Свети Писма
Алма 24


Глава 24

Ламанитите го напаѓаат Божјиот народ—Анти-Нефи-Лехијците се радуваат во Христос и се посетени од ангели—Тие избираат попрво да доживеат смрт отколку да се бранат самите себеси—Повеќе Ламанити се преобратени. Околу 90–77 п.н.е.

1 И се случи Амаликитите и Амулонитите и Ламанитите кои беа во земјата Амулон, и исто така во земјата Хелам, и кои беа во земјата Ерусалим, и накратко, во целата земја наоколу, кои не беа преобратени и кои не го беа преземале врз нив името Анти-Нефи-Лехијци, беа наведувани од Амаликитите и од Амулонитите да им се налутат на нивните браќа.

2 А нивната омраза стана премногу жестока против нив, дури толку многу што започнаа да се бунат против нивниот цар, толку многу што не би сакале тој да им биде цар; затоа, се наоружаа против народот на Анти-Нефи-Лехијците.

3 Сега царот му го додели царството на син му, и го повика по името Анти-Нефи-Лехи.

4 И царот умре во таа иста година кога Ламанитите започнаа да се подготвуваат за војна против Божјиот народ.

5 Сега кога Амон и неговите браќа и сите оние кои дојдоа со нив ги видоа подготовките на Ламанитите да ги уништат нивните браќа, тие дојдоа од земјата Мидиан, и таму Амон ги сретна сите негови браќа; и од таму дојдоа во Исмаиловата земја за да можат да одржат совет со Ламони и исто со неговиот брат Анти-Нефи-Лехи, што да прават за да се одбранат против Ламанитите.

6 Сега не постоеше ниту една душа помеѓу народот која беа преобратени во Господ која би земала оружје против нивните браќа; не, дури не би направиле никакви подготовки за војна; да, и исто така нивниот цар им заповеда да не го прават тоа.

7 Сега, ова се зборовите кои му ги кажа на народот во врска со работата: Му се заблагодарувам на мојот Бог, мој љубен народе, што нашиот голем Бог во добрина ги испрати овие наши браќа, Нефитите, помеѓу нас да ни проповедаат, и да нѐ убедат за традициите на нашите пакосни татковци.

8 И ете, Му се заблагодарувам на мојот голем Бог што Тој ни даде дел од Неговиот Дух да ни ги омекне срцата, што воспоставивме соодветност со овие браќа, Нефитите.

9 И ете, исто така Му се заблагодарувам на мојот Бог, дека со воспоствување на оваа согласност бевме убедени за нашите гревови, и за многуте убиства кои сме ги извршиле.

10 И исто така Му се заблагодарувам на мојот Бог, да, мојот голем Бог, што Тој ни овозможил да се покаеме од овие нешта, и дека Тој исто така ни опрости за многуте наши гревови и убиства кои ги извршивме, и што ја отстранивме вината од нашите срца, преку заслугите на Неговиот Син.

11 И сега ете, мои браќа, штом тоа беше сѐ што можевме да направиме (бидејќи бевме најизгубени од цело човештво) да се покаеме за сите гревови и многуте убиства кои сме ги извршиле, и да направиме Бог да ги отстрани од нашите срца, бидејќи тоа беше сѐ што можевме да направиме за да се покаеме доволно пред Бог за Тој да ја тргне нашата дамка—

12 Сега, мои најљубени браќа, штом Бог ни ги отстрани дамките, а нашите мечеви станаа светли, тогаш повеќе да не ги валкаме нашите мечеви со крвта на нашите браќа.

13 Ете, ви кажувам, Не, да ги задржиме нашите мечеви за да не бидат извалкани со крвта на нашите браќа; бидејќи можеби, ако повторно ги извалкаме нашите мечеви тие повеќе нема да можат да бидат блескаво измиени преку крвта на Синот на нашиот голем Бог, која ќе биде пролеана за помирувањето од нашите гревови.

14 А големиот Бог беше се смилувал на нас, и ни ги објави овие нешта за да не исчезнеме; да, и Тој однапред ни ги откри овие нешта, бидејќи Тој ги љуби нашите души исто како што Тој ги љуби нашите деца; затоа, со Неговата милост Тој нѐ посети со Неговите ангели, за планот на спасението да може да ни биде познат а исто и на идните поколенија.

15 О, колку милостив е нашиот Бог! И сега ете, штом тоа беше најмногу што можевме да направиме за да ги тргнеме нашите дамки од нас, и нашите мечеви се блескави, да ги сокриеме за да останат блескави, како сведоштво за нашиот Бог на последниот ден, односно на денот кога ќе бидеме доведени да стоиме пред Него да бидеме судени, за да не сме ги извалкале нашите мечеви со крвта на нашите браќа откако Тој ни го соопшти Неговото слово на нас и така нѐ исчисти.

16 И сега, браќа мои, ако нашите браќа сакаат да нѐ уништат, ете, ќе ги сокриеме нашите мечеви, да, дури и ќе ги закопаме длабоко во земјата, за да бидат сочувани блескави, како сведоштво дека никогаш не сме ги употребиле, на последниот ден; и ако нашите браќа нѐ уништат, ете, ќе одиме кај нашиот Бог и ќе бидеме спасени.

17 И сега се случи кога царот беше завршил со овие кажувања, и целиот народ беше собран заедно, тие ги земаа нивните мечеви, и сите оружја кои беа употребувани за пролевање на човечка крв, и ги закопаа длабоко во земјата.

18 И го сторија тоа, кое според нив беше сведоштво кон Бог, и исто на луѓето, дека никогаш повеќе нема да користат оружја за пролевање на човечка крв; а го сторија тоа гарантирајќи и заветувајќи се со Бог, дека попрво ќе се откажат од нивните животи отколку да ја пролеат крвта на нивните браќа; и попрво би му дале на братот отколку да земат од него; и попрво би работеле обилно со нивните раце отколку да ги поминат деновите во мрзеливост.

19 И така го гледаме тоа, штом Ламанитите беа доведени да веруваат и да ја знаат вистината, тие беа цврсти, и би претрпеле дури и смрт отколку да извршат грев; и така гледаме дека тие ги закопаа нивните оружја на мир, односно ги закопаа воените оружја, за мир.

20 И се случи нивните браќа, Ламанитите, да се подготвуваа за војна, и пристигнаа во земјата Нефи со цел да го уништат царот, и да стават друг на негово место, и исто така да го уништат народот на Анти-Нефи-Лехи надвор од земјата.

21 Сега кога народот виде дека тие навалија против нив излегоа да ги пресретнат, и се испружија пред нив на земјата, и започнаа да го повикуваат Господовото име; и такви беа во тој став кога Ламанитите започнаа да ги напаѓаат, и започнаа да ги убиваат со мечот.

22 И така без да наидат на никаков отпор, тие убија илјада и пет од нив; и знаеме дека тие се благословени, бидејќи отидоа да живеат со нивниот Бог.

23 Сега кога Ламанитите видоа дека нивните браќа не бегаат од мечот, ниту пак се вртеа настрана на твојата десна рака или на лево, туку дека лежеа и умреа, и го славеа Бог дури и при самиот чин на умирање од меч—

24 Сега кога Ламанитите го видоа ова тие престанаа да ги убиваат; и имаше многу чии срца беа се прошириле во нив за оние нивни браќа кои беа убиени од мечот, бидејќи се покајаа за нештата што ги беа направиле.

25 И се случи да ги фрлат нивните воени оружја, и повеќе не би ги кренале, бидејќи беа згрозени од убиствата кои беа ги извршиле; и паднаа како и нивните браќа, потпирајќи се на милостите на оние чии оружја беа кренати за да ги убијат.

26 И се случи Божјиот народ да биде здружен тој ден со повеќемина отколку бројката на оние кои беа убиени; а оние кои беа убиени беа праведни луѓе, затоа немаме причина да се сомневаме дека беа спасени.

27 И помеѓу нив немаше пакосен човек што беше убиен; туку имаше повеќе од илјадници доведени до знаењето за вистината; така гледаме дека Господ работи на многу начини за спасение на Неговиот народ.

28 Сега најголемиот број на Ламанитите кои убија толку многу од нивните браќа беа Амаликитите и Амулонитите, од кои најголемиот број според редот на Нехорците.

29 Сега, помеѓу оние кои му се придружија на Божјиот народ, немаше ниту еден што беше Амаликит ниту Амулонит, или кој беше според редот на Нехор, туку беа вистински потомци на Ламан и Лемуил.

30 И така можеме јасно да препознаеме, дека откако народот беше просветлен од Божјот Дух, и имаше големо познавање за нештата кои се однесуваат на правдата, и после падна во грев и престап, стана позакоравен, и така неговата состојба станува полоша отколку никогаш да не ги беше знаел овие нешта.