Глава 5
Мормон повторно ги води Нефитските војски во битки на крв и колеж—Книгата на Мормон ќе се појави да го убеди целиот Израел дека Исус е Христос—Поради нивното неверување, Ламанитите ќе бидат распрснати, и Духот ќе престане да се стреми со нив—Тие ќе го примат евангелието од Неевреите во подоцнежните денови. Околу 375–384 н.е.
1 И се случи да тргнам помеѓу Нефитите, и се покајав на заклетвата што ја дадов дека повеќе нема да им помагам; и повторно ми ја дадоа командата врз нивните војски, бидејќи ме гледаа како да би можел да ги избавам од нивните неволји.
2 Но ете, бев без надеж, зашто ги знаев Господовите пресуди кои ќе дојдат врз нив; зашто не се покајаа од нивните беззаконија, туку се бореа за нивните животи без да Го повикаат тоа Битие Кое ги создаде.
3 И се случи Ламанитите да нѐ нападанат додека бегавме во градот Јордан; но ете, беа протерани и не го земаа градот во тоа време.
4 И се случи повторно да нѐ нападнат, и го задржавме градот. И исто така имаше други градови задржани од Нефитите, чии упоришта ги отсекоа за да не можат да влезат во земјата која беше пред нас, да ги уништат жителите на нашата земја.
5 Но се случи сите земји што ги поминавме во кои ги немаа жителите собрани, беа уништени од Ламанитите, и нивните гратчиња, и села, и градови беа изгорени со оган; и така поминаа триста седумдесет и девет години.
6 И се случи во триста и осумдесеттата година Ламанитите нѐ нападнаа, и ние смело им се спротивставивме; но сѐ беше залудно, зашто толку голем беше нивниот број што го прегазија Нефитскиот народ под нивните нозе.
7 И се случи повторно да започнеме да бегаме, и тие чие бегство беше побрзо од Ламанитскиот напад побегнаа, а оние чие бегство не ја надминува Ламанитскиот напад беа збришани и уништени.
8 И сега ете, јас, Мормон, не сакам да ги мачам човечките души изложувајќи ги на таква крвава сцена и колеж како што беше изложена пред моите очи; но јас, знаејќи дека овие нешта мора сигурно да бидат откриени и дека сите нешта кои се скриени мора да бидат објавени врз крововите—
9 И исто дека знаење за овие нешта мора да дојде на остатокот на овој народ, и исто така на Неевреите, за кои Господ вели дека ќе го распрснат овој народ, а овој народ ќе бидат вброени како ништо помеѓу нив—затоа пишувам мало скратено издание, не осмелувајќи се да дадам полн извештај за нештата кои ги видов, поради заповедта која ја добив, и исто така да немате премногу голема тага поради пакоста на овој народ.
10 И сега ете, ова им го зборувам на нивното потомство, и исто на Неевреите кои се грижат за Израеловиот дом, кои сфаќаат и знаат од каде им доаѓаат нивните благослови.
11 Зашто знам дека таквите ќе жалат поради несреќата на Израеловиот дом; да, ќе жалат за уништувањето на овој народ; ќе жалат што овој народ не се покаја дека тие ќе беа прегрнати во рацете на Исус.
12 Сега овие нешта се запишани за остатокот на домот на Јаков; и се напишани според овој начин, бидејќи познато е од Бог дека пакоста нема да ги донесе кај нив; и ќе бидат скриени кај Господ за да се истакнат во Неговото одредено време.
13 И ова е заповедта која ја примив; и ете, ќе се појават според заповедот на Господ, кога ќе Му одговара Него, во Неговата мудрост.
14 И ете, ќе одат кај Евреите што не веруваат; и за оваа намера ќе одат—за да бидат убедени дека Исус е Христос, Синот на живиот Бог; дека Отецот може да ја исполни, преку Неговиот Највозљубен, Неговата голема и вечна цел, во обновување на Евреите, односно целиот Израелов дом, во земјата на нивно наследство, што Господ нивниот Бог им ја даде, за да се исполни Неговиот завет;
15 И исто потомството на овој народ може поцелосно да му верува на Неговото евангелие, кое ќе се појави кај нив од Неевреите; бидејќи овој народ ќе биде распрснат, и ќе стане мрачен, валкан, и мрзелив народ, вон описот на тоа што некогаш било помеѓу нас, да, дури и тоа што беше помеѓу Ламанитите, и ова поради нивното неверување и идолопоклонство.
16 Зашто ете, Господовиот Дух веќе престана да се стреми со нивните татковци; и тие се без Христос и без Бог во светот; и водени се како плевел пред ветрот.
17 Еднаш беа воодушевувачки народ, и го имаа Христос како нивен овчар; да, беа водени дури од Бог Отецот.
18 Но сега, ете, водени се наоколу од Сатаната, и тоа како што плевелот е носен пред ветрот, односно како што садот е фрлен помеѓу брановите, без едро или сидро, односно без ништо да го управува; и како што е тоа, такви се и тие.
19 И ете, Господ ги резервираше нивните благослови, кои тие можеа да ги добијат во земјата, за Неевреите кои ќе ја поседуваат земјата.
20 Но ете, ќе се случи да бидат протерани и распраснати од Неевреите; и откако ќе бидат протерани и распрснати од Неевреите, ете, тогаш Господ ќе го запомни заветот кој Тој му го даде на Авраам и на целиот Израелов дом.
21 И исто така Господ ќе ги запомни молитвите на праведните, кои Му беа упатени Него за нив.
22 И тогаш, О вие Неевреи, како можете да стоите пред Божјата моќ, освен ако не се покаете и тргнете од вашите злобни патишта?
23 Зарем не знаете дека сте во Божјите раце? Зарем не знаете дека Тој ја има сета моќ, и по Неговата голема заповед земјата ќе се завитка заедно како свиток?
24 Затоа, покајте се, и понизете се пред Него, за Тој да не излезе во правда против вас—за остатокот од потомсвото на Јаков да не се појави кај вас како лав, и не ве распарчи, и нема никој да ве избави.