише совршен опис на ужасната сцена на крв и колеж која беше помеѓу народот, и кај Нефитите и кај Ламанитите; и секое срце беше закоравено, така што се восхитуваа во пролевањето на крв постојано.
12 И никогаш не постоела толку голема пакост помеѓу сите деца на Лехи, ниту помеѓу целиот Израелов дом, според зборовите на Господ, како што беше помеѓу овој народ.
13 И се случи Ламанитите да го заземат градот Пустош, и ова бидејќи нивниот број го надминуваше бројот на Нефитите.
14 И тие исто така маршираа напред против градот Теанкум, и ги протераа жителите надвор од него, и земаа многу затвореници, и жени и деца, и ги принесоа како жртви на нивните идолни богови.
15 И се случи во триста шеесет и седмата година, Нефитите беа лути бидејќи Ламанитите ги беа жртвувале нивните жени и деца, тргнаа против Ламанитите со премногу голема лутина, толку што повторно ги победија Ламанитите, и ги протераа од нивните земји.
16 А Ламанитите не тргнаа повторно против Нефитите до триста седумдесет и петтата година.
17 И во оваа година тргнаа против Нефитите со сите нивни сили; и не беа избројани поради големината на нивната бројка.
18 И од тогаш па натаму Нефитите не стекнаа моќ врз Ламанитите, туку започнаа да бидат збришани од нив и тоа како роса пред сонцето.
19 И се случи Ламанитите да се спуштат против градот Пустош; и се водеше премногу тешка битка во земјата Пустош, во која ги победија Нефитите.
20 И повторно избегаа пред нив, и дојдоа во градот Боаз; и таму се спротивставија на Ламанитите со прекумерна смелост, толку што Ламанитите не ги победија сѐ додека не дојдоа повторно по вториот пат.
21 И кога дојдоа вториот пат, Нефитите беа протерани и заклани во премногу голем колеж; нивните жени и деца повторно беа жртвувани на идоли.
22 И се случи Нефитите повторно да избегаат пред нив, земајќи ги сите жители со нив, и во гратчињата и во селата.
23 И сега јас, Мормон, гледајќи дека Ламанитите наскоро ќе ја преземат земјата, затоа тргнав кон ридот Шим, и ги земав сите записи кои Амарон беше ги скрил кај Господ.