Глава 14
Беззаконието на народот носи клетва врз земјата—Кориантумир се впушта во војување против Гилеад, потоа Лид, и после Шиз—Крв и колеж ја покриваат земјата.
1 И сега започна да има голема клетва врз целата земја поради беззаконието на народот, во кое, ако човек го беше положил неговиот алат или неговиот меч во неговата полица, или на местото каде би го чувал, ете, следниот ден, нема да го најде, толку голема беше клетвата врз земјата.
2 Заради што секој човек се држеше за тоа што е негово сопствено, со неговите раце, и не би позајмил ниту дал на заем; и секој човек ја чуваше рачката од својот меч во неговата десна рака, во одбрана на неговиот имот и сопствен живот и на неговите жени и деца.
3 И сега, после две години, и после смртта на Шаред, ете, се појави братот на Шаред и му приреди борба на Кориантумир, во која Кориамтумир го победи и го следеше во дивината на Акиш.
4 И се случи братот на Шаред да му приреди битка на него во дивината на Акиш; и битката стана прекумерно болна, и многу илјадници паднаа од мечот.
5 И се случи Кориантумир да постави опсада во дивината; и братот на Шаред маршираше напред од дивината преку ноќ, и уби дел од војската на Кориантумир, додека беа пијани.
6 И тој дојде во земјата Морон, и се постави на престолот на Кориантумир.
7 И се случи Кориантумир да живее со неговата војска во дивината во период од две години, во кои тој доби голема сила за своите војски.
8 Сега братот на Шаред, чие име беше Гилеад, исто така доби голема сила за неговата војска, поради тајни сојузи.
9 И се случи неговиот висок свештеник да го убие додека седеше на неговиот престол.
10 И се случи еден од тајните сојузи да го убие во таен премин, и да го стекне царството; и неговото име беше Либ; и Либ беше човек од голем стас, поголем од било кој друг човек меѓу целиот народ.
11 И се случи во првата година од Либ, Кориантумир дојде во земјата Морон, и му приреди битка на Либ.
12 И се случи тој да се бори со Либ, при што Либ го удри во раката така што беше ранет; сепак, војската на Кориантумир притисна напред врз Либ, така што тој избега до границите на морскиот брег.
13 И се случи Кориантумир да го следи; а Либ се бореше со него на морскиот брег.
14 И се случи Либ да ја удри војската на Кориантумир, така што повторно избегаа во дивината на Акиш.
15 И се случи Либ да го следи сѐ додека не стигна до рамнините на Агош. А Кориантумир го зема целиот народ со него додека бегаше пред Либ во тој дел на земјата каде бегаше.
16 И кога дојде кај рамнините на Агош се бореше со Либ, и го удираше сѐ додека не умре; сепак, братот на Либ се соочи против Кориантумир на негово место, и битката стана премногу тешка, во која Кориантумир повторно избега пред војската на братот на Либ.
17 Сега името на братот на Либ беше Шиз. И се случи Шиз да го следи Кориантумир, и сруши многу градови, и убиваше и жени и деца, и ги гореше градовите.
18 И се рашири страв од Шиз низ целата земја; да, довикување се слушна низ земјата—Кој може да застане против војската на Шиз? Ете, тој ја уништи земјата пред него!
19 И се случи народот да започне да се собира заедно во војски, низ целото лице на земјата.
20 И беа поделени; и дел од нив премина кај војската на Шиз, а дел од нив премина кај војската на Кориантумир.
21 И толку голема и долга беше војната, и толку долга беше сцената на крвопролевање и колеж, дека целото лице на земјата беше покриено со телата на мртвите.
22 И толку молњевита и брза беше војната така што немаше ниту еден да ги закопа мртвите, туку маршираа од крвопролевање до крвопролевање, оставајќи ги телата и на мажите, жените, и на децата расфрлени по лицето на земјата, да станат плен за црвите кои јадат месо.
23 И тамошниот мирис се прошири низ лицето на земјата, и тоа врз сето лице на земјата; заради што народот стана вознемирен преку ден и ноќ, поради тој мирис.
24 Сепак, Шиз не престана да го гони Кориантумир; бидејќи се заколна да му се одмазди на Кориантумир во крвта на брат му, кој беше убиен, и Господовото слово кое дојде кај Етер дека Кориантумир не треба да падне од мечот.
25 И така гледаме дека Господ ги посети со целиот Негов бес, и нивните пакости и одвратности подготвија пат за нивно вечно уништување.
26 И се случи Шиз да го следи Кориантумир на исток, и тоа до границите на морскиот брег, и таму му приреди борба на Шиз за време од три дена.
27 И толку ужасно беше уништувањето помеѓу војските на Шиз што народот започна да биде исплашен, и започна да бега пред војските на Кориантумир; и бегаа во земјата Корихор, и ги уништија жителите пред нив, сите кои не им се придружиле.
28 И тие ги распнаа нивните шатори во долината Корихор; а Кориантумир ги распна шаторите во долината Шур. Сега долината Шур беше близу до ридот Комнор; заради што, Кориантумир ги собра неговите војски заедно врз ридот Комнор, и затруби кон војските на Шиз за да ги покани напред да се борат.
29 И се случи да истапат напред, но повторно беа протерани; и повторно дојдоа по втор пат, и повторно беа протерани по втор пат. И се случи да дојдат и по трет пат, и битката стана прекумерно тешка.
30 И се случи Шиз да го удри Кориантумир така што му зададе многу длабоки рани; а Кориантумир, губејќи крв, се онесвести, и беше носен како да беше мртов.
31 Сега загубата на мажи, жени и деца на двете страни беше толку голема што Шиз му заповеда на својот народ да не ги следат војските на Кориантумир; заради што, се вратија во нивниот логор.