Свети Писма
Алма 6


Глава 6

Црквата во Зарахемла е исчистена и доведена во ред—Алма оди во Гидеон за да проповеда. Околу 83 п.н.е.

1 И сега, се случи откако Алма беше престанал да му говори на народот од црквата, која беше воспоставена во градот Зарахемла, тој одреди свештеници и старешини, по пат на положување на неговите раце според редот на Бог, да претседаваат и да внимаваат на црквата.

2 И се случи оние кои не припаѓаа на црквата кои се покајуваа за нивните гревови беа крстени во покајание, и беа примени во црквата.

3 И исто така се случи оние кои и да припаѓаа на црквата кои не се покајуваа за нивната пакост и не се покоруваа пред Бог—Мислам оние кои беа занесени во гордоста на нивните срца—истите беа одбиени, и нивните имиња беа избришани, за нивните имиња да не се вбројат помеѓу оние на праведните.

4 И така започнаа да го воспоставуваат редот на црквата во градот Зарахемла.

5 Сега би сакал да разберете дека зборот на Бог беше либерален за сите, затоа ниту едни не беа лишени од привилегијата да се соберат заедно да го слушнат Божјото слово.

6 Сепак, на децата на Бог им беше заповедано дека тие често би требало да се собираат заедно, и да се придружат во постење и моќна молитва во име на благосостојбата на душите на оние кои не го познаваа Бог.

7 И сега се случи кога Алма ги беше донел овие прописи тој се раздели од нив, да, од црквата која беше во градот Зарахемла, и се протегаше на исток од реката Сидон, во долината на Гидеон, таму беше изграден град, кој беше наречен градот на Гидеон, кој беше во долината која беше наречена Гидеон, наречена според човекот кој беше убиен од раката на Нехор со меч.

8 И Алма излезе и започна да го објавува словото на Бог во црквата, која беше воспоставена во долината на Гидеон, според откровението за вистината од словото што го говореа неговите татковци, и според духот на пророштвото кој беше во него, според сведоштвото на Исус Христос, Синот Божји, Кој ќе дојде да го искупи Неговиот народ од нивните гревови, и светиот ред по кој беше повикан. И така е напишано. Амин.