Свети Писма
Мормон 7


Глава 7

Мормон ги поканува Ламанитите од последните денови да веруваат во Христос, да го прифатат Неговото евангелие, и да бидат спасени—Сите што веруваат во Библијата исто така ќе веруваат и во Книгата на Мормон. Околу 385 н.е.

1 И сега, ете, ќе му кажам нешто на остатокот на овој народ кои се поштедени, ако може Бог да им ги даде моите зборови, за да можат да знаат за нештата на нивните татковци; да, ви велам, вие што сте остаток од Израеловиот дом; и ова се зборовите кои ги кажувам:

2 Знајте дека сте од Израеловиот дом.

3 Знајте дека мора да дојдете до покајување, или не можете да бидете спасени.

4 Знајте дека мора да ги положите вашите воени оружја, и повеќе да не се воодушевувате во крвопролевањето, и повторно да не ги земете, освен ако Бог ќе ви заповеда.

5 Знајте дека мора да дојдете до знаењето на вашите татковци, и да се покаете за сите ваши гревови и беззаконија, и верувате во Исус Христос, дека Тој е Божјиот Син, и дека Тој беше убиен од Евреите, и преку моќта на Отецот Тој повторно воскресна така што Тој ја стекна победата над гробот; и исто во Него трнот на смртта е проголтан.

6 И Тој го исполни воскреснувањето на мртвите, така што човекот мора да воскресне за да застане пред Неговата судиска столица.

7 И Тој го исполни искупувањето на светот, така што Тој што ќе се смета за невин пред Него на судниот ден ќе му биде дадено да живее во Божјото присуство во Неговото царство, да им пее бескрајни пофалби со хоровите погоре, на Отецот, и на Синот, и на Светиот Дух, Кои се еден Бог, во состојба на среќа која нема крај.

8 Затоа покајте се, и бидете крстени во името на Исус, и задржете го евангелието на Христос, кое ќе биде поставено пред вас, не само во овој запис туку исто така и во записот кој ќе пристигне кај Неевреите од Евреите, чиј запис ќе пристигне од Неевреите кај вас.

9 Зашто ете, ова е напишано со намера да верувате во тоа; и ако верувате во тоа ќе верувате и во ова исто така; и ако верувате во ова ќе знаете во врска со вашите татковци, и исто зачудувачките дела кои беа направени преку Божјата моќ помеѓу нив.

10 И вие исто така ќе знаете дека сте остаток од потомството на Јаков; затоа сте вброени помеѓу народот на првиот завет; и ако се случи да верувате во Христос, и сте крстени, прво со вода, и потоа со оган, и тогаш со Светиот Дух, следејќи го примерот на нашиот Спасител, според тоа што Тој ни го заповеда, за вас ќе биде добро во денот на пресудата. Амин.