Глава 15
Алма и Амулек одат во Сидом и воспоставуваат црква—Алма го исцелува Зезром, кој се приклучува на Црквата—Многумина се крстени, и Црквата напредува—Алма и Амулек одат во Зарахемла. Околу 81 п.н.е.
1 И се случи на Алма и на Амулек да им биде заповедано да си заминат од тој град; и тие си заминаа, и излегоа дури во земјата на Сидом; и ете, таму ги беа пронашле сите луѓе кои си заминаа од земјата Амониха, кои беа отфрлени и каменувани, бидејќи веруваа во зборовите на Алма.
2 И тие им раскажаа за сѐ што им се случи на нивните жени и деца, и исто во врска со нив, и за нивната моќ за избавување.
3 И исто Зезром лежеше болен во Сидом, со силна треска, која беше предизвикана од големите страдања на неговиот ум поради неговата пакост, бидејќи тој претпоставуваше дека Алма и Амулек веќе ги нема; и тој претпостави дека тие беа убиени поради неговото беззаконие. И овој голем грев, и многуте други гревови, го измачуваа неговиот ум сѐ додека не стана премногу жалосен, немајќи избавување; затоа тој започна да гори со силна треска.
4 Сега, кога слушна дека Алма и Амулек беа во земјата на Сидом, неговото срце започна да се охрабрува; и тој веднаш им испрати порака, сакајќи да дојдат при него.
5 И се случи тие веднаш да заминат, послушувајќи ја пораката која тој беше им ја испратил; и тие влегоа во домот на Зезром; и тие го најдоа на креветот, болен, и многу слаб со силна треска; и неговиот ум беше исто така премногу жалосен поради неговите беззаконија; и кога ги виде тој ја испружи неговата рака, и ги преколнуваше да го исцелат.
6 И се случи Алма да му каже, фаќајќи го за раката: Дали веруваш во моќта на Христос за спасение?
7 А тој одговори и кажа: Да, верувам во сите зборови кои ги поучуваше.
8 И Алма кажа: Ако веруваш во искупувањето на Христос можеш да бидеш исцелен.
9 И тој кажа: Да, верувам во согласност со вашите зборови.
10 А тогаш Алма му довикуваше на Господ, велејќи: О Господе Боже наш, смилувај се на овој човек, и исцели го според неговата вера која е во Христос.
11 И кога Алма беше ги кажал овие зборови, Зезром скокна на неговите нозе, и започна да оди; и ова се случи на големо запрепастување на целиот народ; и ова се дозна низ целата земја Сидом.
12 И Алма го крштаваше Зезром кај Господ; и тој започна од тогаш наваму да проповеда на народот.
13 И Алма воспостави црква во земјата Сидом, и освети свештеници и учители во земјата, да ги крштаваат при Господ сите оние кои сакаа да бидат крстени.
14 И се случи да имаше многу; бидејќи тие се насобраа од целиот регион на Сидом, и беа крстени.
15 Но за луѓето кои беа во земјата Амониха, тие сѐ уште останаа народ со закоравено срце и со вкочанет врат; и тие не се покајуваа за своите гревови, препишувајќи ја целата моќ на Алма и на Амулек на ѓаволот; бидејќи тие беа следбеници на Нехор, и не веруваа во покајување од нивните гревови.
16 И се случи Алма и Амулек, Амулек оставајќи го целото негово злато, и сребро, и неговите скапоцени нешта, кои беа во земјата Амониха, зашто Божјото слово, беше отфрлено од оние кои некогаш му беа пријатели и исто така од татко му и неговото колено;
17 Затоа, откако Алма ја воспостави црквата во Сидом, гледајќи големо запирање, да, гледајќи народот да биде запрен во гордоста на нивните срца, и да започнат да се понизуваат пред Бога, и започнаа да се собираат заедно во нивните светилишта да му служат на Бог пред олтарот, внимавајќи и молејќи се постојано, за да можат да бидат избавени од Сатаната, и од смртта, и од уништувањето—
18 Сега како што реков, Алма гледајќи ги сите овие нешта, затоа го зема Амулек и пристигна во земјата Зарахемла, и го одведе во неговата сопствена куќа, и му служеше во неговите страдања, и го зацврстуваше во Господ.
19 И така заврши десеттата година од владеењето на судиите над Нефитскиот народ.