Глава 2
Амлики бара да биде цар и е одбиен од гласот на народот—Неговите следбеници го прогласуваат за цар—Амликитите војуваат против Нефитите и се поразени—Ламанитите и Амликитите се здружуваат и се поразени—Алма го убива Амлики. Околу 87 п.н.е.
1 И се случи на почетокот на петтата година од нивното владеење да започне раздор помеѓу народот; поради некој човек наречен Амлики, тој беше многу лукав човек, да, мудар човек во поглед на мудроста на светот, и беше по редот на човекот кој го уби Гидеон со меч, кој според законот беше погубен—
2 Сега тој Амлики, со неговата лукавост, одвлече многу луѓе со себе; дури толку многу што тие започнаа да стануваат моќни; и тие настојуваа да го постават Амлики за цар над народот.
3 Сега ова беше вознемирувачко за народот од црквата, и исто за сите оние кои не беа одвлечени од убедувањата на Амлики; бидејќи знаеја дека според нивниот закон, такви нешта треба да бидат воспоставени преку гласот на народот.
4 Затоа, ако беше возможно Амлики да го добие гласот на народот, тој, како злобен човек, би ги лишел од нивните права и привилегии на црквата; бидејќи неговата намера беше да ја уништи црквата на Бог.
5 И се случи народот да се соберат заедно низ целата земја, секој човек според неговото мислење, без разлика дали беа за или против Амлики, во посебни групи, имајќи многу спорови и зачудувачки препирања едни со други.
6 И така тие се собраа заедно за да ги дадат своите гласови во врска со случајот; и тие беа предадени на судиите.
7 И се случи гласовите на народот да бидат против Амлики, така што тој не беше прогласен за цар над народот.
8 Сега ова предизвика голема радост во срцата на оние кои беа против него; но Амлики ги наведуваше оние кои му беа наклонети за да се разгневат против оние кои не му беа наклонети.
9 И се случи тие да се соберат заедно, и да го осветат Амлики да биде нивен цар.
10 Сега штом Амлики стана цар над нив тој им нареди да земат оружје против нивните браќа; и тој го стори тоа за да ги потчини.
11 Сега народот на Амлики беше препознаван по името Амлики, нарекувајќи се Амликити; а остатокот беа наречени Нефити, односно Божји народ.
12 Затоа народот на Нефитите беа свесни за намерата на Амликитите, и затоа тие се подготвија да ги дочекаат; да, тие се вооружија со мечеви, и со сабји, и со лакови, и со стрели, и со камења, и со прачки, и со секаков вид на воени оружја.
13 И така беа подготвени да ги дочекаат Амликитите кога ќе доаѓаат. И таму имаше назначени капетани, и повисоки капетани, и врховни капетани, според нивниот број.
14 И се случи Амлики да ги вооружи неговите војници со секаков вид на воени оружја; и исто така назначи владетели и водачи над неговиот народ, да ги водат во војна против нивните браќа.
15 И се случи Амликитите да стигнат на ридот Амниху, кој беше источно од реката Сидон, кој течеше покрај земјата на Зарахемла, и таму тие започнаа да војуваат со Нефитите.
16 Сега Алма, како главен судија и господар на народот на Нефи, затоа тргна горе со својот народ, да, со неговите капетани, и врховни капетани, да, на чело на неговите војски, да се бори против Амликитите.
17 И тие започнаа да ги убиваат Амликитите на ридот источно од Сидон. И Амликитите со голема сила се спротивставуваа со Нефитите, толку многу што голем број Нефити паднаа пред Амликитите.
18 Сепак Господ ја засили Нефитската рака, и тие ги убија Амликитите во голем колеж, така што тие започнаа да бегаат од нив.
19 И се случи Нефитите да ги следат Амликитите цел ден, и ги убија во голем колеж, толку многу што беа убиени дванаесет илјади петстотини триесет и две души; а од Нефитите шест илјади петстотини шеесет и две души.
20 И се случи кога Алма повеќе не можеше да ги следи Амликитите, тој нареди неговиот народ да ги постави нивните шатори во долината на Гидеон, долината која е наречена според Гидеон кој беше убиен од Нехор со меч; и во оваа долина Нефитите ги поставија нивните шатори преку ноќта.
21 И Алма испрати шпиони да го следат остатокот од Амликитите, за да може да знае за нивните планови и заговори, за да може да се одбрани од нив, за да го зачува неговиот народ од уништување.
22 Сега оние кои тој беше ги испратил да го набљудуваат кампот на Амликитите беа наречени Зерам, и Амнор, и Манти, и Лимер; овие беа оние кои тргнаа со своите војници да го набљудуваат кампот на Амликитите.
23 И се случи утредента да се вратат во кампот на Нефитите со многу брзање, многу запрепастени, и обземени со многу страв, велејќи:
24 Ете, го следевме кампот на Амликитите, и на наше големо запрепастување, во земјата на Минон, над земјата на Зарахемла, во насока на земјата на Нефи, видовме бројна војска на Ламанитите; и ете, Амликитите им се придружија;
25 И тргнаа на нашите браќа во таа земја; и тие бегаат од нив со нивните стада, и со нивните жени, и со нивните деца, кон нашиот град; и ако не побрзаме тие ќе го заземат нашиот град, и нашите татковци, и нашите жени, и нашите деца ќе бидат убиени.
26 И се случи народот на Нефи да ги земат своите шатори, и заминаа од долината на Гидеон кон нивниот град, а тоа беше градот Зарахемла.
27 И ете, додека ја преминуваа реката Сидон, Ламанитите и Амликитите, беа побројни речиси, како да беше морскиот песок, тргнаа на нив да ги уништат.
28 Сепак, Нефитите засилени со Господовата рака, моќно му се молеа на Него за Тој да ги избави од рацете на нивните непријатели, затоа Господ ги слушна нивните довикувања и ги засили, и Ламанитите и Амликитите паднаа пред нив.
29 И се случи Алма да се бори со Амлики со меч, лице в лице; и тие жестоко се препираа, еден со друг.
30 И се случи Алма, бидејќи беше Божји човек, применувајќи многу вера, довикуваше, велејќи: О Господе, имај милост и поштеди ми го животот, за да можам да бидам инструмент во Твоите раце за да го спасам и зачувам овој народ.
31 Сега штом Алма беше ги изговорил овие зборови тој повторно се препираше со Амлики; и беше засилен, толку што го уби Амлики со мечот.
32 И исто така се соочи и со царот на Ламанитите; но царот на Ламанитите избега пред Алма и ги испрати неговите стражари да се соочат со Алма.
33 Но Алма, со неговите стражари, се соочуваше со стражарите на царот на Ламанитите сѐ додека не ги уби и ги потисна.
34 И така тој го расчисти полето, или попрво брегот, кој беше западно од реката Сидон, фрлајќи ги телата на Ламанитите кои беа убиени во водите на Сидон, за да може неговиот народ да има простор да премине и да се соочи со Ламанитите и Амликитите на западната страна од реката Сидон.
35 И се случи кога сите беа ја преминале реката Сидон, Ламанитите и Амликитите започнаа да бегаат пред нив, без оглед што беа толку бројни што не можеа да се избројат.
36 И тие избегаа пред Нефитите кон дивината која беше западно и на север, далеку вон границите на земјата; и Нефитите ги следеа со својата моќ, и ги убиваа.
37 Да, тие беа дочекувани на секоја страна, и убивани и потиснувани, додека не беа распрснати на запад, и на север, додека не беа ја достигнале дивината, која беше наречена Хермаунтс; и тоа беше тој дел од дивината кој беше населен со диви и грабливи ѕверови.
38 И се случи многу да умрат во дивината од нивните рани, и беа проголтани од тие ѕверови и исто така од мршојадците од небото; и нивните коски беа пронајдени, и беа насобрани на земјата.