Глава 50
Морони ги утврдува земјите на Нефитите—Тие градат многу нови градови—Војни и уништување им се случија на Нефитите во деновите на нивната пакост и одвратности—Мориантон и неговите одметници се поразени од Теанкум—Нефиха умира, и неговиот син Пахоран ја пополнува судиската столица. Околу 72–67 п.н.е.
1 И сега се случи Морони да не запре да прави подготовки за војна, односно да го брани неговиот народ од Ламанитите; бидејќи нареди неговите војски на почетокот од дваесеттата година од владеењето на судиите, да започнат да копаат купишта земја околу сите градови, низ целата земја која беше поседувана од Нефитите.
2 И на врвот на овие гребени од земја тој нареди да се постават стебла, да, дрвени градби изградени колку висината на човекот, околу градовите.
3 И тој нареди врз тие дрвени градби да има рамка од колци изградени околу стеблата; и беа силни и високи.
4 И тој нареди да се подигнат кули кои се издигнуваа над тие градби од колци, и нареди да се изградат безбедносни места врз тие кули, за камењата и стрелите на Ламанитите да не ги повредат.
5 И беа подготвени да фрлаат камења од врвот, според нивното задоволство и сила, и да ги убијат оние кои ќе се обидат да пристапат близу ѕидовите на градот.
6 Така Морони подготвуваше упоришта против доаѓањето на нивните непријатели, околу секој град во целата земја.
7 И се случи Морони да нареди неговите војски да тргнат во дивината на исток; да, и тие тргнаа и ги протераа сите Ламанити кои беа на дивината на исток во нивните сопствени земји, кои беа јужно од земјата Зарахемла.
8 И земјата Нефи се протегаше во права линија од источното море до западното.
9 И се случи кога Морони беше ги протерал сите Ламанити надвор од дивината на исток, која беше северно од земјите кои ги поседуваа, нареди жителите кои беа во земјата Зарахемла и во земјата наоколу да тргнат во источната дивина, дури до границите на морскиот брег, и да ја заземат земјата.
10 И тој исто така постави војски на југ, во границите кои ги поседуваа, и нареди да дигнат тврдини за да ги обезбедат нивните војски и народ од рацете на нивните непријатели.
11 И така тој ги отсече сите упоришта на Ламанитите во источната дивина, да, и исто така на запад, утврдувајќи ја линијата помеѓу Нефитите и Ламанитите, помеѓу земјата Зарахемла и земјата Нефи, од западното море протегајќи се до изворот на реката Сидон—Нефитите ја поседуваа сета земја на север, да, и тоа сета земја која беше северно од земјата Изобилство, според нивното задоволство.
12 Така Морони, со неговите војски, кои се зголемуваа дневно поради сигурноста за заштита кои неговите дела им ја дадоа, настојуваа да ги отсечат силата и моќта на Ламанитите од земјите на нивниот посед, за да немаат моќ врз земјите на нивно наследство.
13 И се случи Нефитите да ја започнат основата на град, и го нарекоа градот Морони; и беше покрај источното море; и беше на југ покрај линијата на поседите на Ламанитите.
14 И тие исто така започнаа со основање на град помеѓу градот Морони и градот Арон, спојувајќи ги границите на Арон и Морони; и го нарекоа градот, односно земјата, Нефиха.
15 И исто така започнаа во таа иста година да градат многу градови на север, еден на посебен начин кого нарекоа Лехи, кој беше на север покрај границите на морскиот брег.
16 И така заврши дваесеттата година.
17 И во овие напредни околности беше народот на Нефи на почетокот на дваесет и првата година од владеењето на судиите врз народот на Нефи.
18 И тие напредуваа премногу, и станаа премногу богати; да, и се размножуваа и зацврстија во земјата.
19 И така гледаме колку милостиви и праведни се сите Господови постапки, за исполнување на сите Негови зборови за човечките деца; да, можеме да видиме дека Неговите зборови се потврдени, дури и во ова време, кога Тој му кажа на Лехи, велејќи:
20 Благословен си ти и твоите деца; и тие ќе бидат благословени, доколку ги одржуваат Моите заповеди ќе напредуваат во земјата. Но запомни, ако не ги одржуваат Моите заповеди ќе бидат отсечени од Господовото присуство.
21 И гледаме дека овие ветувања беа потврдени кај народот на Нефи; зашто беше поради нивните расправии и препирања, да, нивните убиства, и нивните грабежи, нивното идолопоклонство, нивните блудства, и нивните одвратности, кои беа помеѓу нив, кои им ги донесоа нивните војни и уништувања.
22 А оние кои беа верни во одржувањето на Господовите заповеди беа избавени во секое време, додека илјадници од нивните браќа беа пратени во ропство, или да умрат од мечот, или да загинат во неверство, и да се помешаат со Ламанитите.
23 Но ете никогаш не постоеше посреќно време за народот на Нефи, од деновите на Нефи, отколку во деновите на Морони, да, дури и во ова време, во дваесет и првата година од владеењето на судиите.
24 И се случи дваесет и втората година од владеењето на судиите исто така да заврши во мир; да, и исто така дваесет и третата година.
25 И се случи на почетокот од дваесет и четвртата година од владеењето на судиите, исто така ќе постоеше мир помеѓу народот на Нефи да не беше препирање кое се случи во врска со земјата на Лехи, и земјата Мориантон, која граничи со земјата Лехи; и двете беа на границите кај морскиот брег.
26 Зашто ете, народот кој ја поседуваше земјата Мориантон бараше дел од земјата на Лехи; затоа започна да постои жестоко препирање помеѓу нив, толку што народот на Мориантон се крена на оружја против нивните браќа, и беа одлучни да ги убијат со мечот.
27 Но ете, народот кој ја поседуваше земјата Лехи избега во кампот на Морони, и му се обрати за помош; зашто ете не беа неправедни.
28 И се случи кога народот на Мориантон, кои беа водени од човек чие име беше Мориантон, дознаа дека луѓето на Лехи избегаа во кампот на Морони, премногу се исплашија за војската на Морони да не дојде по нив и да ги уништи.
29 Затоа, Мориантон им всади во нивните срца дека треба да бегаат во земјата која беше северно, која беше покриена со големи водени површини, и да ја заземат земјата која беше северно.
30 И ете, тие ќе го изведоа овој план, (кој би бил причина за оплакување) но ете, Мориантон како човек со многу страст, се налути на една од неговите слугинки, и тој ѝ се нафрли и многу ја истепа.
31 И се случи таа да избега, и дојде во кампот на Морони, и му кажа на Морони за сите нешта во врска со работата, и исто така во врска со нивните намери да избегаат во земјата северно.
32 Сега ете, народот кој беше во земјата Изобилство, односно Морони, се плашеше дека ќе ги послушаат зборовите на Мориантон и ќе се обединат со неговиот народ, и така ќе ги заземе тие делови на земјата, кое би положило темел за сериозни последици помеѓу народот на Нефи, да, чии последици би воделе до рушење на нивната слобода.
33 Затоа Морони испрати војска, со нивниот камп, да го води народот на Мориантон, да го запре нивното бегство во земјата северно.
34 И се случи да не ги пресретнаа додека не беа дошле до границите на земјата Пустош; и таму ги пресретнаа, преку тесниот премин кој водеше покрај морето кон земјата северно, да, покрај морето, на запад и на исток.
35 И се случи војската која беше испратена од Морони, која беше водена од човек чие име беше Теанкум, го сретна народот на Мориантон; и толку тврдоглав беше народот на Мориантон; (инспирирани од неговата пакост и неговите ласкави зборови) што започна борба помеѓу нив, во која Теанкум го уби Мориантон и ја порази неговата војска, и ги зема како затвореници, и се врати во кампот кај Морони. И така заврши дваесет и четвртата година од владеењето на судиите врз народот на Нефи.
36 И така беше вратен народот на Мориантон. И врз нивниот завет да го одржуваат мирот беа вратени во земјата Мориантон, и се случи обединување помеѓу нив и народот на Лехи; и тие исто така беа вратени во нивните земји.
37 И се случи во истата година кога народот на Нефи го поврати мирот помеѓу нив, Нефиха, вториот главен судија, да умре, пополнувајќи ја судиската столица со совршена исправност пред Бог.
38 Сепак, тој беше одбил Алма да ги преземе тие записи и оние нешта кои беа проценети од Алма и неговите татковци како најсвети; затоа Алма беше му ги доделил на неговиот син, Хеламан.
39 Ете, се случи синот на Нефиха да биде назначен да ја пополни судиската столица, на местото на неговиот татко; да, беше назначен за главен судија и управник врз народот, со заклетва и свет обред да суди праведно, и да го одржува мирот и слободата на народот, и да им ги одобри светите привилегии да му служат на Господ нивниот Бог, да, да ја поддржи и одржи целта на Бог сите негови денови, и да ги изведат пакосните пред правда според нивното злосторство.
40 Сега ете, неговото име беше Пахоран. И Пахоран ја пополни столицата на неговиот татко, и го започна неговото владеење врз народот на Нефи, на крајот на дваесет и четвртата година.