Свети Писма
Мормон 3


Глава 3

Мормон извикува покајание на Нефитите—Тие добиваат голема победа и слават во нивната сопствена сила—Мормон одбива да ги води, и неговите молитви за нив се без вера—Книгата на Мормон ги поканува дванаесетте племиња на Израел да веруваат во евангелието. Околу 360–362 н.е.

1 И се случи дека Ламанитите не дојдоа да се борат сѐ додека не поминаа уште десет години. И ете, го задолжив мојот народ, Нефитите, да ги подготват нивните земји и нивните оружја за времето на битка.

2 И се случи Господ да ми каже: Довикај го овој народ—Покајте се, и дојдете кај Мене, и бидете крстени, и повторно изградете ја Мојата црква, и ќе бидете поштедени.

3 И му довикав на овој народ, но беше залудно; и тие не сфатија дека беше Господ Кој ги поштеди, и им даде можност за покајание. И ете ги закоравија нивните срца против Господ нивниот Бог.

4 И се случи откако помина оваа десетта година, правејќи вкупно, триста и шеесет години од доаѓањето на Христос, царот на Ламанитите ми испрати писмо, што ми даде знаење дека тие се подготвуваа да дојдат повторно да се борат против нас.

5 И се случи дека наредив мојот народ да се собере заедно во земјата Пустош, во град кој беше во границите, до тесниот премин кој водеше до земјата на југ.

6 И таму ги поставивме нашите војски, за да ги запреме војските на Ламанитите, за да не ги заземат нашите земји; затоа се утврдивме против нив со сета наша сила.

7 И се случи во триста шеесет и првата година Ламанитите дојдоа во градот Пустош да се борат против нас; и се случи да ги победиме во таа година, толку што тие се вратија во сопствените земји повторно.

8 И во триста шеесет и втората година повторно дојдоа да се борат. И ние повторно ги победивме, и убивме голем број од нив, и нивните мртви беа фрлени во морето.

9 И сега, поради ова големо нешто кое мојот народ, Нефитите, го беа направиле, тие започнаа да се фалат со нивната сопствена сила, и започнаа да се заколнуваат пред небесата дека ќе се одмаздат за крвта на нивните браќа кои беа убиени од нивните непријатели.

10 И се заколнаа на небесата, и исто на Божјиот престол, дека ќе одат да се борат против нивните непријатели, и ќе ги отсечат од лицето на земјата.

11 И се случи јас, Мормон, целосно одбив оттука па натаму да бидам командант и водач на овој народ, поради нивната пакост и одвратност.

12 Ете, бев ги водел, без оглед на нивната пакост многу пати ги водев во борба, и бев ги љубел, според љубовта на Бог која беше во мене, со сето мое срце; и мојата душа беше излеана во молитва на мојот Бог целиот ден за нив; сепак, беше без вера, поради тврдината на нивните срца.

13 И трипати ги избавив од рацете на нивните непријатели, и не се покајаа од нивните гревови.

14 И кога се заколнаа во сѐ што им беше забрането од нашиот Господ и Спасител Исус Христос, дека ќе тргнат против нивните непријатели во борба, и ќе се одмаздат за крвта на нивните браќа, ете гласот на Господ дојде кај мене, велејќи:

15 Одмаздата е Моја, и Јас ќе возвратам; и бидејќи овој народ не се покаја откако Јас ги бев избавил, ете, ќе бидат отсечени од лицето на земјата.

16 И се случи дека јас целосно одбив да тргнам против моите непријатели; и направив како што ми заповеда Господ; и застанав како неактивен сведок да му прикажам на светот за нештата кои ги видов и слушнав, според прикажувањето на Духот кој сведочеше за нештата кои следуваа.

17 Затоа ви пишувам, Неевреи, и исто и тебе, Израелов доме, кога ќе започне делото, така што наскоро ќе бидете подготвени да се вратите во земјата на вашето наследство;

18 Да, ете, им пишувам на сите краишта на земјата; да, на вас, дванаесет племиња на Израел, кои ќе бидете судени според вашите дела од дванаесеттемина кои Исус ги одбра да бидат Негови ученици во земјата Ерусалим.

19 И исто така му пишувам на остатокот на овој народ, кои исто така ќе бидат судени од дванаесетте кои Исус ги одбра во оваа земја; и ќе бидат судени од другите дванаесет кои Исус ги одбра во земјата Ерусалим.

20 И овие нешта Духот ми ги покажа; затоа ви пишувам на сите вас. И за оваа причина ви пишувам, за да знаете дека сите вие морате да застанете пред судиската столица на Христос, да, секоја душа која припаѓа на целото човечко семејство на Адам; и морате да стоите за да бидете судени за вашите дела, било да се добри или лоши;

21 И исто за да верувате во евангелието на Исус Христос, кое ќе го имате помеѓу вас; и исто за Евреите, заветениот народ на Господ, да имаат друг сведок покрај Него Кого Го видоа и слушнаа, дека Исус, Кого Го убија, беше самиот Христос и самиот Бог.

22 И би сакал да можам да ве убедам сите вас, краишта на земјата, да се покаете и да се подготвите да застанете пред судиската столица на Христос.