Глава 59
Морони бара од Пахоран да ги засили силите на Хеламан—Ламанитите го заземаат градот Нефиха—Морони е лут на управувањето. Околу 62 п.н.е.
1 Сега се случи во триесеттата година од владеењето на судиите врз народот на Нефи, откако Морони беше го примил и прочитал писмото на Хеламан, тој беше премногу радосен поради благосостојбата, да, огромниот успех кој Хеламан го имаше, во стекнување на оние земји кои беа загубени.
2 Да, и му го откри на целиот негов народ, во целата земја наоколу во тој дел каде што беше, за да можат исто така да се радуваат.
3 И се случи тој веднаш да испрати писмо до Пахоран, посакувајќи да нареди војници да бидат собрани заедно да го засилат Хеламан, односно војските на Хеламан, толку што тој може со леснотија да го задржи делот на земјата во која тој толку зачудувачки успеа да ја стекне повторно.
4 И се случи кога Морони беше го испратил ова писмо во земјата Зарахемла, повторно започна да кова план за да може да го добие остатокот од оние поседи и градови кои Ламанитите беа ги земале од нив.
5 И се случи додека Морони така правеше подготовки да се бори против Ламанитите, ете, народот на Нефиха, кој беше собран заедно од градот Морони и градот Лехи и градот Мориантон, беа нападнати од Ламанитите.
6 Да, дури и оние кои беа принудени да бегаат од земјата Манти, и од земјата наоколу, беа дошле и им се придружиле на Ламанитите во овој дел на земјата.
7 И така беа премногу бројни, да, и добивајќи сила од ден на ден, преку командата на Аморон тие тргнаа против народот на Нефиха, и започнаа да ги убиваат во премногу голем колеж.
8 И нивните војски беа толку бројни што остатокот од народот на Нефиха беа принудени да бегаат пред нив; и дојдоа и се придружија на војската на Морони.
9 И сега како што Морони претпоставуваше дека треба да бидат испратени војници во градот Нефиха, во помош на луѓето да го задржат тој град, и знаејќи дека беше полесно да го задржат градот од паѓање во рацете на Ламанитите отколку да го земат пак од нив, претпоставуваше дека лесно би го задржале градот.
10 Затоа тој ја задржа сета негова сила да ги одржи тие места кои беше ги повратил.
11 И сега, кога Морони виде дека градот Нефиха беше изгубен тој беше премногу тажен, и започна да се сомнева, поради пакоста на народот, дали ќе паднат во рацете на нивните браќа.
12 Сега ова беше случајот со сите негови главни капетани. Тие се сомневаа и чудеа поради пакоста на народот, и ова поради успехот на Ламанитите врз нив.
13 И се случи Морони да биде лут на управувањето, поради нивната рамнодушност во врска со слободата на нивната татковина.