Свети Писма
Алма 28


Глава 28

Ламанитите се поразени во огромна битка—Десетици илјади се убиени—Пакосните се испратени во состојба на бескрајна горчина; праведните достигнуваат бескрајна среќа. Околу 77–76 п.н.е.

1 И сега се случи откако народот на Амон беше воспоставен во земјата Јершон, и исто така црква беше воспоставена во земјата Јершон, и Нефитските војски беа поставени околу земјата Јершон, да, на сите граници околу земјата Зарахемла; ете војските на Ламанитите беа ги следеле нивните браќа во дивината.

2 И така имаше огромна битка; да, и тоа таква за каква што никогаш не се знаело помеѓу целиот народ од времето кога Лехи го напушти Ерусалим; да, и десетици илјади Ламанити беа убиени и распрснати на сите страни.

3 Да, и исто така имаше огромен колеж помеѓу народот на Нефи; сепак, Ламанитите беа протерани и распрснати, и народот на Нефи повторно се врати во нивната земја.

4 И сега ова беше време кога имаше големо жалење и оплакување кое се слушаше низ целата земја, помеѓу целиот Нефитски народ—

5 Да, плачот на вдовиците кои жалеа за своите сопрузи, и исто така на татковците кои жалеа за своите синови, и ќерката за братот, да, братот за таткото; и така плачот на жалењето се слушаше помеѓу сите нив, жалење за нивните роднини кои беа убиени.

6 И сега со сигурност ова беше тажен ден; да, време на свеченост, и време за многу постење и молење.

7 И така заврши петнаесеттата година од владеењето на судиите над Нефитскиот народ;

8 И ова е извештајот на Амон и неговите браќа, нивните патувања во земјата Нефи, нивните страдања во земјата, нивните таги, и нивните неволји, и нивната неразбирлива радост, и примањето и заштитувањето на браќата во земјата Јершон. И сега нека Господ, Искупителот на сите луѓе, ги благослови нивните души засекогаш.

9 И ова е извештајот на војните и препирањата помеѓу Нефитите, и исто така војните помеѓу Нефитите и Ламанитите; и завршува петнаесеттата година од владеењето на судиите.

10 И од првата година до петнаесеттата се исполни уништувањето на многу илјадници животи; да, се исполни ужасна глетка на крвопролевање.

11 И телата на многу илјадници се положени ниско во земјата, додека пак телата на многу илјадници скапуваат на купови врз лицето на земјата, да, и многу илјадници жалат за загубата на нивните роднини, бидејќи имаат причина да се плашат, според ветувањата на Господ, дека се испратени во состојба на бескрајна тешкотија.

12 Додека илјадници други искрено жалат за загубата на нивните роднини, сепак се радуваат и веселат во надеж, дури и знаат, според ветувањата на Господ, дека се одгледани да живеат на десната рака на Бог, во состојба на бескрајна среќа.

13 И така гледаме колку е голема нееднаквоста помеѓу луѓето поради грев и престап, и моќта на ѓаволот, која доаѓа од лукавите планови кои тој ги измисли за да ги зароби срцата на луѓето.

14 И така го гледаме големиот повик на луѓето за трудољубивост за да работат во Господовите лозја; и така ја гледаме големата причина за тага, и исто така за радост—тага поради смрт и уништување помеѓу луѓето, и радост поради светлината на Христос за живот.