Свети Писма
Алма 21


Извештај за проповедањето на Арон, и Мулоки, и нивните браќа, на Ламанитите.

Ги опфаќа главите од 21 до 25.

Глава 21

Арон ги поучува Амаликитите за Христос и Неговото Помирување—Арон и неговите браќа се затворени во Мидони—По нивното избавување, тие поучуваат во синагогите и добиваат многу преобратеници—Ламони доделува религиозна слобода за народот во Исмаиловата земја. Околу 90–77 п.н.е.

1 Сега кога Амон и неговите браќа се разделија на границите на Ламанитската земја, ете Арон се упати кон земјата која беше нарекувана од Ламанитите, Ерусалим, нарекувајќи ја според земјата на раѓањето на нивните татковци; и беше далеку спојувајќи ги Мормоновите граници.

2 Сега Ламанитите и Амаликитите и народот од Амулон беа изградиле голем град, кој беше наречен Ерусалим.

3 Сега Ламанитите самите по себе беа доволно закоравени, но Амаликитите и Амулонитите беа сепак позакоравени; затоа направија Ламанитите да ги закорават нивните срца, за да се засилат во пакоста и нивните одвратности.

4 И се случи Арон да дојде во градот Ерусалим, и најпрво започна да им проповеда на Амаликитите. И тој започна да им проповеда во нивните синагоги, бидејќи тие беа изградиле синагоги според редот на Нехорците; бидејќи многу од Амаликитите и Амулонитите беа според редот на Нехорците.

5 Затоа, штом Арон влезе во една од нивните синагоги за да му проповеда на народот, и додека му зборуваше, ете еден Амаликит стана и започна да се препира со него, велејќи: Што е тоа за кое сведочеше? Дали си видел ангел? Зошто ангелите не ни се појавуваат на нас? Ете, зарем не е овој народ добар колку и твојот народ?

6 Исто така велиш, освен ако не се покаеме ќе загинеме. Како ја знаеш мислата и намерата на нашите срца? Како знаеш дали имаме причина да се покаеме? Како знаеш дека не сме праведен народ? Ете, изградивме светилишта, и се собираме заедно за да го обожаваме Бог. Ние веруваме дека Бог ќе ги спаси сите луѓе.

7 Сега Арон му кажа: Дали веруваш дека Божјиот Син ќе дојде да го искупи човештвото од нивните гревови?

8 А човекот му кажа: Не веруваме дека знаеш нешто такво. Не веруваме во овие будалести традиции. Не веруваме дека знаеш за нештата кои следуваат, ниту пак веруваме дека вашите таковци и исто така нашите татковци знаеле во врска со нештата кои ги зборуваа, за тоа кое следува.

9 Сега Арон започна да им ги отвора светите писма во врска со доаѓањето на Христос, и исто така во врска со воскреснувањето на мртвите, и дека не може да има искупување за човештвото освен преку смртта и страдањата на Христос, и помирувањето на Неговата крв.

10 И се случи додека тој започнуваше да им ги образложува овие нешта на нив тие му беа лути, и започнаа да го исмеваат; и не ги слушаа зборовите кои ги зборуваше.

11 Затоа, кога тој виде дека нема да ги слушаат неговите зборови, си замина од нивната синагога, и дојде во едно село кое се викаше Ани-Анти, и таму го пронајде Мулоки како им го проповеда словото на нив; и исто така Ама и неговите браќа. И тие се препираа со многумина во врска со словото.

12 И се случи тие да видат дека народот ќе ги закорави неговите срца, затоа си заминаа и дојдоа во земјата Мидони. И го проповедаа словото на многу, а малкумина веруваа на зборовите кои ги поучуваа.

13 Сепак, Арон и одреден број на неговите браќа беа одведени и фрлени во затвор, а остатокот од нив избегаа од земјата Мидони во околните области.

14 А оние кои беа фрлени во затвор претрпеа многу нешта, а беа избавени од раката на Ламони и Амон, и беа нахранети и облечени.

15 И повторно тргнаа да го проповедаат словото, и така за прв пат беа ослободени од затвор и така беа страдале.

16 И тргнаа каде и да ги водеше Господовиот Дух проповедајќи го Божјото слово во секоја синагога на Амаликитите, односно на секој собир на Ламанитите каде би можеле да бидат примени.

17 И се случи Господ да започне да ги благословува, толку што наведоа многумина до знаењето за вистината; да, тие уверија многумина за нивните гревови, и за традициите на нивните татковци, кои не беа исправни.

18 И се случи Амон и Ламони да се вратат од земјата Мидони во Исмаиловата земја, која беше земјата на нивното наследство.

19 И царот Ламони не дозволуваше Амон да му служи, односно да му биде слуга.

20 Туку нареди да се изградат синагоги во Исмаиловата земја; и нареди неговиот народ, односно народот кој беше под неговото владеење, да се собере заедно.

21 И тој се радуваше поради нив, и тој ги научи многу нешта. И тој исто така им објави дека тие беа народ под него, и дека беа слободен народ, дека беа слободни од угнетувањата на царот, неговиот татко; бидејќи неговиот татко беше му одобрил да може да владее врз народот кој беше во Исмаиловата земја, и во целата земја наоколу.

22 И исто така им објави дека можат да имаат слобода на обожавање на Господ нивниот Бог според нивните желби, на било кое место да се наоѓаа, ако тоа беше во земјата која беше под владеење на царот Ламони.

23 И Амон му проповедаше на народот на царот Ламони; и се случи тој да ги поучува за сите нешта кои се однесуваа на праведноста. И тој дневно ги поттикнуваше, со сета трудољубивост; а тие обрнаа внимание на неговиот збор, и беа ревносни во одржување на Божјите заповеди.